Ама се смени расположението.
Јас не сум нешто многу разочаран од тоа во каква ситуација сме во моментов (може да се промени тоа во следните утакмици коа играме со Наполи и Лацио), зошто искрено очекував ваква криза кога тогаш да не погоди. Проблем е што се случува баш пред многу тешки натпревари и што лоши резултати ни се потрефија последователно. За моралот на екипата е лошо, зошто е нов тим и поопасниот дел, нов е тренерот.
Мада ја мислев дека ќе се случи ова и порано и добро е што имаме добри бодови до сега земено. Ни остава простор тоа да се држиме горе додека ни се случуваат овие работи.
А и како што не беше Страма реинкарнација на Мурињо кога доби неколку утакмици на контранапади, така и сега не е до толку црно. Не треба да се оди во крајности.
Пример и денес, зошто со оваа поставеност, позициона, на играчите не може долго да се продолжи. Посебно ако успееме следната година да идеме во ЛШ, за таму мора да се мења ова со три дефанзивци и само со бекови што даваат ширина. Ако играч како Бљабљани на овој начин ни го користи просторот што останува на крилата, тогаш можете да замислите што ќе се случи кога би играле против тимови, што напаѓаат од крила и што имаат крилни напаѓачи како Меси, Роналдо, Робен, Ројс. А скоро сите топ тимови во светот играат со многу ширина и пробиваат најмногу од таму. Паметен тренер, со добри играчи и со брза игра, може коплетно да не размонтира.
Тоа што во Италија скоро на сите крилата и бековите им служат за да се развлече одбранта и да се тргне притисокот од средината, не значи дека цел свет ќе игра така. Мислам дека и Јувентус ќе научи сезонава на потешкиот начин.
Интересно е што пробува Страма да се врати полека на тоа што го форсираше на почеток во Интер, ама нормално, не иде тоа така лесно. Не може секоја утакмица да си играш со стилот на игра. Не иде тоа така. Ни се тренерите на противниците глупи, ни нашите толку добри за на тој начин да мењаш радикално работи од натпревар во натпревар. Не е ова нисколигашки фудбал.
Веројатно и сам виде дека нема да држи тоа уште многу.Мене затоа и ми пречеше уште во старт кога со Фиорентина, Киево, Милан го сменивме начинот на игра, баш ради тоа што кога ќе тргнеш еднаш со такви радикални промени, мора да бидеш сигурен дека ќе запали, зошто нема после пу пу не важи. Примам многу голови, ај ќе играм поназад со повеќе играчи, ако не праам доволно шанси и немам контрола ќе се ги вратам назад. Тоа може само во предсезона или на менаџер.
И последно, знаев дека на Страма ќе му се чукне од глава, тоа Moratti is a father figure for me, глупостите и стоте пати фала што им кажа на цело раководство. Дури е и смешно малку. Тука за мене најмногу се гледа колку е неискусен. Сега кога малку почнаа да клизаат работите, сите пак на него на глава му се качуваат. Сигурно нема Морати да искочи или Бранка да ги испере гомната, туку овој прлето ќе биде извидникот што прв го пие куршумот. Not so smirky now, eh?
Иако баш во моментов кога имаме резултатска криза и тоа голема, нашите ценети раководители решија да се понашаат како buccaneers и да нудат смалени договори на сите клучни играчи, што тие самите ги преплатија пред некоја сезона, со некои смешни стратегии на принуда. Али нормално Страма ја изгуди контролата врз тимот.