Isto i ja, jadam hehenca sega. Toa e dobitnata kombinacija.
Арно телефонот на полнач беше глеав у друга соба. Човеков што го ставил Аки имаше 2 шута кон месечината упатени пред да го даде голот. Нема женско шо не му го испоганив, да имав пред мене да пишуам се ќе му даев.
Успат Турам не достави како што рековме после повредата на Лаутаро, класично негово ноншалантно понашање. Дури и голот што се поништи за офсајд со рамо не ја ни нафрли како што треба, топката заврши кај Ди Марко оти никој не очекуваше толку глуп пас.
Фратези изгубен у свемирот е тој играч, не е ни чудо што никој не сака да даде повеќе од 15М за него.
На вие утакмици се глеа Лаутаро колку фали, колку многу навлекува на него играчи од обраната и како ја шири играта, посебно неговото враќање на 40 метра да прими топка и да ја рашири до бековите. Турам не направи ништо од овоа, а Еспозито го правеше овоа колку можеше, ама напред беше безопасна денеска, а играа против едни од послабите стопери у лигата.
Да не биде така црно, реално голема победа е овоа за ситуацијата во која сме со повреди и со тоа што допрва следи со тешки утакмици. Можеше да испадне икс денеска ама на крај добро заврши. Март ќе биде пеколен за нас, секое коло ни е тежок противник во лигата.
У моментов +10 со утакмица повеќе сме. Милан треба да ги здроби Парма на домашен терен ама да почекаме.