- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.667
- Поени од реакции
- 119.980
Стандард натпревар за Интер оваа сезона, ќе дадат еден или два гола и после чекаат на контри, но јас сум задоволен од ваквиот развој на настаните во дерби дуеливе, единствено ме нервира со малите екипи кога ќе се повлечеме. Добро е за тимов што победија денес, следното коло имаат пеколно тешко гостување во Рим против Лацио, е и таму ако победиме тогаш ќе биде одлично. На зимо мора да се купи напаѓач и еден во одбрана, Милито се повеќе и повеќе делува незаинтересирано и не може да издржи повеќе од 60 минути на терен, Касано исто си има проблем со кондицијата.
Денес одлични беа Ранокија, Хуан и Камби, особено Камби, страшно изигра како дефанзивец, од средниот ред Гуарин чиста 10ка од мене, трчаше како коњ 90 минути, а исто ме изненади и Нагатомо кој доби доста дуели до играчите на Наполи и во глобала беше добар. Касано ѕвер, Милито преодна оцена ради голот, друго ништо посебно не направи.
Се на се ова е добар ветар во грбот пред дуелот со Лацио, таму мора да се оди на победа за да се одржи чекорот со Јувентус а и да ја одржиме разликата во однос на Наполи и Виола.