Syn, коментар:
Страма - Човекот кој го воскресна мртвиот Интер
Понеделник, 05 Ноември 2012 23:37 Мартин Танасковски
Андреа Страмачиони за прв пат влезе во соблекувалната на Интер. Застана пред играчите, и за момент, чувството на самодоверба почна да го притиснува во градите. Промовиран од младинскиот тим на Интер по триумфот во младинската Лига на Шампиони, тој е третиот тренер на Интер во сезоната. Екипата се наоѓа на осмото место на табелата и е во голема криза...
Клаудио Раниери беше отстранет од позицијата по поразот од 2-0 во Торино против Јувентус. Таа сезона беше една од најлошите за Интер, клубот не бележел такви резултати уште од 40тите. Со само 36 години, Страма станува најмладиот тренер во Серија А. Тој никогаш не работел како тренер во првиот тим. Измеѓу сит е играчи во соблекувалната кои што го гледаа бледо, се наоѓаше и Хавиер Занети - капитенот на Интер и освојувачот на триплетата во 2010 година кој што е три години постар од него.
Страма се прашуваше себеси : Што ли размислуваат фудбалерите во овој момент?
- „Нивните изрази на лицата вредеа повеќе од 1000 зборови“ - изјави Страмачиони за „Тутоспорт“. -
„Изгледаа како да си размислуваат : Кој к*р е овој? Од каде го најдоа? Незвучно име, нема звучно минато, до каде ли ќе стигнеме со него?“
По осум месеци, екипата на Интер со Страма постигна многу. Повеќе од што секој можеше да си замисли. Гледајќи го фактот дека Интер моментално се наоѓа на втората позиција, на еден поен помалку од лидерот на табелата и се конкуренти за титулата - можеме да кажеме дека сето тоа е заслуга на Андреа Страмачиони. Тоа само по себе е извонредно поради неколку причини.
Прво, поради неговиот пристап во тимот : до минатата пролет, Страма немаше работено со ништо поголемо од младинските категории. - „Јас сум поразличен од другите“ - изјави Страма за Кориере дела Сера.
- „Бидејќи споредено со Винченцо Монтела (работеа заедно во младинскиот сектор на Рома) и Антонио Конте (неколкугодишен тренер во Серија А и Серија Б) имам искуство сведено на нула.“
- „Ми недостигаше искуство како фудбалер (неговата ветувачка кариера како фудбалер на Болоња беше за жал прекината поради опасна повред а на коленото) но исто така и како асистент. Додека тие веќе тоа го знаеа, на пример како да се справат со проблемите во играта или пак како да возвратат на притисокот. Тоа беше голема предност“
Втората точка е : Справувањето со проблемите во екипата и враќањето на Интер на победничките патеки. Страма го направи она што никој не успеа да го направи по заминувањето на Мурињо. Го направи тоа со стил, за толку кратко време.
Сето она што беше кажано од изминатите тренери дека овој Интер не може да го направи : Страма го направи. Како на пример : Рафаел Бенитез изјави дека Интер не може да игра со три напаѓачи - Страма тоа го направи. Џан Пјеро Гасперини изјави дека Интер не може да игра со тројца дефанзивци во одбрана - Страма ја имплементираше формацијата 3-4-3, со што го направи повторно тоа за кое што говореа дека е невозможно по заминувањето на Моу.
А за победата во саботата, може да се каже дека Страма и неговиот тим остварија полн погодок. Назначен на функцијата по поразот во Торино минатата сезона, Страма на своето прво гостување во Торино успеа да оствари победа. Сето тоа беше послатко гледајќи ја серијата на Јувентус, која што изнесуваше 49 натпревари без пораз во Серија А. Страма му го нанесе првиот пораз на Јувентус со стил, на сличен начин како што го направи и Манчестер Јунајтед на непобедливиот Арсенал во 2004 година.
Јувентус мораше да изгуби некогаш. Заборавен во полемика што следеше по нивното гостување кај Катанија, беше најдобриот старт во една сезона во Серија А, одкако е воведен системот на три поени за победа во 1994 година, кршејќи го рекордот, кој тие го поставија под водство на Фабио Капело во сезоната кога изби скандалот Calciopoli. Сепак, Интер заслужуваат признание и почит. Десет последователни победи во сите натпреварувања. Десет по ред, и тоа десет, на гостување исто така. Има сигурно многу елементи да се верува во возбудлива дво-коњска трка трката за титулата оваа година во Серија А, која лесно може да ја достигне и 100-точка на листата со поени.
Умешноста на Страма оваа година е евидентна. Наместо змија, Интер оваа година повеќе наликува на камелеон, менувајќи го стилот на игра од меч во меч, менувајќи го системот цели седум пати. Од една страна, ова беше вака поради карактеризирањето на овој Интер како тим во изградба со константно екпериментирање, но од друга страна тоа беше така бидејќи Интер се прилагодување на тимот против кого играше.
Тоа се виде и против Катанија, кога Џоел Оби, левоног играч, беше прекомандуван на десната бековска позиција, за да го спречи нивниот најдобар играч, левото крило Алехандо Гомез. Истот се случи и против Болоња. Страма знаејќи дека Мудингаи играл и тренирал неколку сезони со нивниот креативец и плејмејкер Диаманти, го искористи тоа негово искуство за да го маркира него како човек на човек.
Она што горенаведените примери покажуваат, е дека подготовката на Страма е неверојатно прецизна. Тој е детален човек и не беше тоа толку неочигледно во победата против Јувентус. Тој не препушти ништо на случајот. Дали е и чудо што тој толку се налути кога ја слушна изјавата на генералниот менаџер Бепе Марота, кој ја опишува неговата храбра одлука да игра со формација 3-4-3 како „безгрижна“?
За тренерот на Интер тоа не можеше да биде вистина. Тактиката против Јувентус не беше изграна туку така, таа беше избрана со причина. Тоа не беше happy-go-lucky тактика. „Ја припремивме играта до совршенство“ изјави Старамачони. „Триото напред не беше испланирано така за да биде глума или потег за ефект, според мое мислење тоа беше потег за да им создаде тешкотии“.
И навистина, напаѓачкото трио на Интер, ја притисна задната линија, без да им дозволи игра. Тоа можеше да се види по малиот број на дистрибуција на топки и игра од Бонучи, централниот дефанзивец на Јувентус. А кога не беа „зафатени“ со него, Паласио и Милито се свртуваа кон Пирло и успешно го покриваа.
„Обично прејмејкерот е оној кој го покрива Пирло“ изјави Марио Сконкерти од Il Corriere della Sera. „Но овој пат, тој имаше напаѓач до него. Тоа значеше дека секоја изгубена топка, може да го прати напаѓачот широко кон голот“.
Кога Паласио и Милито не беа покрај Пирло, тука беше Камбиасо. И други ситници направија клучна разлика. На пример, левиот-централен бек, Жуан Жезус, напати се коцкаше, оставајќи ги Самуел и Ранокиа во ситуација два-на-два, со Џовинко и Вучиниќ, но во исто време покажувајќи одлично чувство за време и простор, бранејќи ги нападите на Артуро Видал. Со влегувањето на Гуарин, на местото на Касано, на 20 минути до крајот, Страмачони се осигура дека притисокот врз Пирло ќе остане до самиот крај. Токму изгубената топка против Гуарин беше и моментот по кој Интер и поведе.
Наместо да паднат во очај поради голот примен од чиста офсајд ситуација и поради неправдата која беше нанесена,бидејќи јасно беше дека Јувентус требаше да остане со 10 играчи, Интер, како никогаш до сега, успеа да остане балансиран и да ја одигра до крај брилијантната формација на Страмачони.
Неизбежна беше споредбата со Мурињо, посебно по она што се случи во средата, неколку дена пред дербито со Јувентус. Имено, Страмачони имал состанок со супримото на Интер, Масимо Морати, каде тој пред претседателот ја претставил формацијата која сака да ја игра против Јувентус. „Кога му кажав дека сакам да играм со тројца во нападот, си помислив: „Сега сигурно ќе ме отпушти“. Но, не, тој дополнително ме охрабри“. Страмачони не требаше да се грижи.
„Тој ја објасни детално играта,“ се присети Морати. „Работите се одвиваат токму онака како што тој се спремил и како што ми опиша. Три дена претходно, тој ми кажа: „Со тројца во нападот, ќе направиме да се исплашат. Тој го одржа зборот“
Оваа способност да го предвиди противникот, да го оттргне елементот изненадување и, како додатен елемент, секоја несигурност, е една од причинити, кои ги подгреваат верувањата дека Страмачони Ќе биде еден од најголемите трнери на наредната декада. Секако, тактиката само по себе не е доволна.
Како што Мурињо, покажал многу пати во својата кариера, важна е харизмата, убедувањето и секако, можеби најважно од се, комуникацијата. „Можам да ги имам сите идеи на светот“, објасни Страмачони, „но играчите се тие кои треба да ги интерпретираат истите... Можам да бидам најдобриот психолог, но ако не знам да комуницирам, залудно е.“ За среќа на Страма тој има огромна дарба.
Еден од најкомпетентните за споредување, Диего Милито ќе рече: „Она што е заедничко за нив [Страмачони и Мурињо], е тоа што и обајцата знаат како да ја пренесат точната порака до нас и да го исползуваат најдоброто од нас.“ Занети додаде: „Сите ние се чувствуваме дека сме мнгоу важни.“ Ова посебно беше евидентно со играта на Гуарин против Јувентус. Иако тој стартуваше на клупата, по петти пат во осум меча, сепак тој кога влезе во игра изигра на ниво и даде допринос вреден за почит.
За сето останато време, Страмачони инсистира на тоа дека тој не е вториот „Special One“: „Јас не сум „Special Two“, изјави тој.
Страма, по се изгледа, е „Special“, и точка.