Интер нема концепт, ништо, поголемиот дел од членовиве на темава не беа на форумов на времето кога идеа дискусиите за Манчини дур беше во Интер, сите бевме согласни дека типот само ради квалитетното парче хартија има резултати во Италија, уште тогаш го теравме следниов муабет, а тоа е дека тимот делува дека Манчини само одбира кој ке игра, ги поставува во 442 формација и тоа е тоа, па што биде биде, а со Ибра во тим едноставно и да сакаа не можеа да губат во Италија, затоа во ЛШ беа мизерија. Немаше член на форумов што навиваше за Интер а беше против негово заминување, башка што сите знаевме кој доаѓа, едвај се чекаше крајот на сезоната за да се официјализира тоа.
Колку години поминаа, сликата е буквално идентична, со тоа што има послаб тим на располагање, ниту емполи, ниту сасуоло, ниту торино имаат подобар тим од нив, ама Интер беше мизерен, немаа никаква идеја, јалово напаѓаа а што е најтрагично, Манчини беше задоволен од играта, бар така кажа по торино што е и те како загрижувачко, бидејќи реално беа хорори и на ништо не личеа и незнам како човек може да е задоволен од тоа издание...
Манчини е најлошиот тренер по Мурињо според скорот во првите 10 натпревари, ако се тргне на страна гасперини зашто он 3-4 официјални меча само го водеше Интер, незнам од каде оптимизмот кај дел од вас откако дојде Манчини, незнам на која основа стварно, во Интер работеше во услови у кои реално и ние од форумов да ги водевме ќе лапавме скудета, а може и бољи скор во ЛШ ќе имавме, не е случајност што го избркаа а освои титула, во Англија освои еден голем трофеј на среќа со страшно добар тим, и беше очаен во ЛШ, со срамна елиминација во групна фаза, во Галатасарај беше исто беден и избркан, едноставно неговото време во Интер требаше да е завршено, вака се врати и ќе си го извалка она што го направи до Мурињо.
И ја сум против менување на тренери ама со Манчини ко стратег кој е у онаа група на закоравени второразредни тренери однапред се осудени на пропаст, летово ако е достапен Симеоне, или по некоја случајност Конте, Тохир не треба да му ја мисли многу, поготово ако и сезонава се истера со зеро титули. Според мене једино нешто што би му ја спасило работата на Манчини е освојување на ЛЕ, а таму конкуренцијата е ебано добра и претешко ќе биде тоа да го изведе, башка во Европа до сеа у кариера мизерно се покажал.