Реалноста е оваа. Од Страмачиони не сум незадоволен, човекот ја поправи играта многу. Не е тој крив што Лусио од триплетата наваму си прави излети, и што имаме напаѓачи што убиваат гулаби со ударите.
Дека не игравме денес добро во прво полувреме, не игравме, но ја имавме контролата се додека Колосот наш уморен и загубен не се истакна. Имаме уморна, скапана одбрана која не може против брзи играчи. И неверојатно лош напад.
Тоа што играме ЛЕ е добро, подобро ќе беше да бидеме 7ми, ако има уште шанси за тоа јас би ги изгубил следните два натпревари. Не гледам зошто би се нервирале во ЛШ 3-4 месеци за после да испаднеме од екипи како Шалке или Марсеј. Најдобро ќе биде да си ја средиме екипата следната година, за да немаме маки во следниве неколку години.
Не сум разочаран, сите слабости во екипата се видливи, сега нека ги средуваат работите една по една.
Io out.