Фан Клуб: Интер

Веруј ми, не е посмешна од италијанската, со квалитетот на исто ниво се моментално, страшни германски таленти извадија, глеј им ја и репрезентацијата и спореди ја со италијанската.
Е сеа проблемот кај нив е што од година во година има голема разлика во квалитетот на одредени тимови, таму може во една сезона 1 тим да се бори за титула до последно коло а наредна за опстанок, такви драстични разлики имаше кај Шалке, Вердер, Штутгарт и ред други.

У секој случај за Клоп конкретно, за мене, он е еден од најнадежните тренери моментално, пред Боаш без размислување го ставам а и феномеално работи со младите фудбалери и има супер сенс за неекспонирани млади играчи, нешто што и те како фали во Интер со години и години а се обидуваат да имплементираат таква политика и слабо им иде, не е случајно што се шпекулира и за техничкиот директор на Аталанта кој на времето одлично работеше во Удинезе и Наполи, он ги доведе Хамшик и Лавеци. Останатите тренери ич не ми се свиѓаат од тоа првенство, Лев го неам видено како се носи со клуб, али Клоп очекувам во иднина да вади супер резултати и со голем тим, претпоставувам Баерн Минхен или евентуално некоја екипа од англискиве.
Ни еден тим во италија со 22-23 годишни играчи нема да освои првенство, без разлика дали Мурињо-Гвардиола-Раниери-џкалкдјас е тренер на екипата. Ова колку да ти доловам колку е полесно да освоиш во Германија титула отколку во Италија, каде екипа со Арнаутовиќ може да биде шампион, или пак со Ибишевиќ.

Клоп можда може да се носи во Германија, во ЛШ како шампион на Германија испадна, додека Наполи како четвртопласирана екипа во Италија и во група со Баерн Минхен и Манчестер Сити отиде во следно коло.

Моментално неам против ниеден тренер да дојде, па и Гасперини и Леонардо, толку ми е сеедно...
 
Баталете ги сите бе , овој Биелса изглеа научник е по фудбал . Не одби овој летово или што беше ако знае некој ?
 
Баталете ги сите бе , овој Биелса изглеа научник е по фудбал . Не одби овој летово или што беше ако знае некој ?
Ги одби зашто веќе им даде збор на Атлетико иако не беше обврзан да стои на тоа.
Само и он ако не се лажам форсираше тактика со тројца стопери, стартуваше со 0 0 5 во Шпанија па ваљда смени формат, еве сега гледам со 4ца играше во задња линија.
 
Ги одби зашто веќе им даде збор на Атлетико иако не беше обврзан да стои на тоа.
Само и он ако не се лажам форсираше тактика со тројца стопери, стартуваше со 0 0 5 во Шпанија па ваљда смени формат, еве сега гледам со 4ца играше во задња линија.

Да стартуваше ама игра финале куп на шпанија , 2 бода го дела од 4 место и ги згази Манчестер :):)
У шпанија ги глеав пред некое коло , тогаш играа со 3 позади а вечерва со 4
 
Морати го избра Боаш. :)

И "Андре Вили-Боас, човекот избран од страна на Масимо Морати за следната сезона. Според португалски весници рекорд, Интер претседател ќе одлучи и ќе имаат веќе се пресели да се најде договор со поранешниот Челзи менаџер. Станува збор за една година од три милиони евра. Разбивање затоа конкуренција, Лорен Блан, на прво место

Гугл транслејт...
Преводов е "Напредок и братот"

 
Зашто е гнасно копиле :)
Зашто покрај се, тој се дрзна да го тужи Интер и Морати дека го преслушкувале, автоматски го бришат од меморија/историја :)
 
Кај ви е ИоСоно бе ? :)
 
А Менхетен кај ви е ? :)
Чека да помине уште некој ден за да може да смени ник и да се убаци у свој латиничарски стил. Постои голема веројатност во никот да има syn и bene, толку му чука а и го најави тоа.

Иначе Кориере најавуваат '' револуција '' на Интер, случајност или не истиов збор се поврзуваше и со Челзи кога дојде Боаш, он го најави тоа, нејсе, извадија муабет дека можно е Камби да замине ... а и Занети.

Сум за првиов да си оди, можат и пари да се земат колку толку, а и има уште да покажува, во тим ко Јунајтед парче ќе прави, се надевам Ферги ќе загриза за него, 2 години има да кине во тој тим, у Интер тешко, не одговара и на стилот на игра, слично ко и Мунтари кој полесно игра во Милан на пример.

Додека пак Занети не верувам да си иде, неговото заминување ќе биде проследено со пензионирањето, ко и Малдини, но у секој случај треба бајаги да му се десеткува минутажата, време е, и у средина ни на крај памет веќе да игра.
 
Чека да помине уште некој ден за да може да смени ник и да се убаци у свој латиничарски стил. Постои голема веројатност во никот да има syn и bene, толку му чука а и го најави тоа.
.

Ха ха, добар. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom