- Член од
- 27 мај 2013
- Мислења
- 3.527
- Поени од реакции
- 4.706
Јасно е дека има огромна квалитативна разлика, овие се на ниво на аматери, ама баш ми е мило за Ковачич. Хет-трик и тоа. Браво!
Добро е ова за неговата самодоверба, да се опушти малку. Само прашање на време беше кога ќе почне да дава бројки, треба само да му поминат годините и да го добие искуството кое е неопходно за да почне да станува конкретен и ефективен.
Светска класа талент е, тоа е неспорно. Не е тешко човек да види дека е од оние “еден во генерација“ играчи. Веројатно е дека ќе ни го грабнат за неколку години, така да прашање е само колку ние ќе успееме да добиеме од него во меѓувреме. Во прав систем со добар тренер е game - changer.
Средината на терен ни е многу квалитетна. Одлични сме овде. Мвила е многу многу добар. Одличен трансфер може да искочи. Кога ќе влезе во ритам, во тројката со него, Кова и Хернанес добиваме прва класа квалитет. По долго време имаме потенцијал во средина, за и технички и тактички да играме сериозен фудбал. Само не сум многу сигурен дека Мацари ќе го искористи како што треба.
Неможеш да знаеш во каква ситуација ќе биде Интер за неколку години, може ќе биде финансиски јак и ќе може да си ги задржува најдобрите играчи.
Овоа Додо екстра трансфер ви испадна, браво.