Јасно е дека има огромна квалитативна разлика, овие се на ниво на аматери, ама баш ми е мило за Ковачич. Хет-трик и тоа. Браво!
Добро е ова за неговата самодоверба, да се опушти малку. Само прашање на време беше кога ќе почне да дава бројки, треба само да му поминат годините и да го добие искуството кое е неопходно за да почне да станува конкретен и ефективен.
Светска класа талент е, тоа е неспорно. Не е тешко човек да види дека е од оние “еден во генерација“ играчи. Веројатно е дека ќе ни го грабнат за неколку години, така да прашање е само колку ние ќе успееме да добиеме од него во меѓувреме. Во прав систем со добар тренер е game - changer.
Средината на терен ни е многу квалитетна. Одлични сме овде. Мвила е многу многу добар. Одличен трансфер може да искочи. Кога ќе влезе во ритам, во тројката со него, Кова и Хернанес добиваме прва класа квалитет. По долго време имаме потенцијал во средина, за и технички и тактички да играме сериозен фудбал. Само не сум многу сигурен дека Мацари ќе го искористи како што треба.