Фан Клуб: Интер

Единстевен одговор ќе беше Турам од прва минута, он на контри ги отвара како паштета, со Арнаутовиќ и Лаутаро ништо од контрите.
 
Нема сили овие да тераат 90мин без престан ваков огромен пресинг.

Капа доле до 80мин буквално не убија, глава неможевме да кренеме, но според мене позитивен е резултатов можевме да изгубиме и 3-0 многу лесно.
 
Да ми објасни некој за кој кур Карлос Агусто е прв состав и сеуште е на терен ?
Најдобар играч денес.

Си требаат вакви текми кај што играме слабо а не губиме. Турам е играчина.
 
Касно умреа овие. Бод како планина.
Во 90 минута умреа, почна грчевии и да се потпираат на колена со раце. Таман последните 10 минути ги изгледав. Подобро нерешено него ли пораз.

Одиме во недела со Емполи, мора да се добие таа утакмица.
 
Знаев дека ќе израмниме, им реков на стековача и мариовача ннекаде 60та минута дека типичното италијанско реми ќе го имаме денес, многу полоши на терен и на крај некако на сила ќе изнајдеме решение за гол, што и се деси после првата шанса у мечот, дадовме случаен гол зашто Фратези не подаваше, шутираше.

Го зиам бодов без ронка размислување, и голем е, ова беше најтешкото гостување у групава против вториот најдобар тим у истата, изигравме катастрофално, премногу се изротира ја мислам и евидентно беше дека не функционира ништо. Гомна да јадам за Хакан што реков дека е једина опција која не смее да се повредува заедно со Лаутаро, само еден од овие двајца ако недостасува ќе се осети апла тоа кај нас, нарочито во вакви захтевни мечеви.

Наивно примивме гол, Сосиедат имаа шанси и за втор, не ги искористија и тоа беше тоа, после 70та минута не можеа веќе со истото темпо, замените им се многу полоши од стартерите што кај нас па беше обратно, појак тим на терен имавме од стартниот кога влегоа тие од клупа, превземавме тотално контрола и дадовме од прва шанса, да бевме малце поприсебни можевме лесно и до втор гол ама нула причини за жалење реално гледано, поголеми беа шансите со 0 да си идеме денес.

Друга ствар, Барела го изигра најлошиот меч откако го облече дресов, истото ќе го речев и за Лаутаро ама со голот се извади, Карлос Агусто изненади пријатно, изгина 90 минути и можда од сите стартери он изигра најдобро т,е, ако бирам motm кај нас, него би го одбрал. Бенфика следни дома, Силва кој им е еден од најбољи играчи доби директен црвен денес, мора да идеме на 3 од 3 следни 3 со оглед дека играме со Бенфика дома и две со Салзбург по ред, и ако ни се поклопат коцки уште тука да обезбедиме пласман даље.

п.с. Турам е машина, многу е јак, со секоја ротација бев согласен денес ама не и со стартувањето на Арнаутович на сметка на Турам.
 
Карлос Аугусто, Турам, Сомер (y)
Бастони, Арнаутовиќ, Барела, Лаутаро (n)
Џонтра и неговиот везњак o_O

Не е лош резултатов. Сосиедад не е воопшто наивна екипа а и Салцбург ги доби Бенфика во гости што ни отвара повеќе простор. Нека ги добијат наредни две и ќе биде многу полесно.
Секако, според мене фокусот оваа сезона треба да биде 100% Серија А и ок е ако се ротира во ЛШ.
 
И Павард не беше лош, деби меч му е ова, први минути, не памтам да погреши, имаше неколку добри стартови, генерално добар меч изигра нарочито што едно 85% од соиграчите денес до првата тројна замена му беа мизерија, он и Аугусто не беа дел од сивилото, исто и Сомер, што е добро со оглед на малкуте минути на терен што и двајцата ги имаат и фактот што дојдоа на крај од летово.

Емполи се у црна дупка влезени, мислам дека и тренер сменија, задње место, 4 порази ако не се лажам, не смееме ни да помислиме да губиме тука бодови, нарочито што атмосферата у тимов е сеуште на многу високо ниво.
 
Бод ко планина голем со оглед на тоа колку бевме за нигде од прв до последен.
Немам проблем да го обележиме Аслани како дежурен кривец, нека биде слободно, 20 годишно дете што ова му е прва битна утакмица што стартува откако е играч на Интер. Ќе ги ослободиме од одговорност Миктаријан и нарочито Барела кои со апсолутно ништо не му помогнаа на љољото.
Очигледно најголема болка сезонава ќе биде неиграњето на Хакан. Ете играше Аслани, поигра малце таму и Миктаријан за на крај Санчез да биде некој лажен полувезњак.

Арнаутовиќ е една обична резерва и како таква треба да остане цела сезона, да влага на решени утакмици да задржава време и да праи фаули. Срамота е он да ти стартува у Лига на шампиони.

Позитивна оценка никој не заслужи денес, пофалби само за Зомер, Аугусто и Павард. Другото очај до очај. Турам и Фратези освежија малце, овој вториов време е веќе да се зацементира у средина, сила е ликот и разбира фудбал.

Лабаво се влезе у утакмицава после фуриозниот старт у првенство, океј е резултатов да ги освести малце дека сезонава само што почна и имаат уште 40 утакмици за играње. Нека не кур се опуштаат и нека не кур ми глумат ѕвезди.
 
Арнаутовиќ е ко коњ, голем се бутка и тепа, него треба да го играш со оние катанаџото шо ни го играат, коа имаме 150 шанси и никој не може гол да даде оти пред гол стојат 20 души. Ќе се степа со двајца ќе даде гол со глава ќе напраи простор. Или шо вика Џонтра пушти го коа е веќе добиена утакмицата, ќе си најде некое просторче.
Денеска беше како од марс паднат, жал да те фане.
Али па ќе речам добро еее, спасивме газ, како изиграа сосиедад, добро е што не примивме повеќе голови додека они ја имаа топката во тие 80 минути.
 
Овие два дена се све погласни шпекулациите дека преку американски посредници, некој од арапскиве фондови ќе не купи и дека активно се преговара за да ова се случи до крајот на оваа сезона, и почеток на наредна.
Ова некако се поклапа и со изјавата на Марота за новиот договор на Лаутаро, кој е спремен уште у моментов да го потпише, али ќе се чека за идеален момент тоа да се деси така да постои голема веројатност за следна сезона да имаме нови сопственици.
 
Овие два дена се све погласни шпекулациите дека преку американски посредници, некој од арапскиве фондови ќе не купи и дека активно се преговара за да ова се случи до крајот на оваа сезона, и почеток на наредна.
Ова некако се поклапа и со изјавата на Марота за новиот договор на Лаутаро, кој е спремен уште у моментов да го потпише, али ќе се чека за идеален момент тоа да се деси така да постои голема веројатност за следна сезона да имаме нови сопственици.
Mlra da go prodade timot do krajot na sezonata zosto ke mu go zemat bez pari, ovoj dolgot sto treba da go vrajke e 400M a ovoj e izgldda bez pari.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom