Фан Клуб: Интер

Икарди ладнокрвно брцање пенал за 1-0, сосема заслужено победивме. Мора да ги користиме шансите подобро, како таа на Икарди со глава и на Кеита Балде со шутот од шеснаесетник. Овие играа бункери на крај поминаа половина и одма ни зададоа шанса пошто ни паѓа концентрацијата увек околу 80 минута.
 
Одлично прво полувреме со целосна доминација и без никаква шанса за Удинезе.

Второто солидно, со мали падови и се осеќа психичкиот пад после срамот што го доживеавме со ПСВ.

Марио дефинитивно најдобар на теренот.

Кеита е далеку покорисен од Перишич, а Валеро премногу променливо игра. Мора побрзо да се врати Наинголан или Весино.

Конечно го видовме и Лаутаро повеќе од 30 минути на теренот. Се гледа дека му недостига минутажа да за биде на ниво. Сепак покажа дека може да биде корисен, особено за правење шанси за Икарди.
 
Мартинез ми делуваше како многу да солира и да себичи во меѓувреме,јас разбирам дека сака да се докажи но мора малце попаметно да ги користи шансите и побрзо да се ослободува од топката ..Марио беше сличен во перформансите кога дојде но сега игра солидно бидејќи не превзема одговорност и навреме се ослободува од топката и прави помалце грешки..реално Марио игра одлично и доколку го планираат за иднина мислам дека би ни бил од корист,ама ми мириса дека го спремаат за продажба.
 
Мизерно второ полувреме.
На играчиве не им се живее.
Брозович нема сила што ќе ме убеди дека е светска класа играч.
Валеро е печен за во еибар.
Асамоа првотимец во тим што цели кон врв на табела НИКАД не може да биде!
Жоао М. е добар за ротација.И он како Асамоа - никад првотимец!

Икарди - паненка пенал на 0 0 резултат во 75 минута.Муда до колена!

пс.Мартинез мора на калење.Му треба минутажа страшно.Греота е да дреме на клупа,а идиотов не игра со 2 шпица па мајка јана нека е.
Sent from my SM-G955F using Tapatalk
 
Ниската откупна клаузула е поради релативно ниската годишна плата за негова категорија на играчи, ако е вистина дека годишната плата со новиот договор е околу 7 милиони евра. Тоа е најчесто trade-off-от на кој агентите инсистираат доколку договорената плата е пониска од онаа што играчот може да ја добие на фудбалскиот пазар. Така да, повисока откупна клаузула веројатно ќе значеше повисока годишна плата, што на менаџментот веројатно помалку им одговара. Не ја ставаат без логика таа сума.

Натпреваров пак покажа дека тимот е полн со ок играчи. Нешто над просекот, ама ништо повеќе. Класа играчи во тимов се единствено Икарди и Скринијар, никој друг.
Политано игра добра сезона, ама реално не е за прва опција за тим што секоја сезона брка титули. Иако е добар играч за ротација. Не е доволно ефективен. Се ќе направи добро до оној финален пас, шут или дриблинг. Цело игра му е "за малку". Од друга страна, Перишич и Кеита моментално не се ни до таму стигнати. Грешат во едноставни работи, како прием на топка.
Исто, постојано ме изненадува колку, и како тим и индивидуално, немаат ментална сила да се носат со притисок. Доволно им е 10 минути работите да не им одат во прилог и почнува распад и паника. Брозович мафта со рацете, другите се смрзнуваат и грешат дури и во стоење во место. Не знам што би им помогнало. Им треба некој да работи на нивната психологија. Знам дека тука ставот е дека тоа е одговорност на тренерот и дека нов тренер магично ќе го поправи тоа, ама ја мислам дека ни еден тренер нема да голем ефект. Мислам дека поголем ефект ќе имаат играчи кои се природни лидери и кои, побитно, имаат освоено нешто во кариерата. Или уште подобро, самите да освојат некој трофеј, па дури и тој трофеј да е куп
Марио имаше добра утакмица. Штета што не можеа да го користат во ЛШ, посебно за последните натпревари ќе им завршеше работа. Посебно кога практично скоро цела полусезона се без Наинголан, кој е единственото засилување во средина.
 
Ниската откупна клаузула е поради релативно ниската годишна плата за негова категорија на играчи, ако е вистина дека годишната плата со новиот договор е околу 7 милиони евра. Тоа е најчесто trade-off-от на кој агентите инсистираат доколку договорената плата е пониска од онаа што играчот може да ја добие на фудбалскиот пазар. Така да, повисока откупна клаузула веројатно ќе значеше повисока годишна плата, што на менаџментот веројатно помалку им одговара. Не ја ставаат без логика таа сума.
Не велам дека не си во право, ама зошто тогаш Иско има/ше 500 милиони откупна клаузула? :)
 
Многу дискусија за нешто што воопшто не ни треба да се размислува, освен некоја мегаломанска понуда од 250 Мил тек тогаш може да се праи муабет ама Икарди да се продаде е пукање у колено, ваква деветка не наогаме ни за 100М евра. Ако почнеме со продажба на едниствените двајца World Class играчи тогаш џабе ни се аспирациите да го кренат Интер за неколку години кај што беше во 2010.
 
Ниската откупна клаузула е поради релативно ниската годишна плата за негова категорија на играчи, ако е вистина дека годишната плата со новиот договор е околу 7 милиони евра. Тоа е најчесто trade-off-от на кој агентите инсистираат доколку договорената плата е пониска од онаа што играчот може да ја добие на фудбалскиот пазар. Така да, повисока откупна клаузула веројатно ќе значеше повисока годишна плата, што на менаџментот веројатно помалку им одговара. Не ја ставаат без логика таа сума.
Нема врска со платата. Ако Икарди сака да остане до крај на договорот ќе му стават некоја астрономска сума која никој не може да ја плати и автоматски ќе се одбиваат заинтересираните, а ако има нејасна иднина ќе се договорат да има некоја сума 120-150 мил која денес можат неколку клубови да ја платат.

На Иско му ставија толку голема клаузула затоа што претходната од 150 мил можеа да ја платат повеќе клубови и сакаа да го заштитат него и уште неколку играчи, за да не им се случи како она на Барселона со Нејмар и да немаат време да си најдат замена.
 
Има најмногу врска со платата. Ако еден Игуаин зема скоро 10 милиони евра годишно, ако играчи како Кејн, Лукаку и Суарез земаат над 10 милиони, тогаш платата на Икарди од 7-8 милиони, што би ја добил со новиот договор, е под реалната негова вредност на фудбалскиот пазар, со оглед на последните 3-4 сезони кои ги игра и продуктивноста која ја има. Ако потпишува нов договор се претпоставува дека сака да остане до крајот на неговата важност, иначе не би прифатил толкава должина на договорот или воопшто не би преговарал за нов договор, туку би чекал да истече стариот, што со секоја измината сезона би го ставило Интер во се понеповолна позиција.
Откупните клаузули не се ставаат за да му ја осигураат можноста за заминување на играчот, таа функција ја врши должината на договорот. Откупните клаузули им ја осигуруваат можноста за предоговорање на условите на важечкиот договор.
Ако се согласел Икарди на енормна откупна клаузула, а игра како претходните неколку години или уште подобро од тоа, тоа значи дека во следните 3-4 години Интер го добива целиот ќар од договорот, зошто нема никаков мотив да ја предоговара платата, а добива играч под реалната негова вредност. Во тој случај, ако Интер не сака да му даде подобар договор, единствена опција му е на сила да издејствува траснфер. Вака, Икарди ги држи картите во ракавот, зошто со секоја следна година каде игра исто како претходните сезони, или подобро, може да бара нов договор со повисока плата од Интер и да создава аукција за Интер и сите останати клубови кои можат да ја платат клаузулата.
Во спротивно зошто Интер би прифаќале нешто вакво. Да не им е досадно во текот на летото? Да има што да се пишува по медиуми?
Мислам дека е договор со кој сите страни се среќни. Претпоставувам дека секоја следна сезона, посебно ако Интер како клуб има прогрес (особено финансиски), ќе има шпекулации за договорот на Икарди и веројатно ќе потпишува нови.

Не велам дека не си во право, ама зошто тогаш Иско има/ше 500 милиони откупна клаузула? :)
Не само он и Асенсио имаше некоја апсурдна сума. Претпоставувам зошто сакале да останат во Реал, а долгорочно договорот им бил добар.
 
Ако е вака ко што објасни Лупхол мене ко фан апсолутно ми одговара ова. А верувам дека новата управа на Интер е сосема свесна за каков играч се работи и дека ќе има и наредни продолжувања на договорот после кои сите ќе бидат среќни. Уствари ако добро го сконтав Лупхол ова е ситуација слична ко онаа на Меси во Барса, и он исти кур секоја година продолжува договор.
 
@loophole како тоа двете страни се среќни кога икарди добива цца 50% зголемување на плата, продолжен договор а клаузулата останува иста? Освен ако мислиш дека сегашната клаузула е превисока тогаш океј.
 
Ако е вака ко што објасни Лупхол мене ко фан апсолутно ми одговара ова. А верувам дека новата управа на Интер е сосема свесна за каков играч се работи и дека ќе има и наредни продолжувања на договорот после кои сите ќе бидат среќни. Уствари ако добро го сконтав Лупхол ова е ситуација слична ко онаа на Меси во Барса, и он исти кур секоја година продолжува договор.
Абе види, Лупхол многу често знае и глупости да тропа :). Ништо чудно за човек што збори за себе во трето лице.

Мислам дека работата е што Интер сеуште не е финансиски моќен да го плати Икарди како што заслужува, а Икарди сеуште не сака да си оди од клубот. Па ова им е компромисно решение, во овие околности. Да сакаше да си оди немаше воопшто да преговара за платата, ни ќе си ја мачеше таа курветината да му преговара за нови договори, туку ќе го чекаше летото и ќе слушаше понуди од тимови како Реал.

@beneamata Затоа што Интер го плаќа помалку од тоа што Икарди може да го добие на пазарот, односно во други клубови. Наводно почетните барања му беа 10 милиони годишно, што реално не е неразумно, ако ги видиш годишните плати на сличните играчи од негов калибар. Ако ја добиеше таа плата, сигурен сум дека немаше да има против да има и повисока откупна клаузула. Не гледај колкава е разликата од платата од претходниот договор, туку разликата од платата што може да ја добие на фудбалскиот пазар. Интер добива играч во најдобрите години, по пониска вредност од таа што играчот реално ја има. Да не ја имаше и во претходниот договор таа откупна клаузула, Интер сега ќе имаше подобра преговарачка позиција и ќе можеше покомотно да преговара за зголемување на платата. Затоа и Икарди, претпоставувам, пак бара слична висина на клаузулата, за да може пак во иднина да бара зголемување на платата се додека не е платен колку што заслужува.
 
@loophole не ти е целосна логиката, ја се слагам дека Икарди заслужува 10 милиони али ти треба да ја земеш и вредноста што ја има Икарди на пазарот.

Просто:
Плата 8
Реална 10
Разлика 2 мил * x2 за данок = 4 мил x 5 години = 20 мил
Клаузула 100
Реална 150
Разлика 50 милиони

Доаѓа после 2 сезони Сити го купува за 100 милиони и ти за 8 милиони (бонус среќен играч, бонус непотребни замарања со барање замена) губиш 50.

Е сега ако ми кажеш дека не вреди 150, ондак не заслужува ни 10 мил плата.

Икарди доби у ситуацијава, нема мн филозофии, ќе биде сеир кога ќе замине за 100 а Арнаутовиќ у Евертон за 90.
 
И ти не ја правиш до крај математиката. Не земаш во предвид што таква класа на играч ти останува во тимот и не треба да го заменуваш. Додека не потпише нов договор, Икарди во моментов е играч со трансфер вредност од 150 милиони (идеме по твојата проценка) што може да си оди за 110 милиони, платен 5 милиони годишно (10 бруто), со пазарна вредност од 10 милиони (20 бруто). Тоа значи или го задржуваш него со твојата 30 милиони загуба, или купуваш, хипотетички, замена за 150 милиони со плата од 10 милиони годишно.
150-110= 40 милиони
10-5=5/бруто 10 * 5 години=50 милиони.
Што е подобро, хипотетички да изгубиш 30 милиони или 90 милиони?

На Икарди не му е гајле колку Интер добива или губи од неговиот евентуален трансфер, што значи дека не е тоа дел од преговарањето за нов договор. Него му е гајле што он губи по 2 милиони евра годишно, а Интер е во ќар за таа сума. Ако не му ги даваш тие 2 мил., тогаш треба да му дадеш нешто друго. А тоа е, можноста секоја година да оценува дали сака да продолжи да ги губи тие 2 мил (или можеби да добива нешто ако му падне формата), наместо во старт, со самото потпишување да ги има изгубено за сите години на траење на договорот. Во спротивно може уште на лето да проба да ги добие на друго место.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom