Не е фри ама он и Дибала беа многу добра прилика место Санчез.
Овој сега штом стапнал во Америка, враќање во Италија само ако го обвини некоја за силување. Има да решета таму а сигурен сум дека и во Интер ќе беше со подобра статистика од Арнаутовиќ и Санчез заедно.
Да, видов, ептен штета, скроз добра low-budget опција, а мислам дека е и помлад од двајцата. Плус има одличен track record како џокер од клупа, ама јебига.
Тоа е, ваљда Арнаутовиќ останува и евентуално детево Карбони ако го враќаат, иако јас сум да остане уште малце по позајмици, ептен е млад, 2005 e роден.
И да, ко ќе ми текни дека заради Лукаку го испуштивме Дибала, плус сезонава го пуштивме Џеко (кој решета во Турција моментално, и би бил идеален ако останеше за ротација годинава) и успат заглавивме со Кореа и со Арнаутовиќ... не знам дали од друг играч сме имале поголем зијан во трансфер политика.
Мислам дека на некој начин и доста го потценуваме тимот, кога правиме споредби со тимот од 2010 на пример. Не се овие така далеку, можеби на индивидуално ниво се нешто поназад ама функционираат како машина.
Исто, особено кога споредуваме со 2010, треба да запазиме дека голем дел од тие играчи беа веќе долго време во Интер и/или при крајот на нивниот зенит. Веќе имаа 4-5 скудета позади себе, единствено фалеше ЛШ, памтам неколку сезони со ред отпаѓавме во 1/8 финале (Виљареал, Валенсија, Јунајтед ако не се лажам) и после освојувањето на ЛШ директно влегуваме во бантер ера.
Секако, тука имаше голем удел заминувањето на Мурињо/доаѓањето на Бенитез, како и фактот дека Морати почна да паѓа и да размислува how to cut his loses земајќи предвид како со години вложуваше ко да нема утре, ама исто така мислам дека таа сезона сите играа на 120% и беше последната која повеќето од нив ја одиграа на ниво. Реално ретко кој од таа генерација имаше успешни сезони после триплетата, дали во Интер, дали во друг клуб.
Од друга страна, јадрото на денешниов Интер е генерално родено 1996-1999, плус денес фудбалерите имаат многу подолг професионален век, така да ако би споредиле пример со интер 2006-7-8, мислам дека и индивидуално се тука некаде, а со паметно вложување овој тим има потенцијал да остане долго време на врвот, и во Италија, и во Европа.