Не знам зошто толку песимизам за летниот трансфер период...
Очигледно јас сум еден од ретките кои се оптимисти и сеуште веруваат во Морати и Бранка

Ќе бидете позитивно изненадени на крајот на трансфер периодот.
Морати никогаш не бил скржав кога се во прашање нови играчи а Бранка докажа дека е вистинскиот човек кој ке го спречи безпотребното фрлање пари, односно правење шампионски тим без расфрлање на 100 милиони по сезона.
Доволно е да се спомни размената Ето-Ибра а со тие пари се донесоа играчи кои беа клучни за сите успеси на Интер изминатите сезони.
Јас би бил презадоволен доколку се реализираат последните шпекулации вклучувајки ги и заминувањето на Маикон за Кака и Снајдер во Челзи или Манчестер. Тоа значи дека ке се обезбедат пари за Санчез а Кака е достојна замена за Снајдер.
Речиси сигурно е заминувањето на Мунтари 3-4 мил, Марига 8-10 и Пандев 10-12 милиони Дел од тие пари ке се искористат и за уште еден играч, можеби Монтоливо...
Можеби е време да се "направат" пати и на Цезар (околу 20 мил) и да се откупи Вивиано (околу 10)....
---------------Цезар--------------
Нагатомо--Лусио--Самуел--Киву
-------Мота---------Монтоливо
Санчез-----------Кака---------Ето
----------------Пацини-------------
Добиваме и силна клупа Кастелаци, Кордоба, Занети, Сантон, Андреоли, Ранокиа, Станкович, Камбиасо, Кутињо, Милито, Кастињос, Обиња....
Со ваква математика, ке бидеме дури и во плус
Единствено нешто што ме плаши е времето кога ке се уиграат 3 нови играчи во среден ред...