@ Carter
Ja ти зборам за играч кој има година дена од истек на договор, годината кога Ибра отиде во Барса имаше уште 3 или 4 години до истекот на својот договор, а не една ко Ето ...
Ето во Интер игра лево, ко втор напаѓач и крило, Снајдер е плејот, каде да игра Насри ? Ко десно крило ? Тие две позиции според мене се најиделаните за Насри а за нив место во Интер нема, ко десно крило муабет да не правиме, не може таму.
Во ситуација кога Интер ги има Снајдер и Ето тука, нема потреба од играч ко Насри, Алварез е доволен во пакет со Ламела, а најверојатно ќе дојде и Паласио кој само во една ваква ситуација би го оправдал ко ангажман со што нападот е и повеќе од обезбеден, а и средината поради фактот што ќе дојде најверојатно и Банега плус и Алварез може да покрива централно во средината ала Мота, пуна капа за сезонава, се остало за мене е шлаг на торта.
Јас воопшто не го потценувам Насри туку го ставам во онаа група играчи на која моментално и припаѓа, фактите тоа го налагаат, статистика добра, не феноменална, туку добра, статистика за Франција almost добра, таму ич не импресионирал, така да се изјаснив веќе, Насри има претензии да биде голем играч ко и многу други на планетава, ама до тогаш нема смисла да го правиме Кака у најдобрите денови.Затоа, да, и Алварез и Ламела не треба да направат многу за да дојдат до она што моментално го направил Насри во својата кариера, ништо посебно истото не претставува денес во фудбалскиот свет.
п.с. Твитер е едно, реалноста е друго, желба на Алварез е Интер, потврдено и денес, тука е Занети, се најавува здраво и Банега што дополнително влијае на неговиот избор, башка и италијанско потекло има и пасош, па сега види ти на што ќе веруваш ...
Се знае аргентинци кај идат најмногу.
--- надополнето: Jul 3, 2011 12:45 PM ---
Ти пишав и погоре Syn, не може да се стави во ист кош со тие што ги наброја, али па и да кажеш Б класа некако не иде... Не знам како да кажам ете нека биде некоја средна класа фудбалер кој сеуште не се докажал, можеби толку му се можностите, можеби тимот не му е адекватен.
Да де, Б класа, тоа е ...
Ниво под оние кои ги набројав.