Mоментот на вечерта е што Деко малерот ја имаше кец икс ставено дупла шанса за да им малерисуе, 50 уплата, 59 денари добивка

, треба да си Деко вакво ливче да ставиш.
Мондано го превртевме, ја незнам како али на второт гол имав столица у раце и ја кревав у вис ко пехарот од ЛШ капитенов што го креваше, пак ќе кажам, незнам како столицата дојде у мене и се издеси тоа.
Првенствово тука може да заврши, Јуве сезонава евидентно е дека ќе имаат огромен ветер у грб од the ones who must not be named ( судија со знак на фифа да не види таков офсајд у 18та секунда

, да да, грешка е сигурно, ко голот на Мунтари лани што беше грешка, што е најтрагично на Таљавенто веднаш му било укажано дека е офсајд ... не бе

), тешко дека овој нов Интер оваа година би можеле да се носат со ова, најлошото допрва следи а искрено се надевам дека грешам, ама надежта за вакво нешто денес у 18та секунда од мечов ко да умре.
Ова е историски триумф што ќе им остане врежан засекогаш, ја бркаа серијата победи на Капело и Милан а Интер сред Торино, на новата арена, им ја прекина и тоа на убер болен начин ( очекувам фала од комшивките ), ги понижија во буквална смисла на зборот најмногу поради начинот на кој беше отворен овој меч, со неправда, со преседан, у нивни стил де. Ја мислам дека цел фудбалски свет денес освен фановите на Јуве, навиваа за Интер после она од минатиот викенд и она од денес, правдата сепак победи, убаво пиша некој поназад, ауу каква победа, богами и така е, ваквиот карактер го чекавме 2 години и истото ни го сервираше еден практикант кој сеуште го учи овој занает, за мене тој практикант е новиот херој на овој тим баш ради оваа победа.
Што и да се случи оваа сезона Страма мора да е она долгорочно решение кое ние ко фанови го чекаме у тимов скоро 2 декади, дај му договор уште летоска ала енглезиве и Мур, остај го да прави што сака со тимов зашто ОЧИГЛЕДНО е дека знае што прави ( нешто у кое бајаги се сомневав на стартов од сезонава ), убеден сум дека шампионските денови на Интер со овој човек ќе се вратат само ако ја добие потребната слобода која ја имаше и Мурињо, а искрено, не гледам причина зашто тоа да не биде случај. Капа доле за начинот на кој го среди Гуарин, реков, страшен играч, ма играчиште бре, ја очекувам со правилен третман од Страмачиони типов да биде еден од лидерите на екипава у иднина, влезе со Јуве и маме еба, у двата гола учествуваше директно, се гледа дека е супер фудбалер и одлично засилување за тимов ( нешто паметно и од шеширот ).
За остантово само ќе кажам, Милито

Па добро бе, као можеше овој човек да биде плукан и критикуван ко Мунтари да е, што ви реков ... само да не се повредува, ТОЛКУ, го поседува она motherfucker-ското у него, не е изводливо а да не биде лидер на тимов и човекот што ќе ги решава текмите колку и да имал проблеми со реализација и што уште не, само да е способен за игра, толку за ваков фудбалер. Во сезоната со Рафа 6 пати мускулот го поеба у една година, после таа година повредите изостанаа а дојдоа головите, и 40 години да е, дур е способен да игра треба да седи во тимов зашто у последниве 2 натпревара покажа кој е и што е и што значи за оваа екипа, ебате реперот, години, абе Занети у џеб ги стави десно сите а на дел од нив татко може да им биде, има играчи за кои овој муабет апсурдно е да се споменува, ме здоболе кој им е просекот на години, Милито ни за Руни у моментов не би ги мењал, исто и капитенот, за било кој друг десен бек. У тимов играле играчи ко Роналдо, Ибра и Виери мрсулот, па и Креспо, а принцов сите у поим ги уби во една сезона помината у тимов, чудо од играч е, да потпишеше договор со голем тим на 21-22 години ќе беше еден од најдобрите напаѓачи у историјава на фудбалот али мило ми е што последниов воз го фати баш со Интер и успеа да освои све што вреди на клупски план у фудбалов.
Тоа е тоа, ебано добра вечер, не летајте у облаци, има работа и работа со тимов, ова е само почеток на новиот проект и скептик сум со оглед на условиве у кои егзистираат на смрдената чизма дека ќе успеат, Јуве сеуште се фаворити и тоа го тргам на страна фактот што имаат големи протекции од судиите. Не сакам да барам алиби, ама кога ќе се земе све во предвид сеуште тимов гази по една т'нка линија и не верувам дека Страма ќе е кадарен да го достави она големото оваа сезона иако после ова од денес, и она од последниов период покажаа дека тимов воопшто не е за потценување, нит пак дека терале доста провинциски ко што му велеа на Страма на стартот.