Фан Клуб: Интер

Овие нормални се на пријателски меч стартови за црвен картон да прават? До кое дереџе дојдовме :facepalm:
 
Катастофа, се изгледа ке имаме уште една нервозна сезона.
 
Изгледа сеуште не се свесни дека со Белфодил, Икарди, Кумановиќ, Андреоли, Мбаје и сл. издркотини кои САКААТ да станат добри фудбалери, нема да можат да мрднат погоре од 5-6 место.​
Затоа, таквите, првата сезона треба да бидат резерви, да учат од малку поискусни играчи, а и Морати да фрли 60-70 милони, ако сака тимот да биде тим, а не да се курчат дека добро играле против Албинолефе, дека формата на тимот се подобрува против Тернана, дека тепале 10-0 некој 16-то лигаш, а кога ќе дојде тим како Хамбургер, Челзи и здравје сеа Реал, тогаш Интер да биде во улога на погорниве нисколигаши.​
 
Кај беше Ханда можеше и да го лобува ако сака...

Т1 2+ златни пари се правеа, глуп сум го играм оној бугарот Димитров плус гемови у прв сет, ме рокна за 50 евриќи.
Ти и Деко сте најголемите антиталенти за кладилница, like, ever!
 
Ако Мацари продолжи со тактикава, со овакви крилни - бекови ко Нагатомо, Переира и Џони. Бел ден во Интер нема да види. Како неговите побратими Гасперини и Страмачиони.
Во оваа тактика што ја форсира Мацари се битни две работи, а ние тие ги немаме.
1. Крилни - бекови ко Маикон што го имавме, Занети, Коларов, Д.Алвез, Маџо, Зунига итн. Овие не се класични бекови, туку ги нарекуваат Right / Left Wingback.
2. Исто проблем во оваа игра вчеера е тоа што позицијата на Камбиасо е многу битна и бара многу трчање, ама наш Камбиасо не е младич од 23години, туку ветеран од 33год. Мацари во Наполи го имаше Инлер.
На таа позиција кога крилата се нај истурени во нападот и кога противникот правии контра. Позицијата на Камби е да покрие во одбрана. Со што се формираат одбрана од 4 играчи.
Кога би се донеле играчи на оваа позиција одма ке се види разликата и во напад и во одбрана. Не за џабе не поврзуваат со играчи на овие позиции секој ден.
 
1. Крилни - бекови ко Маикон што го имавме, Занети, Коларов, Д.Алвез, Маџо, Зунига итн. Овие не се класични бекови, туку ги нарекуваат Right / Left Wingback.

Маикон никогаш не бил крилен бек нит па ќе биде, класичен офанзивен десен бек и ништо поише..
Играше едно време крило кај Гаспер па се губеше...
 
Не ја гледав, бев денес прва смена на работа.
Катастрофа бевме или има некоја надеж?

Белфодил како изигра?
 
Не ја гледав, бев денес прва смена на работа.
Катастрофа бевме или има некоја надеж?

Белфодил како изигра?

У кратки црти... Солидно изиграа, прво полувреме имавме и повеќе посед, не изедоа на една контра Мозес истрча 50 метри сам и Оскар даде убав гол, напаѓавме не бевме набиени у шеснаесетник, после тој аматерот од судија свирна пенал а фаулот беше на 20 метри од гол..

У второ полувреме добро почнаа 10 минути и Кампањаро доби директен црвен, го згазна Тери и после се повлекоа се бранеа..
Горе доле и не беше ептен лошо како што очекувавме. Покажаа дека сакаат и можат да се надигруваат со противник кој е моментално 1 класа над нас.

Очајно ни треба играч што ќе поврзе одбрана и везен ред и што ќе пресекува противнички напади, Камбијасо веќе го изело времето, се влечеше по терен го претрчуваа како мало дете, неможеше еден пас да поврзе да го ебам.
Луиз Густаво или Наинголан ќе завршат работа. Истотака и еден крилен бек ни треба пошто Нагатомо и Переира без конкуренција ќе си играат курот цела сезона.

Белфодил изигра добро, многу добро, влезе у игра кога бевме со играч помалце, трчаше, дриблаше, разигруваше, многу подобро од Икарди..
 
Белфодил почна слабо но потоа блесна и беше организатор на нападот, одлична техника на водење топка и добра подвижност. Икарди имаше 3 блокирања пред наш гол во иста акција но во нападот беше скоро невидлив. Паласио стандардно добар и Кампањаро одличен во одбраната со една мала дамка за која доби црвен, но нема везе. Нагатомо исто солиден, имаше пробиви ама го удвојуваа и ептен е предвидлив, но добро одигра во одбраната што е за поздрав. Кузманович и Олсен кога влегоа малку се консолидиравме на средина па почнавме да поврзуваме неколку подавања по ред инаку предходно беше се со долги топки кон напаѓачите или неуспешни обиди за пробив на Переира и Нагатомо по крилата.

Изведувањето корни ни беше срање, цело време се обидуваа на таа втора средина но само топката излегуваше во гол аут или завршуваше во поле каде немаше наш играч. Голема слабост ни се контра нападите, цело време се одеше на спор изграден напад но без завршница.

Во глобала не игравме лошо но Челзи сепак беше прејак за моменталниот состав. Слабости ни се средината (surprise) и покривањето на контри, ептен брзо ни ја поминуваа средината со кратки подавања како "во средина да си играа". Она што ме радува е што освен Камбиасо сите други трчаа како да играат ЛШ.

Резултатот лаже, освен глупата контра што примивме гол до тој момент имавме висок посед на топка и генерално ние напаѓавме, после и непостоечки пенал па во второ и црвен картон. Инаку генерално имавме и ние неколку шанси за гол кои не ги реализиравме, не блокираа неколку пати на шут пред гол и имаше Гуарин еден шут од Канада и еден многу блиску до голот. :D

Има многу работа и треба плус да се купат играчи но реално кога ќе се врати Ковачич и кога Кузманович ќе старта наместо Камбиасо ќе биде многу подобра играта. Моментално неможеме неколку кратки додавања по ред да сврземе во средина и се обидуваме со долги топки.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom