Фан Клуб: Интер

А сериозно што очекувате од овој Тохир. Клубот финансиски е катастрофа. Па 20 години по ред имаме огромни загуби на крај на сезона. Морати се однесуваше како плавуша со кредитна картичка без лимит.
Не ни треба фрлање на пари за пак да се маскираат проблемите. За мене најголем напредок ќе биде конечно организационо да го донесеме клубот во 21 век, тука ни е најголемиот проблем и се разбира јасен правец во кој ќе се движиме, нешто што до сега немавме привилегија да го видиме.
 
This.
Гледам и по групиве и фан странициве се кука за засилувања и слично, а не сфаќаат дека горе е проблемот, кај управата. Убаво си спомнал, 20 години бележиме загуби на крајот од сезоните, и очекувано беше еден ден Морати да не може од свој џеб да ги плаќа тие долгови. Неспособноста на управата се согледува во тоа што веќе 4 години не можат да пронајдат било какво решение за ние навивачите да видиме барем трошка напредок во Интер. Се тера на истиот принцип, земи играч во замена за пола младинска школа на ко-сопственост и плати 10 милиони за него, а продавај добро и квалитетно за багателни суми. Логика никаква ама што да се прави...
 
Адриано,Виери у напад,тоа беше дуото...од време на време и Оба Оба,а Круз како џокер од клупа.Тоа беше напад,а не ова денеска.

Јас и по ова ја памтам оваа сезона :D

0.jpg
 
Не можам да најдам видео од натпреварот со Парма , губевме 2:0 ни исклучија играч и во продолжение од 3 мин. дадовме 2 гола.:pos:
 
Да да ова беше :vozbud: , само не знам дали пресвртот беше на овој меч или на некој друг.
 
Има ли некоја не луда сезона, од ко знам нерви кинам за овој тим.
Добро, триплете коа земавме, малце опуштив.:D

Добар си дека не си кинел живци во сезоната на Триплетето. До последно коло не се знаеше кој ќе биде шампион, а неколку кола пред крај Рома беше пред нас на табелата. Нема зимо со овој наш Интер. :D Мада тогаш киксале не киксале ми беше уживање да ги гледам, ебење од фудбал играа, за разлика од сега...
 
Сепак со Сиена беше кога изедначивме во последни секунди а имавме играч помалку. Колкави баксузи бевме тогаш , промашувавме по 10 шанси на меч.:icon_lol:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom