Фан Клуб: Интер

Не решија Рома во последниве неколку сезони, третиот гол класична контра и шутната на единиот ефикасен начин, кога иде иде, тоа е. Само да не се репризира падот од претходната сезона, АМАН.
 
Рома многу подобра и многу повеќе игра тимски од Интер, заслужено си ги искористија шансите, Тоти е прав император, каков и да е, и каков и да има карактер, игра неверојатно, поготово на 37 години :cuc:
 
Вечерва сите сакаа у напад да играат,почнувајќи од Исусот па до Камбијасо.
Аман бре,да се немало тимска игра и пожртвуваност.
Ротацијата ќе не ебе цела сезона,видовме и сами што се дешава кога у тим го немаш Кампањаро.Потоп од типот на Дедо Ное.
 
Момци пеналот беше непостоечки, фаулот беше надвор од шестнаестерец али не смееме да бараме изговор во тоа за денешниов пораз. Едноставно Рома не надигра на секој можен начин и заслужено ги однесе трите бода. Катастрофален пораз е ова, 0-3 на домашен терен не е баш поднослив пораз за тим ко Интер, али јебига, нема назад, мора од следната утакмица да идат на нови три бода.

Ептен се осети отсуството на Кампањаро и Џони, да добро прочитавте-ЏОНИ, пошо оној Переира е најсакат фудбалер на светот. Рома си ги искористи сите свои шанси во првото полувреме и уз поклонетиот пенал успеа да набилда огромна предност која требаше само рутински да ја задржат во второто полувреме, што и го направија во продолжението. Да влезеше оној шутот на Гуаро на 0-1 многу работи ќе се сменеа али немаше среќа и ја искрши стативата.
 
Што е, тука е,продолжуваме напред.

Кампањаро фали назад, со него се добива цврстина и Ранокиа и Хуан со него се посигурни.
Переира, што да се каже за овој, очај, можеби требаше да го продадеме во Тотенхем.
Целта за оваа година е јасна место кое води во Лш.
 
Ќе испадни дека само плачеме по судии и дека некој ни е крив, но еве го „пеналот„ од Рома...
1375022_10151740111039069_1082739528_n.jpg


1379887_10151740111109069_858975395_n.jpg


Да, имаше фаул, но надвор 16тик...џабе стојат тиквариве во жолто :facepalm:

Што се однесува на натпреварот, Романистиве екстра изигрија на чело со овај Жервињо и се гледаше јасно кој каде игра.... за разлика од нас каде едно време не знаевме кај тераме :cautious:
Сепак, се ќе беше поинаку според мене доколку шутот на Гуарин (стативата) завршеше зад голот и доколку оваа спорна одлука не беше досудена.

Али то е то, продолжуваме понатаму... Форца Интер! :love:
 
Аиии шо се издеси, Потоп, Интер ако не ти зацрни бела ноќ, нема кој друг, ок, можеби и самото присуство на Деко у Мондано, деби за него годинава ...

Мечов беше нешто слично ко и лани кога даде Касано случаен гол, надиграни на домашен терен, Рома изигра далеку подобро, го користат максимално моментумот и тоа е тоа.
Место за паники ( сеуште ) нема, и се надевам дека нема ни да има, сега тимот е пред еден нов тест после ваков пораз па да видиме како ќе реагираат, има време Мацари цели 2 недели да размисли што точно се случи денес и да се работи на тоа целосно да се неутрализираат слабостите кај одредени индивидуалци, зашто денес причината за поразот е токму таа, играта на одредени поединци која беше ужасна дури и за стандардите на еден просечен играч од македонско првенство.

Пишав пред 2 недели мислам, Мацари многу внимание обрнува на поседот и мрази кога играчиве губат топка на средина на терен во ситуација кога треба да направат некој прост потег и пас, цело време фејспалми прави по изгубени топки и во 2 наврати потенцираше дека противниците даваат голови или имаат изгледни шанси за гол по такво продавање на поседот, денес тоа премногу ги кошташе ( Интер има големи проблеми кога одбраната не е дефинирана а противникот притиска за гол ), сите 3 гола паднаа по такви ситуации, поготово она првоно на Ранокија кој денес беше една џиновска Нула во пакет со Переира а тука некаде беше и Нагатомо, очобол беа, очобол.
Тие моменти, навидум мали, денес ги коштаа преголем пораз, једина замерка што ја имам за Мацари е што не стартува со уште еден шпиц напред, нешто што мислам дека од наредно коло ќе се промени, едноставно премногу играчи од нападот му дремат на клупа а Паласио не е ни класичен шпиц, во сите дерби натпревари он беше невидлив напред, па евидентно е дека против посилни противници кои ги принудуваат Интер да играат поповлечено, во нападот се анемични и Паласио не се гледа ( Рома, Фиорентина, Јуве ).

Таљавенто не е крив за пеналот, крив е оној асистентон позади гол кој имаше перфектен агол да види каде беше направен прекршокот, и ние од аголот од кој идеше преносот прв впечаток имавме дека е внатре, а и Таљавенто од таква коса позиција ја следеше цела ситуација, но смешно е после денешново издание на двата тима да се цепидлачи за неговото судење кое беше ок, бар според мене.

Сега следи доста лесен распоред за Интер каде мора да се влезе all in, оптимистички сум расположен за периодов што следи, очекувам и користење на киксови на конкурентите и до Јануари да не се дозволи нивно драстично одлепување на табелата.

p.s. А,и да, Ковачич мора да има зацементирано место у прв тим следниов период, во пакет со еден од Икарди и Милито.
 
Не фали толку Кампањаро колку што Ранокија прави глупи киксови, место да исфрли како што треба топка на пола терен, тој како да нема сила ја шутира, плус некогаш влече од сама половина до повеќе од центар сам, каде што во случај да ја изгуби топката остануваме со 2 одбранбени, и секогаш не уништуваат на контри.
Треба да се проба кога ќе се врати Кампањаро со Роландо, денес мн јако си изигра, ептен стабилен играч, не се поминува лесно, висок е, а доста брз.
Хуго - - - Роландо --- Хуан, мора вака да се проба некоја утакмица и да се седне Ранокија, долга е сезоната.
Исто многу е затворена оваа формација со Паласио како единствен напаѓач, мора да игра Милито или Икарди, вака не го користиме Паласио, а може да понуди многу повеќе.
 
Јас би да ги старта Паласио и Икарди напред а зад нив Алварез/Гуарин/Ковачиќ да ги хранат со топки 2-5-3 формација или 3-4-3/2-1-4-3 во ситуција кога клучните крилни играчи му се повредени или суспендирани па мора да игра со спастикот Переира. На полувреме да освежи напад со Милито/Белфодил. Само што влезе Икарди одма влезе во шанса за гол, страшен осет за простор има. Многу подобро игра Нагатомо лево а на десно да го игра Валас дур се опорави Џонатан.

А зашто го поништија голот на Ранокија, не разбрав што се случи. Не видов никаков фаул во напад, може беше офсајд ситуација? Во секој случај поразот е ради себичната игра. Едноставно мора топката да кружи, неможе само со пробиви ала Алварез да проаѓаат, ги научија и ги покриваат со удвојувања и тоа е тоа.
 
Ајде сите да дадеме по 100-че, да му земеме на Деко reloaded! дримбокс за по дома.

Дојде денес у Мондано и потоп се задеси.

Фала многу, пријатно.
 
Знаев дека ќе изгубиме....Рома е измислена екипа за нас нема што тука..не знам каков малер не затера ама со Милан и Јувентус и кога сме очајни сме рамноправни против нив..а против овие римјаните губиме како магариња и тоа секоја ебана сезона не надигруваат на домашен терен и изгледаат како Барселона против нас..добро бе што му се случува?..
 
Добро шамарење ни удрија, и навремено. Да се надеваме дека ќе извлечат поука. Со 11 Гуариновци на терен не се игра. Одбраната нека се прибере малку не се на екскурзија.
 
Стварно мислите дека Ранокија треба на клупа да седне за да игра Роландо?! :facepalm: Беше лош вчера Ранокија да, ама Роландо беше 3 пати полош, ејј го направи играч оној тркачон Жервињо, Хесус падна под притисокот на Тоти и тоа беше тоа.. Камбијасо тотално се изгуби и како капитен и како играч кој требаше да ги прекинува нападите на Рома, поминуваа преку него како невидлив да е.

Крилата ништо не играа, Нагатомо нигде го немаше, Переира барем беше солиден у одбрана.. Алварез тотално прочитан, Де Роси не го пушти да мрдне, Паласио отсечен.. MAЦАРИ ПАЛАСИО НЕ Е КЛАСИЧЕН ШПИЦ!!!

И да, не беше тоа фаул у напад од Ранокија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom