Фан Клуб: Интер

Уште едно варирање на тактиката кај Раниери, а тим кој менува тактики секој втор меч ...
Последните 3 натпревари користеше 433 формација, по сајтовиве беше 4141, сеедно, базичната е таа, 4 одбрана, тројца средина, тројца напред.
Наместо да ја форсираа таа формација, он повторно менува, а сврзаа неколку добри резултати, за играта не коментирам, не можеш ни да очекуваш добра игра ако еден меч една тактика се користи, друг меч друга.
 
Единствено добро е во стартниве што Сакатомо нема да го гледам стартер.А овој Фараони ќе сака да се докаже!
Абе дечки да ве потсетам (Спасов е нов)-З А Т О П Л У В А во МИЛАНО?
:pos:
 
Добри се овие ротации( ќе беше добро и Камбијасо и Занети да ги ротира) но сепак мислам дека за вакви ротации си требат квалитетни играчи.
А и за поважните натпревари треба да се знае кој е прв состав на нив не треба ротации.
 
Ja немам ништо против ротирањето, ама покрај играчиве што ротираат, и тактикиве ко што гледам ротираат а тоа воопшто не е добро за тимот.

Инаку Морати во свој стил ја отфрли можмноста за продажба на дел од акциите на русите, а за засилувања во Јануари вика, ќе почекал да види што ќе сакаат русите да ангажираат ( шала, нормално ), па додаде, малку посериозно, дека не е фер за играчите сега да се зборува за некои нови адиции во тимот.
 
Фараони лугеее??? добро бе што прави овој лузеров,со дечишта ли ми игра.Ај добро е Станкович нема да го гледаме,али можеше шанса на Поли да му даде откако дојде го немаме видено во дресот на Интер.
 
Нели Маикон и Форлан се враќаат за Удинезе? Ги нема у состав...
 
Чим Интер почнува да личи на македонска репрезентација - тури му к*рот!
 
Tронкети одамна не е акционер во Интер, но тука е со Пирели. Инаку Керимов се споменува дека ќе купи акции од Интер, тргни ги Сарас на страна во случајов, они уште од лани соработуваат со Газпром, како и да е, и со Интер и со Сарас доминантен сопственик ќе си остане Морати. Керимов ако добро разбрав ќе купувал акции од Интер ( не од Сарас ), со Сарас ќе имаат заемна соработка ко и до сега.

Кажав и вчера мислам, Керимов сакаше да вложува и во Рома но се повлече од таа идеја, така да не е прв пат да пројави интерес за влез во некој италијански клуб.

Бар за финансиите, ако се земе во предвид целото владеење на Морати со Интер, верувам дека човекот знае што прави и ќе успее во намерата Интер повторно да биде и те како конкурентен на трансфер пазарот. Ова што сега се случува е сплет на повеќе околности, заминувањето на Мурињо кое не беше во план да биде по само 2 години, светската екомонска криза која ги погоди и Сарас, гледам и ти си информиран за тоа, ФФП ...и тн и тн.

Со стабилизирањето на Сарас, со партнерството со Газпром, со евентуалното влегување на Керимов во Интер, со изградбата на нов стадион, клубот е на добар пат да се врати на периодите кога беа кадарни да трошат многу, односно, да располагаат со бајаги пари за трансфери.

Грешка си. Шпекулациите беа за потенцијално превземање на Сарас или евентуално купувње на пакет акции од страна на русите, барем оние кои ги извадиа новинарите. Па после изглеа овие фудбал страните излегоа со теории дека и Интер ќе биде дел од пакетот, иако во суштина нема логика тоа. Акционерски друштва со толкав капитал не се играчки па да се вметнуваат во дилови толку лесно, како што се пренесуваше, посебно не во случај како на Интер кој е практично компанија- ќерка.
Работи фантазијата на новинарите нормално. Знам и има соопштение за јавност од Сарас, посебно до Антимонополска во Италија дека не е вистина дека си ги повлекеле акциите од берза и дека се спрема превземање, мада не негираа можно продавање на нивен дел. Плус заради тоа на Сарас растеа акциите во изминативе денови, зошто се збореше за влегување на руска нафтена компанија таму.

Ја уште мислам дека тоа таму што се случува е многу малку поврзано со Интер. Поише се работи за тоа што сите сакаат да се бутнат во Либија. Таму ќе се прават ненормални, ама баш ненормални профити. Затоа доаќаат Русиве и се све живо тука, а ваљда и затоа инвестираат во Сарас, зш ќе ја користат како рафинерија што е мн блиску до европски пазар.
Така да се слагам дека подобри денови доаќаат. Морати има да дипли пари многу брзо:D. Па и ново стадионче зш да не, со спонзор Руси :D

Он: зошто играме со 4-4-2? Изглеа сака да шири игра Раниери. Е сеа дали ќе му успее....
 
Ако немаш главоболка, а сакаш да имаш, само изгледај го Интер 45минути, и ете ти болка (y)
Посед на топка како Барса, реализација како Падова.(мада овие може и поефикасни се од нас:D)
 
Фараони лугеее??? добро бе што прави овој лузеров,со дечишта ли ми игра.Ај добро е Станкович нема да го гледаме,али можеше шанса на Поли да му даде откако дојде го немаме видено во дресот на Интер.
Се надевам го виде "детето" кое има 20 години. Ако не почне да игра сега кога треба, на 26?
Само така нека продолжи, најдобар поединец на теренот.
 
Се што треба да се случи е да се извади еден од 2цата трупови во нападот и да влезе Зарате и ќе ја добиеме утакмицава ,но не ќе излезе Алварез или Фараони :eek:
 
Пуштам сега телевизор, Нагатомо место Алварез.

Fuck that shit ...

nothing-to-do-here-template.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom