Фан Клуб: Интер

Луге само што дојдов,не сум информиран ништо ни за трансфери ни како е состојбата во тимот,значи сигурно грдиот не довага во Интер,ајде може ке не израдува Морати со други.
 
Премногу ни е неповрзана играта, мора Раниери да го стави Снајдер во второ и да тргне поофанзивно. Мота фали денес, и тоа многу ама без разлика на тоа овој мочан Лацио мора да го победиме!
 
Мене не ми е јасно како може да им се пичи на Лацио и башка на домашен терен, ебате лудакот не може секоја утакмица да ја добиваш со 85 минути бранење на своја половина.
Ја коа реков дека Ранко е најголема опаснот тука ми викаа немој така за него ...
Нема потреба од затварање на очи пред очигледна работа, реков и по дербито, ќе кажам и сега, играта не е нешто подобрена од периодот кога пример Удинезе ги рашлапа на истиов овој терен, или Катанија на нивни и остали екипи против кои губеа бодови со Раниери, едноставно влегоа во форма одредени играчи ( поготово Милито ) а уз пут и среќата апла им беше наклонета.

Не заслужија израмнувачки гол, бар не со ова што го покажаа во прво, во 45та минута единствената шанса за гол ја имаа и погодија, и тоа од апла неидеална позиција за Милито, и Маркети малку кумуваше на овој гол.
Ова е класичен поклон од Милито за Раниери, голот падна во најлош момент за Лацио а најдобар за Интер, пред сам крај на прво полувреме, ако не го искористи ова и дефинитивно само ќе се потврди дека Раниери едноставно не е материјал за Скудето.

Очекувам и Снајди да направи разлика кога ќе влезе. Мота и те како фали, со Занети се изгуби и онаа мала креативност која ја имаа на тој дел од теренот, подобро ќе беше он да играше на местото на Нагатомо кој ќе играше лево а Поли да игра во средината.
 
Да ни е жив и здрав Цезар :cuc:
--- надополнето: 22 јануари 2012 во 22:14 ---
Значи со влегување на фараони сега играме 4-4-1-1 и тава значи ќе се браниме и контри ќе рокаме .
 
Овој Ранко не е нормален, не е на арно онака да се браниме, некој ќе ни го начука во 90 минута.
Оној киву што побргу си замине толку подобро за тимот.

п.с
 
Очаен триумф проследен со гол од офсајд, едноставно многу лоши беа денес, но добро е и една ваква победа да се забележи. Наредно коло со Лече мора да се победи, потоа со Палермо дома, а потоа со Рома во гости очекувам кикс.
 
Лече ако не ги тепаме ќе биде само и само поради Раниери. Еден од најслабите тимови е во Серија А.

Друго, едвај чекав да заврши утакмицава. Киву дрво дрвосано, не знам Ранчо што мајка бараше со Киву да започне. Пацини и понатаму покажува дека е камен, таков играч што не знае топка да загради и да подаде не сме имале долго време.
 
Лече си е мафија за местење утакмици,денеска ја наместија утакмицата против Киево,ја наместија и со Фиоре умрените,им нема рамни :)

Друго,Интер вечерва многу слабо,Киву...добро бе зошто е овој уште дел од Интер ?
И Алварез слабо денеска,беше малце подизгубен.

Со Рома ќе биде вистинскиот испит за Раниери,ако Интер излезе во најсилен состав очекувам да ги победиме,искрено :)
 
Не е крив он Бене, немаме средина и нема играчи што ќе му нафрлат или ќе му наместат гол. Иначе се слагам дека не игра добри дупли пасови и дека не подава добро. Од следниот натпревар мора со покреативна средина да излага!
 
399963_331960043493011_100000370556173_1058373_495221112_n.jpg
 
Toчно дека со влегувањето на Фараони се бранеа ама контри ? Со Пацини напред контра многу тешко, за контра треба и поподвижен напаѓач и поподвижни крилни фудбалери, тоа на теренот не постоеше кај Интер.

Раниери пак фрли Се на една карта, одбрана па што биде-биде, тоа ме иритира кај него, доколку постигнеа гол Лацио Интер единствено со апла среќа по некој прекин ќе можеше повторно да поведе, вака од изградена акција многу тешко, во секој случај ни на крај памет не им беше да го докрајчат противникот.

Нема везе, победија, иако ова е само уште една потврда дека во поглед на играта Интер е далеку од оној потребен шампионски сјај за нив, кога рутина им претставуваа ваквите натпревари, многу слабости има екипава кои за наша среќа во последно време противниците не ги искористуваат а и среќата им го врти ептен грбот. Потребни се промени инаку им се надзира лош резултат во иднина, сеуште се лесен залак со ваков пристап на теренот, дури и за Лече наредно коло, меч кој нема во живо да го гледаме ради Џенова - Наполи.

Баш вчера глеав со кого им се поклопува терминот и знаев дека Наполи ќе бидат избор на Телма, се надевав дека по денешниов резултат нивни ќе ги баталат ама јок бре.

7 победи по ред, вчера барав за лани колкава била најдолгата серија на победи, 5 била, на Милан, а на Интер со Мур, 8, првата негова сезона.
 
Рики немаше свој ден во прво полувреме ама ипак намести гол, Киву нејку да го видам веке дека цело време идеа по таа негова страна и лесно летаа центаршутеви ама срека Самуел беше одличен денес. Милито Пацини за живо чудо испага добитна комбинација.

Второ полувреме праиме пресврт и очекуван потег на Ранко со деструктивци остана само да се одбраниме и да земеме 3 бода. Гледав на скај и Скарпини беше коментатор ... каква будала чоече :)
 
Дечки може некој да ми каже колку асистенции има Алварез оваа сезона само во Серија А.
За денешнава игра се повтори тоа што сите го знаеме ,дефанзивниот менталитет на Раниери не ни дозволува да диктираме темпо и даваме гол и одма се браниме,досега сме доста успешни ама некој ке ни даде гол во 90 мин и нема вракање после...Добро е што Милито ја врака формата па може колку толку да не вади на вакви утакмици..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom