Фан Клуб: Интер

Џену, кога си веќе тука, слушам јак резервен голман сте имале, од 60 метри нагоре гол немал примено :гик:

Братот е влезен во филм дека може да биде како Ноер...правеше излети демек покрива одбрана:pos:
 
Лани фанови на Ливерпул, годинава на Манчестер, тимови што завршиле 7-8 сезоната, тоа е баксузот, не Деко.
 
Сепак имало нешто полошо од Нагатомо капитен на Интер.... Aрбелоа капитен на Реал Мадрид.
 
Друже ова што го игра е моментално со Манчестер, си кажа човекот дека има неизбалансиран состав и ќе треба време да ја примени неговата напаѓачка филозофија. Самодовербата на дефанзивците е депресија левел -1000, мора вака да игра за да им се крене самодовербата дека всушност можело да заврши утакмица без да примат гол... :) Целта му е да направи страшен тим кој ќе игра 4-3-3 и ќе му го остави во иднина на Гигс за некои 4-5 години, зависи до кога ќе му се менаџира..
Ок ако е така, супер за Јунајтед. Не сум информиран, а и да бидам искрен не ме интересира многу.
Јас зборев чисто за тоа што го гледав вчера од нив, а вчера беа прилично просечни и досадни. А затоа што кога збориме за досадност, мачнина, гадење, печење на очите и повремени хистерични напади за време на натпревар во кој една од екипите е Интер, Интер е константа која го предизвикува тоа, можеш да замислиш каква анксиозност почна да ме фаќа (плус не бев спиен) коа видов дека и Манчестер игра слично досаден фудбал.
За неколку години кога ќе ве тепаме во финале на Лш, сигурен сум дека утакмицата ќе биде многу подобра.
:)
 
ааа тоа риѓавото, си иде тој летово, само мораше да брани да не испадне не му дале шанса :) тој не ни има стас за голман :ROFLMAO:
Го усреќија со шансата :)

Ми се допаѓа ова со менаџментов, барем личиме на професионален тим (додека не го видиш Џони на терен ал јбг...) и не го верглаат она старото „Интер е фамилија“.
 
btw да ја искористам гужвата, што се случува со Роландо?
Се откажаа скроз од откупување или чекаме поволна можност за киднапирање?
 
btw да ја искористам гужвата, што се случува со Роландо?
Се откажаа скроз од откупување или чекаме поволна можност за киднапирање?

Порто не отстапува од зацртаната цена,разликата мислам дека беше 1 или 2 милиона.Треба да се доведе Роландо,одлично се покажа кај нас.
 
Што ќе ви е Роландо, одбраната е комплетирана, треба да се мисли на квалитетен напаѓач. И да се ослободиме од Силвестер и Андреоли.
 
Тие двајца ќе си одат уз Кампањаро за кој веќе неколку клубовии покажаа интересирање.
Ако си одат сите тројца,еден мора да се доведе.И Мбаје да се промовира во прв состав.
 
Порто не отстапува од зацртаната цена,разликата мислам дека беше 1 или 2 милиона.Треба да се доведе Роландо,одлично се покажа кај нас.
Па да прилично добар беше лани, ја цело време мислев дека е купен лани и се чудев зошто не е во тимот.

Мада еве им шанса сеа. Нека го откупат и нека ги тагетираат дислексичарите, ќе ги лажеме дека сме го купиле Роналдо. :D
Дур да се осетат ќе им ги собереме парите.

Уф. Дајте мејл од таа маркетинг директорката.
Let's make this happpen, people
 
Андреоли не си иде.
Ни треба Роландо како и да е, сериозна конкуренција на Ранокија-Видиќ-Хесус и те како ќе им треба а не Андреоли и Силвестре.
Медел и Крхин можат да покријат на штоперската позиција, Мбаје исто.
Сега за сега приоритет ни е напаѓач, покрај Освалдо кој 99% е наш играч очекувам и уште еден бонус шпиц, Пато рецимо.
Треба да се решат и заминувањата, Тохир денеска изјави дека Гуарин не мрда од Интер, Таидер најверојатно ќе биде дел од трансферот на Освалдо (мамата), Кампањаро се очекува да замине во Џенова, за Кузмановиќ е заинтересирана Севиља т.е не е баш заинтересирана туку би се согласила на Кузмановиќ + 15мил за Бака (глупост од трансфер).
За Рики ако стигне некоја понуда од 10+ милиони слободно нека го ногираат.
Крхин, Мбаје и Бота очекувам да останат по секоја цена.
 
Таидер ке биде само позајмен,исто и Освалдо.Без никакви доплаќања.[DOUBLEPOST=1406745211][/DOUBLEPOST]
Па да прилично добар беше лани, ја цело време мислев дека е купен лани и се чудев зошто не е во тимот.

Мада еве им шанса сеа. Нека го откупат и нека ги тагетираат дислексичарите, ќе ги лажеме дека сме го купиле Роналдо. :D
Дур да се осетат ќе им ги собереме парите.

Уф. Дајте мејл од таа маркетинг директорката.
Let's make this happpen, people

Позајмен беше од сам старт со можност за откуп,ама Порто се гомна за преговори,затоа и вака тешко иде.А тој сака да дојде кај нас,дури и има изјавено ако не се лажам.


П.С И Меси и Роналдо да дојдат,и Крос и Хамес џабе е,ако се тера онаа шугава формација од ноќеска.
 
Што ќе ви е Роландо, одбраната е комплетирана, треба да се мисли на квалитетен напаѓач. И да се ослободиме од Силвестер и Андреоли.
Како да се ослободиме?

Кога ќе ми текне за овој Андреоли две години се пишуваше дека ќе дојде... :facepalm:
 
Последно што читав е дека ќе биде директна трампа без никакви плаќања.
Ама мадафакеров најверојатно нејќе да чуе за заминување од Интер. (y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom