Фан Клуб: Интер

Само ми нема никаква смисла да има место за Лусио во Јувентус а да нема во Интер, зар останатите штопери на Интер (плус ако донесете некој) се подобри од тие на Јувентус ?

Другар,во Интер ништо нема логика,така да...
 
Се сеќавате кога го ангажираа Гасперини? Мислам WTF??? :pos:
 
Се сеќавате кога го ангажираа Гасперини? Мислам WTF??? :pos:
Сеа се обидувам да се ставам во нивната глава и да видам што размислувале, али никако не ми иде бе, нема такво сценарио кое би ја објаснило таквата одлука.
 
а кога го заменија со единствениот полош тренер од него во моментов ?
А бе добро, кога беше бродот пред тонење им се упика како решение, можам да разберам грешка во таков момент. Ама овој бе, на здрав памет со цело лето пред нив, без никаква криза, никаква потреба... камења еј, камења... И покрај тоа што човекот им кажа дека ќе игра 3-5-2, и покрај тоа што немавме играчи за таква игра, и покрај тоа што мораше цел клуб да се прилагоди на една ебена формација како да нема друга... си го ангажираа и око не им трепна :)

Не можам да им го заборавам, а и подобро да се нервирам за снегот лански отколку за денешниве глупости...
 
Хахаха, озбилно.. не треба да се жалиме за изминативе две години. Откога освоивме ЛШ, уште многу пати славевме ко да сме освоиле. Кога ги избркаа Бенитез, Гасперини и Раниери, кога Каржа и Мунтари си отидоа и тн.

Значи добро е што го купија Паласио и ќе го купат Мудангаи. И без нив ништо нема да освоиме.. вака барем ќе има за што да славиме кога ќе ги избркаат.
 
Ваков распад систем не се сеќавам во голем клуб да имало се е на продажба и гратис.

А сега се сетив Валенсија и ги снема од големиот фудбал.Исто и Лацио на времето.

Еве Цезар не сакал да си оди а и човекот е еден од тие кој си беше на ниво.
Мајкон наместо 2010 кога вредеше 20+ милиони тие сега гратис ќе го дадат Мајкон не беше лош лани кога играше со оглед на тоа каква беше атмосверата во тимот правеше разлика со големите тимови.
Снајдер немат заинтересиран инаку и него ќе го дадат ако не сега Јануари може да го шитнат за ситни пари.
Ќе го правеле Интер Барселона ајде сега уште да ги најдат Меси,Чави,Инјеста,Фабрегас и Пике.

Од 2010 само експеримети прават и тоа сите неуспешни.
Овој ќе биде шлагот на тортата.
 

Лоша работа во овој тим и тие години 2003-4 повеќе надеж сум имал во Интер за титула одколку во новата италијанска Барса такозвана Интер 2012/2013.
Почнува Интер дрим тим од тие години да ми изгледа за сегашниве.
 
Адриано, Виери, Оба-Оба, Рекоба, Круз... можат чврги да им маваат на овие. Само Весли ќе ни остане од топ калибар играчи, и пресреќни сме што го имаме. Реалноста е таа, затоа беше многу подобро да ги пуштат децата да играат година две, отколку да фрлаат пари за просеци.
 
А бе добро, кога беше бродот пред тонење им се упика како решение, можам да разберам грешка во таков момент. Ама овој бе, на здрав памет со цело лето пред нив, без никаква криза, никаква потреба... камења еј, камења... И покрај тоа што човекот им кажа дека ќе игра 3-5-2, и покрај тоа што немавме играчи за таква игра, и покрај тоа што мораше цел клуб да се прилагоди на една ебена формација како да нема друга... си го ангажираа и око не им трепна :)

Не можам да им го заборавам, а и подобро да се нервирам за снегот лански отколку за денешниве глупости...

знаеш тоа ме боли највеќе ... што еден гасперини има образ да се вади на нашата некомпетентна управа ... заедно со суљо , ранко , бенитез ... и сите се во право. (под управа мислам на сенилниот старец кој верувам дека не знае ни клубот како се вика и искомплексираниот шеширџија со его како монт блан)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom