Фан Клуб: Интер

Јас огромен песимист за транфсер периодот кој следи и мислам дека нема да пристигне некое асолно име туку ќе не замачкаат со некој просечен играч како тоа бил надежен и дека одлично ќе се вклопи во составот..и како Станкович,Занети и Камбиасо сеуште го немаат кажано последниот збор:ROFLMAO:...
 
Не знам зошто толку песимизам за летниот трансфер период...
Очигледно јас сум еден од ретките кои се оптимисти и сеуште веруваат во Морати и Бранка :)
Ќе бидете позитивно изненадени на крајот на трансфер периодот.

Морати никогаш не бил скржав кога се во прашање нови играчи а Бранка докажа дека е вистинскиот човек кој ке го спречи безпотребното фрлање пари, односно правење шампионски тим без расфрлање на 100 милиони по сезона.
Доволно е да се спомни размената Ето-Ибра а со тие пари се донесоа играчи кои беа клучни за сите успеси на Интер изминатите сезони.

Јас би бил презадоволен доколку се реализираат последните шпекулации вклучувајки ги и заминувањето на Маикон за Кака и Снајдер во Челзи или Манчестер. Тоа значи дека ке се обезбедат пари за Санчез а Кака е достојна замена за Снајдер.
Речиси сигурно е заминувањето на Мунтари 3-4 мил, Марига 8-10 и Пандев 10-12 милиони Дел од тие пари ке се искористат и за уште еден играч, можеби Монтоливо...

Можеби е време да се "направат" пати и на Цезар (околу 20 мил) и да се откупи Вивиано (околу 10)....

---------------Цезар--------------
Нагатомо--Лусио--Самуел--Киву
-------Мота---------Монтоливо
Санчез-----------Кака---------Ето
----------------Пацини-------------

Добиваме и силна клупа Кастелаци, Кордоба, Занети, Сантон, Андреоли, Ранокиа, Станкович, Камбиасо, Кутињо, Милито, Кастињос, Обиња....

Со ваква математика, ке бидеме дури и во плус :)

Единствено нешто што ме плаши е времето кога ке се уиграат 3 нови играчи во среден ред...
 
Според Скај ми се чини, се сретнале Поцо и Морати и си дале 15 дена за да се сретнат пак и Интер да ја даден последната понуда.

За Лас се заинтересирани Тотенхам.
 
Кака? 29г, никаква форма, ептен висока плата, а и не е ефтин.
Пре би Пасторе, Реал нека ни платат у кеш за Мајкон.
 
Кака е докажан играч посебно во Серија А. Беше повреден а конкуренцијата во Реал на таа позиција е огромна. Јас воопшто не се сомневам во неговите квалитети.
Немам ништо ни против Пасторе, и онака потребно ни е подмладување на тимот...
 
Не си иде Снајдер нека не си прават бајрам на мозокот другите,и ако си отиде (а нема шанси)каков Кака бе,Пасторе си е Пасторе,докажан плај за во италија,па и лига шампиони што...
 
Не си иде Снајдер нека не си прават бајрам на мозокот другите,и ако си отиде (а нема шанси)каков Кака бе,Пасторе си е Пасторе,докажан плај за во италија,па и лига шампиони што...
А Кака не е докажан во Италија?
 
Интер му е најдобра варијанта... ако има нерви за преговарање до 31 август :)
Дефинитивно Интер му е подобра варијанта од Барселона, еден Маскерано грее клупа, зашто не би греел и он кога на едната страна е Меси, а на другата Иниеста/Педро...
 
Не реков дека не е докажан,тука паднат е од форма,не е оној Кака што беше и порано,да фати топка од гол на гол да ја влече и да асистира за гол,Пасторе во моментов еден од подобрите плај што го знам,одлично би се снашол кај нас,и покрај толку арегентинци,али сеа за сеа не ни треба,си го имаме Весли !
 
Ќе испадне на крај да направат како што им кажа Сасуке :)
 
Снајдер да се продаде за КЕШ, Кака на негово место, Маикон се продава, Кришито лев бек, Нагатомо десно, со остатокот и нешто плус се купува Санчез... мислам тоа беше во кратки црти... останува уште Пандев да се продаде и се е таман, и со пари да не се потрошат многу и пак да сме јаки.

Сега јбг, има еден ситен проблем: да се даде сигурен плеј како Весли за нов плеј, кој и да е, е огромен ризик. Тоа е преломно место, тука ако потфрли играч, наебавме.
 
И што ако Кака бил докажан во Италија, демек автоматски ке биде ѕвер и во Интер? Снајдер беше докажан во Италија пред да дојде во Интер? Аман веќе со овие детски аргументи...

16 милиони + 50% од тројца играчи, меѓу кои и Кутињо и Марига. Јас да бев претседател на Удине никогаш, ама никогаш не би го признал ова, голема среќа ќе биде да признае ваков договор, ама пазете освен ако уште од сега им се одреди цената на тројцава младинци, многу тежок фејл ќе направиме за во иднина. Кутињо ќе покаже зошто цела таа галама олку него уште на 15 годиншна возраст (за разлика од анти талентот карја), и ако сега вреди 6 милиони на крај на сезона може да вреди 15 милиони, исто и за Марига и за третиот играч, и ако Интер сака да ги врати назад што ке правиме после? Уште младинци ке даваме за да ги вратиме овие? :D

Абе олд скул трансфери, каде што се знае како се работи, даваш пари, ти даваат играч и сите среќни, вака не сака на рати да купи играчи а сака да си го искомплицира животот. :D

И не сум песимист воопшто во смисол само на лошо удирам нон-стоп, него го кажувам тоа што го мислам. Ама ајде не биди лут на Маикон, Снајдер аут, Кака и Санчез ин... логикава...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom