Фан Клуб: Интер

За Боас се напнува сериозно, наредна недела доаѓа уште еден млад играч само не се знае за кого станува збор.
Иначе незнам зашто се фативте за ова демек Боас доаѓа на сметка на играч, Боас ти е класична школа на Мурињо, нема да ќути а за тоа е свесен и Морати, башка и Ето услови за доаѓање на нови засилувања така да ...

На крајот, иако ретко кој очекуваше, може да испадне супер лето ова за Интер.

п.с. Со евентуалното доаѓање на Боас, Пеп нема шанса да дојде во Интер, ова за оние кои се надеваа дека Пеп ќе го води Интер во блиска иднина.
 
Колку само нема да дојде Боас... Првин за човек да дојде во Интер треба да не се почитува и не се вреди самиот себе си. Да појаснам што сакам да кажам: завршуваш факултет за доктор, и сега на a место ти нудат работа како доктор со плата 9, а на b место ти нудат работа како чистач со плата 9,5 и да одбериш место b. Ова како број еден (алудирам на тоа дека интер бара тренер а не менаџер), како број два, Интер мора да му вети најмалку 3 нови засилувања на Боас, човекот не е глуп како Лео и Бени, и нема да дојде, знае тој каков е Матераци и каков е Занети, тој знае дури и подобро од Мур какви дрва имаме, тоа му беше работа for fucks sake.
 
Осекам Орландони ке ни биде тренер...
 
Јас сум среќен што Пеп нема да биде тренер на Интер :)

Инаку, Вилас или Делио не прави некоја голема разлика, разликата ќе ја направат играчите кои ќе дојдат, ако дојдат...
 
Абе жити мајкааааааа .......... ко 90% од вас да почнале да навиваат за Интер у 2010 па сеа не се навикнати на Интер да губи/стагнира и прави лоши политики ....

Дај мајке му олабавете со глупиве коментари .... Чистач/Плата Боас/Јонуз ...

Прво и основно ако дојде Боас , ГАРАНТИРАМ дека ке му бидат дадени трансфер средства БАРЕМ за 1 играч ..

Второ жими ЏИМИ шо до играчите зависи а не до тренерот - Да , Мурињо од СУПЕРЗВЕЗДИ направи супер тим ... Мај ес ...

Глеаме Камбијасо под Бенитез/ЛеоТАРДо каква суперзвезда е , Милито такоџе , Киву такоџе , Мота такоџе ....

Бљак , Думанчиња на фан клубов
 
"Mihajlovic andrà all'Inter: firma accordo per due anni"
Ајде и ова чудо да го видиме.
 
За Боас се напнува сериозно, наредна недела доаѓа уште еден млад играч само не се знае за кого станува збор.
Иначе незнам зашто се фативте за ова демек Боас доаѓа на сметка на играч, Боас ти е класична школа на Мурињо, нема да ќути а за тоа е свесен и Морати, башка и Ето услови за доаѓање на нови засилувања така да ...

На крајот, иако ретко кој очекуваше, може да испадне супер лето ова за Интер.

п.с. Со евентуалното доаѓање на Боас, Пеп нема шанса да дојде во Интер, ова за оние кои се надеваа дека Пеп ќе го води Интер во блиска иднина.
Математика. Пари за Санчез немаме. Леонардо си иде за џабе. Боас ќе не кошта минимум 12-13 милиони. Значи уште помалку пари ќе имаме за Санчез.

Од друга страна, можеме да го земеме Делио Роси за џабе и тие 12-13 милиони да ги употребиме во некој трансфер.

И што прават со ова младиве играчите што ги носат, само ги собираме и ги користиме за замарање на други клубови со трампи...
 
Најавена трампа Ето-Тевез за летово мое мислење ако се случи Интер може да добие одличен фудбалер и играч кој знае да мотивира и повлече, но кој е со малку кус темперамент па ми изгледа премногу коцкарски потег посебно кога со одењето на Ето ќе изгубат напаѓач кој континуирано во сите сезони е меѓу најдобрите стрелци, сепак Ето веќе има 30 години, неговата цена на пазар на пазар почнува да ја губи вредноста и сега е можеби последна шанса Интер да заработи пари на него.

Мое мислење е дека Интер ќе го трампа посебно ако се најде некој договор околу енормно високата плата на Тевез за италијански услови. Ќе биде интересно во секој случај со евентуален ангажман на Тевез.

Мое мислење е дека на Интер во моментов им е потребен млад, перспективен и модерен тренер ала Гвадриола пред да ја преземе Барселона кој не е етаблиран во меѓународни рамки, дали тоа ќе биде некој тренер од Б-тимот или пак помошник во Јувентус не е битно.
Мислам дека притисокот од трибините, медиумите за секој познат тренер по ерата на Мурињо е неиздржливо и е тешко за работа, се тоа се пренесува и на теренот, со млад тренер тој притисок би се намалил, играчите би биле порелаксирани и би имале подобри резултати.
 
Интер и Трампа во последно време одат заедно...

Иначе, сега се зборува дека Интер се договарал со Порто за 16 милиони евра, 11 за тренерот и 5 за Хорхе Фусиле. Тој е бек колку што знам... Маикон-аут?
 
Фусиле може да игра и десен и лев бек и е евтин...
ако го продадеме Мајкон ќе имаме 4 бекови кои сите знаат да играат и лев и десен бек
Сантон, Нагатомо, Фусиле, Занети :)
 
Maикон ќе ги исплати и двајцата, добиваат одличен тренер плус солиден десен бек а Маикон заминува, тоа е тоа ...
И незнам што сте запнале со Санчез, тренерот е главниот фактор тука па потоа следи Се останато, тоа оваа сезона и те како го осетивме.
Мене многу ми се свиѓа каков тек добија настаниве со оглед, ко што реков и горе, според она што го прикажуваа медиумиве наводно хаос било а Интер си работеа на случајот без да рецкаат наоколу, освен што удрија пар деманти.

Реков, наредната недела доаѓа уште еден млад фудбалер, Паолило не ја отфрли и можноста за купување на една '' ѕвезда '', како и да е, со Боас верувам и убеден сум дека ќе бидат каде-каде поконкурентни и заедно со Милан ќе бидат првите фаворити за Скудетото во Италија, ако дојде, нештата ќе тргнат само во една насока, нагоре ....

Делио Роси ти е тренер ала Дел Нери, не заебавајте сеа, 0-7 изгуби дома од Удинезе а со оглед на неискористените шанси на тимот од Удине малку фалеше и 0-10 да биде, тоа за мене не е тренер кадарен за Интер, и воопшто, кадарен за голема екипа.
 
Интер и Трампа во последно време одат заедно...

Иначе, сега се зборува дека Интер се договарал со Порто за 16 милиони евра, 11 за тренерот и 5 за Хорхе Фусиле. Тој е бек колку што знам... Маикон-аут?

Да у Бешикташ ;)
 
Јас сум среќен што Пеп нема да биде тренер на Интер :)

Инаку, Вилас или Делио не прави некоја голема разлика, разликата ќе ја направат играчите кои ќе дојдат, ако дојдат...
Ko што имаше разлика од Бенитез до Мурињо, со истите играчи, таква разлика има и помеѓу наведените тренери, Делио Роси ништо големо не освоил во својата кариера освен куп на Италија со Лацио ( Боас една година е тренер ако не се лажам повеќе освоил од Роси кој менаџира тимови од 90та ), не можеш да кажеш дека нештата ќе бидат исти односно нема да има голема разлика кој и да седне од нив па макар и тимот останал со овој моментален кадар.
Да, потребни се неколку освежувања во тимот но без добар тренер џабе е, кој и да дојде.
 
Реков, наредната недела доаѓа уште еден млад фудбалер, Паолило не ја отфрли и можноста за купување на една '' ѕвезда '', како и да е, со Боас верувам и убеден сум дека ќе бидат каде-каде поконкурентни и заедно со Милан ќе бидат првите фаворити за Скудетото во Италија, ако дојде, нештата ќе тргнат само во една насока, нагоре ....
Најверојатно тој млад фудбалер ке биде Casemiro.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom