Одговор #12 пратена : Фев 09, 2010, 23:30:17 »
Цитирај
Најголема моја желба е: Мурињо да не си заминет летово.
Иако има договор до 2012 година, се е можно кога е во прашање фудбалот.
Што ако ги освои сите три натпреварувања: Серија А, Купот на Италија и ЛШ.
Серија А и Купот на Италија е голема веројатноста, а има надеж и за ЛШ.
Што тогаш?
Ќе испадне дека му се оддолжил на Интер и Морати, и ќе бара нов предизвик - ќе се врати во „НБА“ - Премиер Лигата ( Манчестер Сити а ништо чудно пак да се врати кај Абрамовиќ ).
Ова е најцрното сценарио што може да ни се случи.
Во таков случај ќе ни треба две децении да се опоравиме.
Изгледа некој несака да го погледне датумот кога сум дал мислење за Мурињо
(3-4 месеци пред НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ).
Дали имаше критики кон Мурињо?
Да, имаше мислеќи дека во Интер има играчи кој ќе прикажаат игра за око.
Мурињо во Интер направи голем резултат, а дали успеа да направет препознатлива игра? Одговорот е НЕ.
Покасно сватив дека Мурињо од Интер направил ТИМ, и ниту еден играч немаше статус на „ЅВЕЗДА“, сите играа за тимот, така и дојде успехот.
Две години наназад многу малку го следев Интер, после 20 години, фудбалот замене беше неинтересен, најдов поинтересни нешта во слободното време одколку да ги следам фудбалските натпревари.
После долги 2 години следев комплетен натпревар, а тоа беше натпреварот Интер - Јувентус 1:1, морам да признаам повеќе од пола екипа замене беше непозната, прв пат слушнав за неколку сегашни првотимци.
Немам намера да пишувам со цел некого да го навредам, искраен да бидам вчера само сакав да видам кој се вашите размислувања за моменталната состојба на Интер. одвреме - навреме ќе навраќам на форумот, понекогаш ќе пробам и да напишам по некој пост. Има многу големи фанови на Интер, па затоа понекогаш и се претерува со лични навреди, големината е да читаш и провокации од другите фанови на кој Интер им е омразен клуб.