Фан Клуб: Интер

Жулио во Наполи , навистина ќе биде тешко да се гледа...
Ич нема да биде тешко, со уживање ќе го гледам. По можност и пенал да ни одбрани во 90'та минута и да го јадеме.

P.S.
Ништо против Ханда, генерално хејтање на одборот што раководи со задругава..
 
Ќе се враќаат и ќе играат за 1 милион годишно а во Интер не прифаќаа 2.5М, тоа е таа љубов према клубот. :)
 
Кога заминаа не заминаа за милион. Башка дискутирано сто пати, не можеш да уценуваш играч да се согласи да си го намали договорот. Кога си го викнал си го излажал за некоја сума и затоа потпишал инаку ич немало да дојде. Сега тој да ти намали плата за Киву да зема 3 милиони на клупа и Бранка да тера туризам по Бразил... остај ти тие филмови за љубов кон клубот :) Договор си е договор, како очекуваш играчите да си го исполнат, така треба и ти да ги исполниш обврските кон нив. Се друго е фарбање.
 
Ич нема да биде тешко, со уживање ќе го гледам. По можност и пенал да ни одбрани во 90'та минута и да го јадеме.

P.S.
Ништо против Ханда, генерално хејтање на одборот што раководи со задругава..

Донесувањето на Ханданович е една од ретките паметни работи од страна на нашата управа во последниве 2-3 години.
 
Доаѓањето на Хандановиќ е. Заминувањето на Цезар не е.

Ама тоа е кога ќе размислуваш од аспект на градење тим за највисоки дострели. Ние сме во (завршна) фаза на демонтирање на тим така да не е вредно да трошат зборови...
 
Не те разбирам. Како доаѓањето на Ханда е добар потег а заминувањето на Цезар не е? Не се лажете дека Цезар е легенда на клубов, легенда е Занети, а Цезар е само играч кој е еден од многуте кои биле во овој клуб и подоцна си отишле. Тогаш кога го дадоа, можеби односнот на управата не беше во ред и не бевме задоволни ние фановите, али еве после една помината сезона може да кажам дека сум тотално задоволен од Ханда и сум среќен што се случи тој трансфер.
 
Пишувавме тогаш ме мрзи сега пак да објаснувам...

За легенда, ако за тебе е легенда само играч кој поминал долго време во клубот тогаш во ред. Легенди се оние кои што го достигнуваат она што за другите е невозможно. За мене голман на генерација која стана првак на Европа после 40 години е легенда. Ако Цезар не е легенда не знам кој е, Паљука? Еден Зенга се смета за легенда а во цела кариера во Интер освои едно скудето и Куп УЕФА. Што е се во ред, не викам дека не е легенда зошто пак, си има и други фактори, ама не може тој да биде а Цезар да не биде, затоа што Зенга бранел подолго, иако не освоил скоро ништо. Што дека сме имале 20 тренери во 40 години кога од Херера наваму само Мурињо направи екипа со вистински победнички менталитет. Кој е поголема легенда од Мурињо?

Tака да не е во ред да дисквалификуваш легенда на клубот затоа што не ти е сосема јасно значењето на зборот.

Ханда е одличен голман. Тој е лик кој ти дава сигурност на голот. Не е нималку спектакуларен голман и искрено досаден е за гледање, ама си ја врши работата. Во неговите одбрани нема никаков жар затоа што Ханда ти е типичен ладен професионалец. Самиот тој нема никаква конекција со публиката и има уште многу години работа за да ги пополни чизмите на Цезар.



И на крај, пред да ги критикувате играчите запрашајте се две работи:

- дали вие ќе останете на иста работа во компанија водена од идиоти?
- како врвен играч во еден клуб треба да реагира кога политиката на клубот е играње со гага играчи во следната деценија?
 
А се сејкаваш на многуте киксови на Цеззар ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom