Фан Клуб: Интер

Овде фали играчот што го продадовме за кило семки. Нема кој да застане на топка. Да се надеваме дека Инзаги ќе најде некакво решение во второ, и дека овие не можат да трчаат со ова темпо до крај, секаде ги има.

Мислам дека премногу измени направи Инзаги, видете на снимките после кога ја погодија пречката, офсајд беше свирен, но ние во моментот немавме никаква формација, 7 играчи на мал простор и огромна дупка каде што се најде нивниот, среќа заглави во офсајд.
 
Нема потреба да се форсира градење акции назад од голжан кога овие ниниграат висок пресинг 45 минути.

Треба да влезе Фратези и Турам на местото на Аслани и Арнаутович за да се подобриме во транзиција. Средината ја изгубивме, две подавања не поврзавме.

Имаме цело полувреме да реагираме, мора брз гол во второ ако сакаме позитивен резултат од тука.
 
Санчез што гарантирал 20 гола по сезона, со топка не може да се состави.
 
Значи се повлекоа гнидиве у 80 минута и одма падна гол. Нереално е тоа што го изигра Сосиедад, каква пожртвуваност и енергија. Ама недоволно за да не поразат :)
 
Ако игравме само последните минути треба да сме задоволни со нерешено.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom