Фан Клуб: Интер

Ханда кога беше прв голман, Онана не го ставаа ни во куп натпревари, така да сега би требало истото да важи, првиот голман да брани се, вториот да влегува само во случај првиот да се повреди.

Се надевам дека не е нешто сериозно во прашање.
 
Да ама имајте на ум дека Ханда е капитен на тимов. Не е лошо да брани во куп или на некои умрени мечеви во Серија А, чисто ради ротација и почит према него.
 
Подобро во Сериа А на крајот кога ќе имаат обезбедено топ 4 да му дадат да одигра нешто и да го испратат со аплауз. Во купот се испаѓа и не е да го ставиш никако.
 
Добро сеа не прајте како да го имаме Ноер на гол а Ханда како да е Томе Пачовски. Ио како пишал мислиш дека секоја утакмица Ханда по 3 автогола си дава. Ок, треба да брани Онана во 90 посто од мечевите, нема дилема тука, ама не е лошо од време на време да се изротира и да одмори Онана. Е сеа ако ставањето на Ханда е поради некоја караница на Онана со Инзаги и управата тогаш тоа е друг муабет и Интер треба побрзо да згасне како клуб.
 
Од што да одмори Онана? Светското го одмараше, пред тоа одмараше за допингот.. Ако нешто има праено задње време е одмарано. Врза 20 утакмици, на моменти одбранава заличе на нешто со него и му текна на талентов да ротира или да се расправа? Секако е лоша одлука.
 
Не бе нема да изгубиме, тоа сум сигурен. Искочи некоја шпекулација дека Броз си играл курот на тренинг, па добил васпитна од кондициониот тренер дека не е у основно школо и да се уозбили и тренира. Очигледно е дека е пукната тиквата таму, нека му е со среќа у следниот клуб.
 
Јаки сме, еден по еден ни бегаат играчиве. Уште Барела нека замине и нека стават спомен плоча на Џузепе Меаца за клубов.
 
Нас не напуштија играчишта како Роналдо, Виери, Адриано, Креспо, Ибра, Снајдер, Ето, Максвел, Мота...па не ставија спомен плоча а не па за Брозо, Шкриниар и Барела.
Ќе дојдат подобри денови. Сега е уствари многу подобро од пред неколку години со оглед на тоа дека сме речиси цврсто во топ 4 и 1/8 финале ЛШ (во група со Барса и Баерн).
Разбирам дека можевме многу подобро овие две сезони и дека требаше да земеме уште едно скудето, ама добро знаевме за финансиските проблеми и мислам дека не треба многу да се тажи од причина што комплетно цела лига е падната па не заостануваме премногу во ниту еден сегмент. А ова што го направи Наполи со минимални вложувања до вакви успеси треба да е пример за сите екипи во Италија. Доста беше 35 годишни на free transfer и плата од 10 милиони евра кога можат со тие средства да се пробаат младичи од некоја источно европска лига или Африка. Ј.Америка нажалост стана тешко достапна затоа што тие таму бараат невидени суми за играчи малку надпросечни како Габриел Барбоса. Тој чим Бенфика го шутна и не се обиде да искешира на него, не вреди ни 10 милиони.
 
Една димензија, утупи ја поред аут линија, набаци у 16 метри и моли се некој да стигне до неа. 0 транзиција, 0 игра во последна третина на противник.
 
Не одшо нешо доминираме ама заслужи Интер гол во прво полувреме, внимателно се игра поготово во одбрана.Разбирливо земајки предвид дека имаат 2-3 добри играчи што од контра знаат да напраат проблеми.

Незнам што ја спукаа Онана и Џеко, ама не е добар знак дека постои висок морал во соблекувална.
 
Не сум знаел дека порто се вакви гадни, ме потсеќа на дуелите со валенсија.

Се би му ебал на оној Отавио за реакцијата кога Дармијан лежеше во шеснаесетникот на Порто.
Па и сега пред да свирне крај она глушецон земал прета да ја врателе играчите на Интер поназад топката а си беше точно каде играше со рака оној на Порто.
Инаку по правило, судијата не смееше да ја прекине таа акција на Порто. Аут беше за нив и они треба од фер-плеј да ја вратат топката само тоа смрдлето Отавио одлучи да биде најпаметен.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom