јас не ги разбирам од каде дојде оваа финансиска криза во Интер кога другите клубови трошат на големо??...милион пати Syn има објаснувано за тоа и сепак неможам да разберам како тоа само Интер е во зијан 100 милиони секоја година а другите клубови имаат големи приходи.??..!..ајде разбирам друга земја други даноци,курци,палци..ама Јувентус и Милан??..или тие дека не трошеа низ годините и ајде сега одеднаш му идат по 70-90 милино ерва за трансфери а кутриот Бранка се бламира со Мунтари и Суазо за размени!
Им постави некој слично вакво прашање на fcinternews, незнам дал му одговорија, ме мрзеше да ги чекам а и имав бајаги работа ...
Нејсе тоа, верувал ти или не, Јувентус и Милан СЕКОГАШ стоеле финансиски многу подобро од Интер, и тоа пази, ова важи за Јуве кој беше една година во Серија Б и две години беше без излез во Европа.
Работи кои ние ги забораваме е дека Морати до 2005 УБЕДЛИВО најмногу трошеше во Италија, тоа УБЕДЛИВО не се 20-30 милиони евра повеќе од останатите, него бројката е трицифрена, друго, во меѓувреме се планира нов стадион што е трошок повеќе од џебот на Морати, трето, неговата компанија Сарас беше погодена бајаги од економската криза па и тоа е проблем повеќе за неговите финансии и тн и тн ...
Земи ги тие аспекти во предвид, Јуве и Милан никад не трошеле ко Интер, Јуве и Милан стојат далеку подобро од нив финансиски и до некаде ќе добиеш одговор за овие две екипи во споредба со Интер.
Единствено Јуве што градат свој стадион ама пак, нивните финансиски извори стојат каде-каде подобро од оние кои моментално ги поседува Интер, односно, Морати.
Интер финансиски ќе зајакне, и тоа бајаги, кога ќе го изгради сопствениот стадион, алудирам на тоа дека убеден сум дека повеќе ваквите проблеми во тек на трансфер маркетите нема повеќе да егзистираат, а до тогаш постои веројатност да гледаме ваква слика.
Еве, иди на гугл и само види колкава разлика има од трошењето до 2005 и потоа, како наеднаш инвестициите добиваат една дигресија и како наеднаш се прекина со фрлање на огромни суми за фудбалерите, над 20 не фрлиле од времето на Ибра ако не се лажам. Далеку од тоа дека биле конкурентни па се решиле да не фрлаат многу пари, ете лани го продадоа Ибра, на старт од сезона беа СЕ само не конкурентен тим за ЛШ ( што беше огромна желба на газдата ) па сепак со паметни инвестиции кои беа далеку од големи, и постапки, се случи тоа што се случи уз Мур нормално.
Соочете со фактот дека тимот во моментот е погоден на финансиски план, тоа е аргументирано со факти, од друга страна, доаѓа она долгоспоменувано ФФП правило кое дополнително им ги замрсува сметките.
п.с. Морати никад јавно нема да излезе и да каже, немам пари, затоа нонстоп го потенцира ФФП правилото али ако се разгледаат од страна работите, истото е една од причините зашто Интер не се расфрла со пари, останатото е набројано погоре. Ова е мој став за Интер моментално, од она што сум го читал низ медиумите и од она што сум го дискутирал со еден пријател од Хаг кој моментално пишува за fcinternews.it a кој одлично ги познава работите во тимот.
п.м.с. За да нештата бидат онакви какви што ние тука сакаме да бидат, во поглед на трансферите, единствен начин е Морати да го продаде тимот на Арап, али тоа е веќе сајнс фикшн муабет кој нема потреба напразно да се дискутира.