Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.022
- Поени од реакции
- 61.935
Не, ја пратев ситуацијата. Аусилио преговараше за Паулињо а Бранка за Лукас, поточно вториот си тераше одмор во Бразил и ни мачкаше очи. И двајцата беа таму. Аусилио беше во сериозни преговори и до последната недела се натегаа, последните денови од рокот (типично за Интер) имаше финален состанок помеѓу Интер и три страни кои имаат интерес во Паулињо. Ни го даваа за 8 или 8.5, само една од компаниите се двоумеше. Ние класика, им нудевме 7, па работата запна за 500 000, смејурија беше на фц интер њуз. И на крај им прекучи на Бразилците и рекоа доста е преговори за сега. Никогаш ситуацијата не дојде до таму Паулињо да избира, можеби потоа дал некоја изјава за навивачите таму да се среќни.Io Sono - Па нели летото Паулињо не одбил бидејки сакал да остане во Коринтијас за Светското клупско првенство, али сепак можеа да го земат и да им го отстапат уште шест месеци.
6 месеци подоцна се враќаме таму и ни го шиткаат дупло, како Словенците кога ни шиткаат ајвар
Вакви аматери нема никаде, верувај. Можеа да го договорат и да го остават таму. Ако еднаш не си сакал да го купиш за 9, која е логиката за 6 месеци да го платиш 18? Ако една си пуштил младинец да си оди за џабе, која е логиката да преговараш да го купиш подоцна за 12 милиони, а сам си го создавал?
И после се ова сум убеден дека Морати ги влече сите конци, во спротивно за вакви потези и за вакво губење пари ќе ги отпуштеше сите од прв до последен.