Фан Клуб: Интер

Одлично прво полувреме, многу лошо второ полувреме...
Рано е за критики ама уште кога го донесоа Гасперини не бев многу многу задоволен од изборот... на местото од Алварез го става Фараони, а можеше слободно Пандев да го стави. Исто не ми се допадна односот на Гасперини со играчите кои што излегоа од игра.

Не знам за вас ама мене човеков се повеќе и повеќе ми недостига во Интер...
EMP-6008319.jpg


И да, нас не ни требаат засилувања од рангот на Тевез, Гаго... нас ни требаат дечишта недоквакани :confused:

Edit:
Добра партија на Оби, доколку продолжи вака ќе го биде малиот...
 
ееее, да не беше рицоли тешко милан да тепаше :icon_lol:
--- надополнето: Aug 6, 2011 6:58 PM ---

а јас па мислев дека имаш бар 15 години, за жал си немал :(
и ставаш слика од рицоли како засилување на милан, а требаше црвен да му даде на мота, ха
и некој жолт на играчите на интер

:X3:
Nemam 15 imam 18 ako na mota trebase crven na gatuzo i boateng trebase sini da im dade :)
 
Многумина од вас се однесуваат ко Интер да е актуелен шампион на Италија и забораваат дека :

1. Интер минатата сезона ја заврши на второто место во Италија и оваа сезона не ја почнува како актуелен шампион како што беше сезоните претходно. Моментално друг тим ги има поставено тие шампионски стандарди.

2. Нов тренер со тактичка филозофија нетипична за било кој голем тим во фудбалска Европа, период на адаптација до сега помал од 1 месец, што е малку, Мурињо 2 ипол месеци го адаптираше тимот на 433 системот без успех. Јас бев категорично против овој систем, али кој к*р сум ја, Иосоно или ресенчанецон да збориме за тактики и курци палци, има луѓе кои се одговорни за тоа и ја целосно ги подржувам, истата подршка од моја страна ја имаше и Рафа и Лео и секој кој бил предводник на оваа екипа. Вакви ќе биле онакви ќе биле, еве ја викам тројна круна освојуваат наредна сезона, пак, буквално иста тежина има ова ко и оние плачипичкарски постови те ради системот на Гасперини те ради трансфер политиката иако летото сеуште не е завршено.

3.Клучно да се напомене, дел од фудбалерите многу касно се приклучија на подготовките ( кои реално, беа лошо синхорнизирани ) пред мечот со Милан, Занети и Цезар, голем дел од главните играчи воопшто и не се повикани ( Камбијасо, Маикон, Лусио па и Милито ), нов играч во екипата, Алварез кој допрва треба да се докажува на фудбалско ниво од кое бил светлосни години оддалечен у Велез.
Како што го разбрав Станкович, се на се тренинг периодот им трае 20 дена, реално, тоа е многу мал период за екипа со нов тренер, со нова тактичка филозофија, со нови млади играчи и со десеткуван тим ради јужно-америте.

4.Од друга страна ги имате Милан, истиот тренер, истата тактичка филозофија и 90% истиот тим од лани кој денес истрча на терен, вртете ја како сакате, они сеуште, во овој дел од годината се во (голема) предност пред тим кој сеуште е во потрага по онаа добитна комбинација, они знаат како до титула , Интер работи на тој план, deal with it, нештата не се ко до пред година дена, Милан во овој дел од годината лани беа буквално во иста ситуација со тоа што за наша жал и Интер сменија тренер па дупло им ја олеснија работата, најдобри за споредба ви се сезоните со Мур, кога другите го бркаа Интер и оној нивни поставен шампионски станард a Интер се замараше со оној друг стандард наречен титула во ЛШ.

Полека малку, за 20 дена нештата драстично и да сакате не можат да се променат, како што реков погоре Мур својот 433 систем 2 месеци го адаптираше во тимот, од подготовки каде не брилјираа до старт на сезона каде беа очајни и не наликуваа на шампион на Италија, и у првенство и во групна фаза во ЛШ.
Аll in all од играта ја не сум изненаден нит разочаран, во моментов то је то што би рекол Катанец, разочаран сум само од непрофесионалниот однос на одредени поединци ама верувам дека играчи ко Дејо, Цезар нема да се однесуваат така кога сезоната ќе започне.
 
ного експерти излегоа овде на овој форум на оваа тема.Како вие да знаате се не се секирајте и не судејте без потреба барем до нова година тогаш ќе видиме кој е за Интер а кој треба да си оди.А гаспарини ако на овие натпревари не проба разни формации кога че проба против Милан во купот или кога лигата ќе започне па да изгубаме неколку утакмици за пробување тактика.Подобро сега да губиме а во првенство да киниме :)
...:D
 
Неможам да сватам како на некој му е ќејф што Мота така му влезе на Силва или па некој да рече дека Рицоли му помогнал на Милан
facepalm.gif

Остајте тоа кажете овој Оби минатата сезона кај вас беше во тим ?
Ако да тогаш греота е што седел на клупа или трибина зошто очигледен е талентот кај него само треба да се надоградува со тоа што ќе добива поголема минутажа во сезонава што претстои.
Кутињо кај ви е ? Има потенцијал во него мислам дека и тој исто како и Оби треба да добива поголема минутажа...Од тоа што сум ги гледал очигледен е талентот на Гасперсон е дали ќе дозволи да се развиваат во класа играчи или најголем успех во кариерата ќе им биде тоа што тренирале со првиот тим на Интер.
 
Случајно да не има некое интервју со Снајдер после мечот? Некој новинар да не му поставил некое прашање, да видиме што одговорил..

И неможиме на Оби, Кутињо и на такви деца да се надеваме, барем не сеуште...ама па и другите што ги имаме во тимот по се изгледа веќе немаат мотивација да играат, па им е сеедно.
 
Неможам да сватам како на некој му е ќејф што Мота така му влезе на Силва или па некој да рече дека Рицоли му помогнал на Милан
facepalm.gif

Остајте тоа кажете овој Оби минатата сезона кај вас беше во тим ?
Ако да тогаш греота е што седел на клупа или трибина зошто очигледен е талентот кај него само треба да се надоградува со тоа што ќе добива поголема минутажа во сезонава што претстои.
Кутињо кај ви е ? Има потенцијал во него мислам дека и тој исто како и Оби треба да добива поголема минутажа...Од тоа што сум ги гледал очигледен е талентот на Гасперсон е дали ќе дозволи да се развиваат во класа играчи или најголем успех во кариерата ќе им биде тоа што тренирале со првиот тим на Интер.
абе до пред утакмица сите велеја лелеле ОБИ игра сеа примаме олку комади онолку , а сеа сите леле каков талент овај ќе го биди ова она ... и Мунтари да изигра на неколку утакмици солидно и по аватари ќе ги видиш...
 
Неможам да сватам како на некој му е ќејф што Мота така му влезе на Силва или па некој да рече дека Рицоли му помогнал на Милан
facepalm.gif

Остајте тоа кажете овој Оби минатата сезона кај вас беше во тим ?
Ако да тогаш греота е што седел на клупа или трибина зошто очигледен е талентот кај него само треба да се надоградува со тоа што ќе добива поголема минутажа во сезонава што претстои.
Кутињо кај ви е ? Има потенцијал во него мислам дека и тој исто како и Оби треба да добива поголема минутажа...Од тоа што сум ги гледал очигледен е талентот на Гасперсон е дали ќе дозволи да се развиваат во класа играчи или најголем успех во кариерата ќе им биде тоа што тренирале со првиот тим на Интер.
Оби беше дел од четата ранети и повредени, инаку и лани покажуваше многу повеќе од БљаБљани на пример.
--- надополнето: Aug 6, 2011 9:04 PM ---
2. Нов тренер со тактичка филозофија нетипична за било кој голем тим во фудбалска Европа, период на адаптација до сега помал од 1 месец, што е малку, Мурињо 2 ипол месеци го адаптираше тимот на 433 системот без успех. Јас бев категорично против овој систем, али кој к*р сум ја, Иосоно или ресенчанецон да збориме за тактики и курци палци, има луѓе кои се одговорни за тоа
Се согласувам јас со ова, ние не се правиме експерти нашето мислење е аматерско тоа би требало да се подразбира.

Мене не ми штимаат две работи:

1. Не сакам тренери како Катанец кои упорно се држат до една формација како таа да е од горе дадена. Сметам дека добар тренер треба да игра секакви формации и да ја најде онаа што е најдобра за играчите со кои располага. Читав и денес од некој постручен од нас кој вели дека Гасперини нема материјал за 3-4-3 во Интер, но и меѓу експертите има најразлични мислења за едно исто прашање.

2. Оваа формација 3-4-3 како што ми кажа чичко Гугл, поткрепено со примери, е за екипи кои практикуваат поофанзивен фудбал. Исто така си бара и многу трчање. Ја нешто не верувам дека нашиов состав со Занети, Камбиасо и Деки по средина ќе биде во можност да игра многу офанзивно. Ова денес со Оби и Алварез би требало да е најофанзивната формација што може да ја извади.

Види, најмногу што ме нервира е што ние сме подготвени да си го дадеме најдобриот играч од средината во име на формацијата во која не се вклопувал. Тоа за мене е тотално лудило. Обично тренерите ја градат тактиката врз најдобрите, клучните играчи кои ги имаат. Кај нас е обратно, нам ни сметаат најдобрите играчи зошто не ни се вклопуваат. Ако формацијата се покаже како фејл, што правиме?

Се трудам со проста логика да ги поедноставам работите, не да звучам како експерт, зошто не сум, иако се осеќам како многу подобар од некои ликови кои гостуваат во Канал 5 и МТВ :pos: Како и да е, немам намера да го хејтам Гасперини пред сезона, ни после додуша, ама ако ја усерат ќе пукам од тешко оружје по сите.
 
Неможам да сватам како на некој му е ќејф што Мота така му влезе на Силва или па некој да рече дека Рицоли му помогнал на Милан
facepalm.gif

Остајте тоа кажете овој Оби минатата сезона кај вас беше во тим ?
Ако да тогаш греота е што седел на клупа или трибина зошто очигледен е талентот кај него само треба да се надоградува со тоа што ќе добива поголема минутажа во сезонава што претстои.
Кутињо кај ви е ? Има потенцијал во него мислам дека и тој исто како и Оби треба да добива поголема минутажа...Од тоа што сум ги гледал очигледен е талентот на Гасперсон е дали ќе дозволи да се развиваат во класа играчи или најголем успех во кариерата ќе им биде тоа што тренирале со првиот тим на Интер.
Кутињо ја тресе Колкумбија со голови на светското првенство до 20г...заедно со Касемиро кој највероватно ке дојде во Интер..да се надеваме!!!
 
Битно е ако Снајдер си оди да се најде достоен играч кој ке го предводи средниот ред. Не бараме копија на снајдер со истите квалитети пошто таков нема. Ако за таков играч треба да се плати тогаш Морати треба да искешира пошто ке земе 35-40 м. за Снајдер. Не ни треба Тевез пошто нападот е одличен. Треба со тие пари од снајдер да се донесе играч од среден ред. Не треба да се остави дупка која неможе да се пополни. Пошто ако почнеме така да продаваме и ништо да купуваме тогаш се врати интер од пред 6-7 години. Интер кој зависеше од сомнителни фаци како Вратислав Грешко, Кристиано Занети, Окан Бурук, Франческо Коко,Доменико Морфео, Џиовани Пасквале, Карагунис, Далмат итд итд......... Верувајте ги памтам сите овие ропаци кои играа за интер кој по утепан од утепан врска си немаа. А при тоа Интер испушташе играчи како Сидорф, Кили Гонзалес, Фабио Канаваро, Пирло, тогашниот Кварезма кој не доби шанса да се докаже Анди Ван Дер Мејде и други.Верувајте не сакате да го видите Интер од тоа време. А и сега во тимот имаме вакви сомнителни фаци кои никако да ги истресеме негде. Само да не се направат истите грешки кои се правеа порано.
 
Битно е ако Снајдер си оди да се најде достоен играч кој ке го предводи средниот ред. Не бараме копија на снајдер со истите квалитети пошто таков нема. Ако за таков играч треба да се плати тогаш Морати треба да искешира пошто ке земе 35-40 м. за Снајдер.

Да можеше да се најде некој достоен, немаше Фергусон кој е тренер со искуство да тргне по Снајдер и да плаќа 30+М, капираш??. Колку и некој да глуми експерт, ако Снајдер си оди од Интер, НЕМА достоен играч што е слободен во моментот, да го замени во Интер.

И се согласувам потполно со мислењето на Io Sono Interista формацијата да се гради врз база на најдобрите играчи, бидејќи тие ја прават разликата во овој Интер, да не ги имавме тие најдобри играчи, сигурно ќе се претворивме во тим како Џенова, ебати формација и се кога ќе бидеме бетер и од Јуве, лани.
 
малце претерав не сите ама некои членови велеја.. нема врска ти па одма се навреди
Не се навредив, само ја не видов никој да рече нешто лошо за Оби, баш напротив, сите беа среќни што беше во тимот...
Незнам ти кај си видел...
 
Оби нема изиграно лоша партија од кога почна да влегува прошлата сезона .....

Јебеш шо изгубивме денес ...Оној Фараони мадафакерот како му влезе на ПАТО .... Малдини гомна да јаде :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom