Втор пат од кога ти си се логирал Спасов, минимум четврти пат е, а може и петти, Инлер ми беше еден од поомилените играчи на онаа генерација на Удинезе која бајаги му се допадна и на Мур,
Кваљарела, Асамоа ( уште е таму ), Инлер, Исла ( сеуште во Удинезе ), Запата, Алексис Санчез ...
Моментално играчи од таму кои вредат и кои можат да играат во било кој голем тим се Ханданович, Армеро ( лев бек, и на Бене знам омилен му е ), Асамоа, Исла, за Интер адекватни сите, освен голманот, нема потреба од него, Армеро ќе биде светска класа од фудбалер доколку успее да заигра за голема екипа, во тоа немам сомнеж, на место на Камби, Асамоа е повеќе од адекватен ( истото важеше и за Инлер ), Исла може да игра и во средина каде што се Дејо, Мота, Оби, а и по потреба во Удинезе игра и ко десен бек и ко десно крило, Занети тип на играч е.
Алал нека им е како ги вадат фудбалериве, Запата, Санчез и Инлер ги купија за помалку од 5 милиони евра, во пакет, сите тројца, а од нивната продажба се на се накај 60 милиони евра ќарија.
Е сега имаат и пехови, Мунтари

, али и него го продадоа за голема сума во Портсмаут, накај 10 м евра, а Интер го купија за 16м евра плус бонуси

, ееј, каква нерешлива мистерија е овој човек, вредел 16м евра, има освоено тројна круна ... за негова жал постои јутуб а и ред други работи кои денес ги документираат работиве прецизно, а со оглед дека гарант ќе ги лаже децата и внуците, тешко него кога ќе знаат да ракуваат со тастатура и маус.