Колку треба да плати Киву што е во тимот?
Ова емоции, љубов, фер, фемили..... Во реалноста имаш професионален договор. Кога ќе ангажираш играч за одредена сума, го земаш и ризикот дека истиот може да се повреди. Не може да се пишманиш на сред договор и да го уценуваш играчот. Колку пари му дадовме на Суазо? Како тоа поминале тие времиња кога земале пари за ништо? Кордоба во последните две години? Киву?
Снајдер има договор. Професионален договор, пошто кога доаѓаше го излажаа дека доаѓа во професионален клуб. Зошто Снајдер би изгубил 3 милиони кога Киву зема 3 милиони онака од што му е симпатичен на Морати? Ова што ти го кажуваш можеш да го бараш од играчи како Занети и Камби кои се 100 години во клубот, и тоа да го бараш учтиво, а не со уцени.
Интер може да го стави Снајдер на трансфер листа ако не им одговара да го плаќаат толку. Сигурен сум дека и тој не сака да игра во ваков Интер, па нема да биде тешко.
Киву си ја намали платата за да остане, не зима 6 милиони него 2.5. И да не се повредеше, Киву ќе играше стандардно место Хуан.
Интер последниве години беше клубот со убедливо највисоките плати во Серија А, без некои значајни резултати (дури и во сезоната на треблето бевме во минус), што значи големи загуби, продавања на ѕвездите и купување ефтини/никакви играчи (ова што се дешава у последниве 2 години) за да се балансираат сметките, за Морати да не дава пари од негов џеп. Затоа од оваа година (не знам што ги спомна Суазо и Кордоба.. со поминале тие времиња мислев на овој Јуни) Интер се решија на раскинување на договорите на бескорисните играчи, намалување на платите на играчите со големи плати (ако не прифатат, аут како Цезар) и давањето помали плати од 1-3 м. на играчите што ги купуваат.
И сеа не може останатите првотимци да зимаат 1-3 м. а Снајдер да зима 6. Затоа му е понуден нов договор со помала плата (од 6 на околу 4.5 би требало).. ако не го прифаќа (а не го), у Јануари ќе го продават.
И Дејан и Милито зимаат високи плати кои не ги заслужуваат ама они имаат 100 години, не се будали да прифаат да бидат продадени и у идниот клуб да зимаат 10 пати помалце или па не дај боже да ги раскинат договорите. Тоа се непоправливи грешки од минатото.
beneamata
Не ме заебавај, играчите не одговрале на тимот. Па кој играч ќе одговара на средниот ред составен од Занети, Камби и Дејан? Знам, знам.. Меси, Роналдо, Ето и уште 2-3ца.
А што ти е поентата со тоа 5-6 милиони за Бљабљани, 5-6 за Паломбо, 5-6 за овој-оној? Сакаш да кажеш дека со тие пари што сме купиле 5 играчи од по 5 милиони, сме требало да купиме 1 добар играч од 25 милиони.. и така ќе влезевме во ЛШ? И ако тој играч се повреди, Бранка да играше место него зашто он е крив за се? Тие играчи што сме ги купиле, биле замени за некои што си отишле. Не може сите да ги замениме со 1 играч. Затоа Бранка морал да купи 5-6 ботови од по 5 милиони, зашто имал буџет од 25 милиони за да купи 5 играчи.
За Ето си делумно у право иако никој не ти гарантира дека да останеше Ето ќе влезевме во ЛШ (со таков тренер и играчи). На пример, Ето цело време ќе беше повреден под водство на крофнето и па исти кур ќе ни беше.
Него вака можеме да се контраме до другата година, затоа да ми одговори ми само уште на ова прашање и ја завршувам со оваа тема.
Ако Бране Шеширот е крив за се ова што ни се дешава/се дешавало, зошто уште е во Интер, зошто Морати не го шутнал на клоци до сега?
Ја мислам Бране уште е тука зашто Морати знае дека он е крив него - толку пари - толку музика. Ти?