У сметководство позајмица со задолжителен откуп се смета ко директен трансфер

лупхол нека каже повеќе
Ја па сакав кај тебе да ги препратам.

И ја не се разбирам премногу у сметководство, освен тоа што сум го учел одамна и онолку колку што ми е поврзано со работата.
Како и да е, колку знам ќе одговорам.
@Io Sono Interista, мислам дека има разлика помеѓу финансиските извештаи што клубовите ги изработуваат за ФФП и оние официјалните што клубовите, како секоја останата компанија, ги објавуваат и ги поднесуваат до државните органи. Тоа е зошто има разлика помеѓу правилата и стандардите на националните законодавства во државите од каде што се и правилата на финансиски фер плеј на УЕФА, па клубови изработуваат два различни видови на извештаи, едните за ФФП, другите за нивните државни органи. Според ФФП, некои ставки не се сметаат како расходи или приходи за потребите на нивната дефиниција на breakeven. Колку што разбрав, до оваа година имаше празнина во правилата на ФФП, за ситуациите кога се позајмува играч со задолжителен откуп по истекот на определен период, или ситуациите на позајмица со опција за откуп. Па така, многу клубови ја користеа таа празнина, за да ги заобиколат ФФП правилата, на начин што одложуваа кога комплетниот трансфер на играчот ќе се евидентира сметководствено кај клубот што купува и клубот што продава. Фактички, трансферот се делеше на два дела: бесплатна позајмица од една или повеќе години, каде расход за клубот е единствено платата за играчот, и комплетен трансфер, кој се активира на фиксен датум, кога играчот се евидентира кај клубот што го купил и неговата трансфер цена почнува да се амортизира. На тој начин, клубот може да манипулира, која година амортизацијата на играчот ќе се јави како расход во неговите извештаи и според тоа да не пријавува поголема загуба, од дозволеното со ФФП, во годината кога е реализиран трансферот.
Од оваа година, ова погоре е изменето, најмногу ради трансферите на Мбапе и Нејмар во ПСЖ и патетичното плачипичкарење на Барса и Реал во УЕФА. Првите зошто им го собраа Нејмар, а вторите зошто самите сакаа да го соберат Мбапе. Па сега, кога има трансфер на играч преку позајмица со задолжителен откуп, трансферот се евидентира како комплетен од годината кога почнала позамицата и оттогаш почнува да се амортизира сумата за трансферот.
Тоа ги заеба Интер годинава, зошто Интер има потпишано некаква спогодба со УЕФА кога клубот беше купен од тој Тохир. Таа спогодба требаше да заврши годинава колку што ја разбрав, а имаше неколку критериуми што Интер требаше да ги исполни, меѓукои и breakeven заклучно со оваа година (ради тоа беше продажбата на младите играчи до 30 јуни и некупувањето на Рафиња и Кансело). Еден од критериумите, што Интер не успеа да го исполни, е поврзано со амортизацијата на играчите, што и ја целосно не го разбрав. Тој критериум се продолжи и за оваа година, па Интер треба да биде на нула помеѓу влезните трансфери од годинешниов ростер и излезните трансфери од ростерот кој бил пријавен во УЕФА, последен пат кога Интер учествувал во Европа. Тој услов треба да го исполни заклучно со оваа година и да заврши со спогодбата со УЕФА. Доколку не го исполни може да има дополнителни санкции. Затоа Интер ова лето мораше трансферите да ги структурира како позајмица со опција за откуп, а не позајмица со задолжителен откуп, зошто второто според измените во ФФП е идентично како комплетен трансфер. Тоа значи дека проблемот на Интер не е што нема пари, проблемот е во специфичните околности во кои мора да работи на трансфер пазарот.
Иначе, мислам дека многу се брза во фан-клубов со влечење заклучоци од мечот со Сасуоло. Ништо не значи играта од тој меч, зошто на таков терен ни еден тим не би изгледал добар. Не знам како дозволуваат да се игра прволигашки фудбал на такви терени. Топката не можеше да помине повеќе од 4-5 метра по земја, пред да отскокне или да смени правец. За тимови со начин на игра како Интер, такви терени се смрт. Така да, нема потреба да се паничи, очекувам дека вечер ќе изгледаат многу подобро. Тимот е уште добар, не заборавиле да играат фудба.
Кога сме кај тимот, доколку веќе останува Жоао Марио, се надевам дека ќе го пробаат на позицијата до Брозович во средина, со Наинголан пред нив. Ме интресира како ќе се снајде во таква улога. Можеби ќе имаат среќа и он да доживее лична ренесеанса како и Брозович.