Фан Клуб: Интер

Разменава Касано - Пацо плус пари се покажува ко доста солиден потег летоска.
 
У гости ги добиваме лагано, дома се мачиме.
Оној Ранокиа се добро ќе игра и при крај некоја глупост мора да направи, зборам за слобосниот на Киево, коа ја здрвија стативата.
 
Одма се виде разлика на терен кога Занети го тргнаа од средина на позиција десен бек, а Гаргано играше таму, во ваква формација мора Снајди, Касано и Милито да стартуваат.

Одбраната денес солидна, сите, во пакет со голманот, исто и Переира одлично изигра, па и десно не беа лоши со Нагатомо, добар резултат но играта тиња што и беше за очекување, прв пат ваква формација играат, прашање е дали и на тренинзите некад ја терале, и лани и на подготовкиве Страма никад не ги играше вака, па ко за старт ок е, бар резултатски. :)

Tреба да имаме во предвид дека првиот гол беше офсајд, мал но сепак мислам дека постоеше иако на рускиот стрим со нивната графика покажаа дека не е офсајд ама прашање е колку ја погодија линијата.
 
Aбе сите стручњаци се правите, што им фалеше денеска на дечките ? Мислите дека Страма не си ја знае работата, ја знае али некогаш не е се како што треба, некогаш нема среќа, топка не те сака, едноставно не ти иде !
Касано е моментално ѕвер, иако Снајдер ми е омилен играч мислам дека треба да се седне малку на клупа а место него Алварез и Касано да бидат креативци, не е во форма Холанѓанецот !
За Занети не зборите, пак изигра на ниво, годините кај него не влијаат, а повторно и Нага-сан изигра јако против просечен тим, малиов е само за на ваквите натпревари !
И уште нешто, осеќам дека Мудингај ќе биде стартер кога ќе е целосно опоравен на место на Камби, не Гаргањо ! Не го потценувајте !
 
На крај е битен резултатот но играта ме плаши.

Милито мора да оди на клупа! Реализација 0, не се враќа назад да помага во одбрана... катастрофа, ништо позитивно не видов во него. Ако не се опорави Паласио тука е Ливаја. Има потенцијал и треба да добие шанса.

Жал ми е за Кутињо и Алварез, во една ваква формација нема да има место за нив...
 
Победа на раб. На индивидуалност. Убаво за трите бода, ама играта беше катстрофа.

Касано е ѕвер. Класа. најдобриот наш играч од почеток на првенството.

Инаку, преска и младите тепаа против Борусија. И пак беа за класа подобри од нивните врсници. Дефинитивно имаме многу талентирана генерација во раце. Има серизони таленти таму.
Треба само клубот, конечно да научи како да ги интегрира во првиот тим.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom