Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Се сложувам горе долу со се освен со делот за Енрике.
Вчера имаше и некои добри моменти, како на пример кога му асистираше на Пио таму некаде одма штом влезе кога имаше убава шанса и генерално се труди да не греши. Игра претпазливо, не е како Думфриз ама и Думфриз ако ти текнува кога дојде беше ептен изгубен и често исто вака пишувавме и за него.
Истото можам да го пишам и за играчи како Брозо, Шкриниар кој после некое време во Интер се разиграа. Ако донесат некоја опција за тие позиции тоа би било супер ама во моментов најголем проблем мислам дека е одбраната. Ачерби е премногу спор а со него и другите изгледаат слабо. Сомер истотака потфрла а цело време вртам очи на вестите дека се спремаат оној ментишот Мартинез од А.Вила да го носат летоска во случај кога на клупа имаме голман кој секогаш кога доби шанса се покажа супер.
На тер Штеген договорот му истекува следно лето?
За него видов пред некој ден отиде во Жирона на позајмица. Сигурно е многу паднат, скоро година ипол нема играно стандардно.
Добар е Мартинез, што ќе ни е уште еден старец. Една-две повреди и ете го 35 години ќе има Тер Штеген.

Да, да имаше повреда на коленото. А инаку го спомна Мартинез, он и тер Штеген се исто годиште.![]()
Гледано од аспект колку се вложува, и ова што го имаме е добро. За во Италија не би требало да имаме конкуренција, ама ако сакаме нешто повеќе ова не е доволно.
Истото еве го кажа и ти.Овај дел не го разбирам искрено.
Не пишувам конкретно за тебе само туку и за целата фудбалска јавност во Италија што се форсира со тоа "Интер има најдобар тим, Интер е најорганизиран итн...."
Каде тоа по демоните се гледа во резултатите?.
Логично ако Интер е најорганизирана и најдобра екипа ќе дојдат титулите...колку титули има Интер во изминатите ете 5-6 години?...па СРАМЕН скор имаме онака да размисли човек на ваква мизерна конкуренција ние имаме едвај 2 титули...во 2 сезони каде што се боревме во егал со мизерни екипи ја изгубивме титулата.
Како тоа немаме конкуренција кога Милан со онаков закрпен тим е само 3 бода зад нас и тоа со голема веројатност да го земи скудетото бидејќи игра само на едно натпреварување а нашите се кршат на сите фронтови...за која замислена и имагинативна доминација се прави фама на по медиумите?
Па ако и сега не земат скудето треба апсолутно сите да се избркаат ( а требаше уште летото да има чистка ) и насила да му се укинат договорите на сите ѓубриња од фудбалери што нис е во екипата...па јас да сум во составот на оанкво финале против ПСЖ лани од срам ќе си барам нов клуб....не знам како не се чуствуваа изрезилени и помочани кога се вратија дома после таква бламажа ...ќе немам лице да се појавам.
Јас искрено не барам чуда, логично е според онај лимитар капацитет и квалитет што го има екипата да биди поразена од поквалитетни и подобри екипи што инвестираат со години, но да дозволиш во домашното првенство отепани и закрпени екипи како Милан и Наполи да ти се носат во егал е срамота...онака кога ќе се сетам дека Наполи лани го продаде најдобриот играч на полусезона и пак го освои скудетото се ежам.
Мизерна екипа и мизерен клуб Интер...нека се гонат