Фан Клуб: Интер

Каков Столе Димитриевски потег,,, а таман реков уште една лагана победа. Ама нели Интер е во прашање и пацата излага на виделина, само да се консолидираат на полувреме за позитивен епилог.
 
Па овде Бастони беше крив бе, земал му вика на Ханда да искочи и кога дојде баш до топката одлучи дриблинг да направи. Куртон.
Нема очи да види дека Бастони е прв на топка?

И преку Тасе од тие повратни до Ханда, па овој кога ќе застане да мисли на кого да ја подаде, време стои како на риболов... рокај ја напред или во аут, доста со тие глупости...
 
Грешка на Бастони е што тргна у дриблинг, кога веќе го виде моронов излезен. Ама да, Бастони можеше да расчисти опасност, а не да го тупи на празен гол.

На страна тоа, 2 паса немаме врзано освен за голот.
 
Грешката беше на двајцата за голот.

Прво кој кур му на Ханда да излезе од линија, второ Бастони што мислеше да прави таму со тој дриблинг.

Грешката е и на Ханда бидејќи овој да останеше во гол, Бастони ќе му ја вратеше топката назад, и никому ништо, ќе поминеше како ништо.
 
Две глупави индивидуални грешки и отиде двомечот во вода. Јувентус не е нешто поразличен од пред некоја недела, освен што одбраната им е многу подобра со Де Лихт и Сандро, ама ако им подаруваш голови на ваков начин, нормално дека нема да ти ги вратат.

Иначе, прилично сумњив пенал, со оглед на тоа што топката воопшто не беше ни блиску до Квадрадо, ама па и ние добивме сличен против Милан. Под сличен подразбирам, дека не беше целосно чист.
Тоа е, нека пробаат да се вратат до 2-2 ако можат, па во Торино нека си ја пробаат среќата. Јувентус не е поимпресивен од претходно.
 
Мене повеќе ме иритира пеналот за првиот гол, тотално непотребен фаул и пд нигде ги врати во живот.

За вториот гол вината е подеднаква на двајцата.

Срамна игра засега.
 
Нема очи да види дека Бастони е прв на топка?

И преку Тасе од тие повратни до Ханда, па овој кога ќе застане да мисли на кого да ја подаде, време стои како на риболов... рокај ја напред или во аут, доста со тие глупости...
Глеј, не дека тоа што Бастони поише згреши од Ханда у ситуацијава ќе ми го смени мислењето за месечарот, ама у ситуацијава повеќе беше крив Бастони, прво му викаше на Ханда да искочи а после кога дојде до него се реши у страна да отиде.

Мизерија е што им поклонивме два гола, а ништо не играат. Мада рака на срце и ние сме криминални и освен голот ништо не покажавме. Не дај боже Лукаку да се повреди на подолг период, наебавме.
 
Две глупави индивидуални грешки и отиде двомечот во вода. Јувентус не е нешто поразличен од пред некоја недела, освен што одбраната им е многу подобра со Де Лихт и Сандро, ама ако им подаруваш голови на ваков начин, нормално дека нема да ти ги вратат.

Иначе, прилично сумњив пенал, со оглед на тоа што топката воопшто не беше ни блиску до Квадрадо, ама па и ние добивме сличен против Милан. Под сличен подразбирам, дека не беше целосно чист.
Тоа е, нека пробаат да се вратат до 2-2 ако можат, па во Торино нека си ја пробаат среќата. Јувентус не е поимпресивен од претходно.
Две вакви грешки се премногу. Мечот си одеше нормално, имаше Јувентус мала теренска надмоќ ама безопасни по гол.

Инаку не знам дали е она пенал според правила или не е, затоа што топката оди под рефлектори и нема како да продолжи нападот.

Како и да е, глуп фаул, две тешки глупости кои ќе не чинат многу.
 
Генерално е многу глупа грешка. Недостаток на комуникација помеѓу двајцата, веројатно. Ама, сепак прилично глупа грешка, особено што влијае многу врз вкупниот резултат. Со 1-1 може да се игра, ама 2-1 е цела планина за искачување.
 
Дефинитивно овој Интер си пати од каприците на Конте, не ги става Сенси и Ериксен за инат, докажува демек еве немам клупа... Санчез празен гол ќе утне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom