Фан Клуб: Интер

Бараме нов тренер за ИНТЕР!Давај те предлози!

Ја сум редовен играч на Фудбал Менаџер, да праќам биографија?
Ох и во мотивациското писмо ќе напишам дека со живот гарантирам поголем успех од Гасперини! До толку сум сигурен!
 
Веројатно ја слушна реакцијата од трибини при измената.

Она што мене најмногу не ме бендисува во формацијата како формација е тоа што се убиваат од трчање и тоа залудно. Чисто глупо трошење енергија на одбраната кое ако продолжи, по 5-6 кола ќе се прават груби грешки назад.

Пази, играме одбрана со 3 дефанзивци, од кои еден е Лусио, кој повремено играше и напаѓач.

Измените говорат дека тиквата веќе почнала да пука. Тоа што Алварез и Кутињо не се на клупа туку Мунтари кој добива шанса дури и пред Пацини, е некоја ебена поента која овој сакал да ја покаже или што ја знам. Во секој случај, не памтам полоша измена во Интер.

Нека го гледа Наполи човеков, се знае кој ора лево, кој ора десно. Тој започнува 3-5-2 формација во која двата бека, Занети и Нагатомо, играат десно! Па не треба човек да е експерт за да свати дека овде нешто не чини...

Тотално се сложувам со болдот. Цело време ме нервираше како цела екипа трча дупло повеќе отколку што е потребно. Распонот на движење на Снајдер и Форлан беше вонсериски очаен. Ако вака продолжи, што дефинитивно е поента на формација со 3 дефанзивци не само што тимот нема да има резултати туку може да се очекува и повреда или изнемоштеност на дел од играчите. Прв за такво нешто зрел е Снајдер во ваква тактичка поставеност.
Има да се види негде километража на играчиве во Серија А?
Се што можеше да се скрати од трчањето со додавање или нафрлање беше дополнително мачно и укомплицирано. Играчите кружеа околу играчите на Рома како муви на говна, без резон и без некаква идеја. А во офанзива трчаа буквално сите, у фазон да покажат колку се трудат и коклку се активни. Интер неможе да игра таков фудбал. Едно што играчите ни се технички инфериорни, друго што се стари, трето што не играат специфичен офанзивен фудбал за да може да губат енергија во таква игра додека одмара одбраната и обратно.
 
Гасперини лани со Џенова ја почна сезоната 3-4-3 со Рафиња и Кришито како истурени бекови, а Место и Паласио како крила и Тони како централен напаѓач. Карја, Велосо и Милането беа централни играчи од среден ред. Ова е прилично дефанзивна формација, која се базираше на течна игра и посед на топката.
Ако ова би се пресликало во Интер, формацијата би требало да изгледа вака:

Прегледај го приврзокот 32244

Е сега овде веднаш се појавуваат неколку проблеми.
Прв и најважен е што Снајдер нема место во ваква формација. Гасперини може да го форсира како лево крило, но Снајдер веќе неколку пати има изјавено дека не му одговара таа позиција и дека попрво би сакал да игра како централен плејмејкер.
Втор проблем со оваа формација е што средниот ред, ваков каков што е нема никаква креативност и луцидност. Двоецот Камбјасо/Мота (или Станковиќ) неможе да разигрува, ниту квалитетно да ја задржи топката во своите нозе.
Трето, Зенети не е коректно решение за истурен лев бек. Додуша такво нешто не беше ниту Кришито во Џенова. Опции тука се и Чиву, кој исто така е бесполезен во нападот и Нагатомо кој мислам дека може добро да ја игра таа улога.
Четврто, Интер нема природни крила. Ето веќе трета година по ред ќе биде принуден да игра на таа позиција, која рака на срце добро ја усоврши. Пандев и Кутињо се добри засилувања од клупата но дефинитивно не се квалитет за првиот тим.
Петто, Милито и Пацини, еден од нив ќе биде на клупата. Гасперини сака крупни шпицеви, плус има историја со Милито - така што нема да ме зачуди Пацини да ја загрее клупата на почеток од следната сезона.
Уште еден дополнителен проблем ќе биде гломазната одбранбена тројка, која не верувам дека ќе може да го издржи високиот пресинг кој го обожава Гасперини. Се сеќавате на Шалке и Милан од лани???

Со вистински засилувања формацијата може да добие интересен импулс. Едно екстра-квалитетно крило е неопходно, кој ќе мора да биде способен да игра на двете страни и да биде способен да ги завршува акциите на Интер, а многу потребен е и еден квалитетен играч од средниот ред со креативност и техника, кој ќе може да разигрува во нападот - што би се вклопило во замислата на Гасперини кој форсира игра со додавања и со течност во средниот ред. Одбраната може да се засили со понизок и побрз дефанзивец кој ќе може да ја покрива бавноста на Лусио, Самуел или Ранокија.

Неизбежно е дека Гасперини ќе биде критикуван за дефанзивната ориентираност на тимот. Гасперини беше фален како тренер кој тешко може тактички да се скрши и пробие, но за жал никогаш не важеше како тренер кој може да го стисне противникот и да му наметне доминација.
Џенова постигна само еднаш повеќе од еден гол на десетте натпревари лани на кои Гасперини беше на клупата. 10 натпревари - 8 гола.
Гасперини беше упорен во инсистирањето на Тони како централен напаѓач, иако тој беше далеку од идеална форма и ефетивност.
Беше напорен со играњето на Кришито надвор од позиција.
Упорно го форсираше Чико како еден од тројката дефанзивци, кога ја смени одлуката веќе беше премногу доцна.
Со овие (грешни) одлуки Гасперини покажува дека знае да биде тврдоглав тренер, кој инсистира на некои решенија, дури кога истите се покажуваат како неуспешни или најпосле - лоши.
Ланскиот биланс на Гасперини со Џенова (3 победи 2 нерешени и 5 порази)
Џенова во просек имаше 14,2 удари на гол, од кои 5,1 во рамките на голот.
Џенова имаше 52,3% посед на топка, што говори за инсистирањето на Гасперини да се игра со топката во нозе во течен стил на фудбал.

Извинете за селф-цитат, но мислам дека и те како е он топик.

Ова што сега ни се случува требаше сите да го предвидиме на време. Се е, само не изненадувачки.
 
Анчелоти подобро ќе дојде во Бари отколку кај гнасите ;) :pos::pos::pos: Престаните да сонувате за него, Јонуз е слободен барајте го :pos::pos::pos:
Ајде де... :)
images
 
Ако се бара решение за Гасперини до крајот на сезоната, зш да не Џузепе Бергоми. Бергоми цела кариера играл за Интер, исто така бил капитен за Интер и роден во Милано. Човек кој многу работи го поврзуваат со Милано и Интер. Верувам дека Бергоми ке го води Интер од Срце, како што го води Морати, Барези.
 
Ако се бара решение за Гасперини до крајот на сезоната, зш да не Џузепе Бергоми. Бергоми цела кариера играл за Интер, исто така бил капитен за Интер и роден во Милано. Човек кој многу работи го поврзуваат со Милано и Интер. Верувам дека Бергоми ке го води Интер од Срце, како што го води Морати, Барези.

Јас, а се надевам и другите, не му замерам на Гасперини дека не го води клубот со срце и со голема желба. Тоа се гледа на него на самите натпревари. Сака да води успешен клуб, нормално.
Но едно е желбата, друго се можностите. Толку знае човекот. Желбата не игра многу улога. Тоа ти е како да одиш на испит без да научиш - ти можеш да сакаш да положиш колку сакаш, но сепак ќе паднеш...
Незнам колку е тактички добар стратег Бергоми... Но колку што гледам италијанската стручна јавност го обожава. Така да како некаков преоден експеримент не би бил лошо решение... Во секој случај Интер неможе многу полошо од ова што е сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom