Ѓорче 1932
тој сум...
Не се сите, има и за продолженија![]()
Само не продолжувај,пошо искрено ќе ме расплачеш.
Последното коло против Лацио кога го папнавме јако,колку само сум плачел,се сеќавам и ден денеска,па уште и кога видов како Роналдо рика како магарица на клупа седнат,ме дотолчи тој момент.
Утакмицата против Валенсија кога несреќно не поминавме даље,плачев од нервоза,нервен слом ќе добиев за малце.
Повредата на Роналдо и неговото лице,вечно ќе ме прогонува тоа,што бев сведок како најдобриот фудбалер што некогаш постоел,се повреди тешко и повеќе не беше оној истиот.
Друго,околу моменталнава ситуација не сакам многу да разглабам,ама околу многу работи се согласуваме јас и ти.
Околу моменталната политика на клубов,трансфер целите,доведувањето на НЕиграчи и ред други работи,а клуб како Интер не треба да спроведува таква трансфер политика и така да се однесува кон играчите.
Имав една колумна спремна за на сајтот на Интер,ама одговорните за сајтот не сакаа да ми ја објават,бидејќи беше премногу РЕАЛНА и хејтерски настроена кон клубот.
Ма ајде ти се молам.