Фан Клуб: Интер

Не игра во последно време. :)
Знам друже дека не игра пола година фудбал тој, а трчат ко слеп за стап по него. Ако му се играше и во Сити ќе се потрудеше.
Тури му ку&от.
 
Знам друже дека не игра пола година фудбал тој, а трчат ко слеп за стап по него. Ако му се играше и во Сити ќе се потрудеше.
Тури му ку&от.
Види, во нормални околности, ова ќе беше трансфер кој јас лично не би го оправдувал.
Во околности кога на Интер очајно му треба ваков фудбалер ( на пазаров реално, Тевез и ваков каков што е е убедливо најдобрата опција ) и во околности кога и Милан сакаат да го доведат, Тевез е одличен трансфер, win-win ситуација.

Е сега според одредени фудбалски аналитичари од Италија, он ги одбрал Милан пред сите останати, колку е точно тоа незнам, ама АКО ова е вистина, нема резон да се критикуваат Интер, поготово Бранка кој е само преговорач а со оглед на тенките финасии, не може сигурно да отиде он во Манчестер и да каже еве ви 30м у кеш, чао-пријатно.

Ќе видиме деновиве што како, ја се решив да чекам официјализирање на работиве, во секој случај во Јануари ја од кога ги пратам Интер не памтам да направиле некаков бомбастичен трансфер, да дале премногу пари за 1 фудбалер, па не ни очекувам нешто драстично да се смени месецов иако убаво би било тоа да биде случај ( Монтоливо, Тевез ).
 
Бранка толку е способен бе дечки. Он може да испазари само играчи од Џенова, Самдорија, Чезена, и такви мали тимови низ Италија.

пс. :pos:
branca-tevez.jpg
 
И уз пут Лусио, Снајдер, Милито, Мота и Пандев. ;)
 
Делумно е ова точно ...
Mурињо никогаш немал одврзани раце за трансфери, зборам одврзани во стил, да прави што сака, Мурињо имаше слобода но не до оној степен неговото да е последно.
Примери има неколку...
1. Тој што доаѓа со мене во Америка, останува во тимот - Мурињо, Ибра доаѓа во Америка но Интер се решава да ја прифати добрата понуда од Барса па Мурињо разочарано изјавува, никој не сака да изгуби играч ко Ибра но никој не би се противел и кога некој ќе му го донесе Ето.
2. Мурињо го сака по секоја цена Карваљо, Бранка го советува дека Лусио е и поисплатлива а и подобра опција, клубот се решава за она второто и останува прашањето дали со просечниот Карваљо Интер ќе успееа да се носат со предизвиците во ЛШ таа година, ко што се носеше еден Лусио кој во било кој дел од кариерата бил кока-кола за Карваљо. Ова за мене е еден од најдобрите потези на Бранка кои значеа премногу за тимот. ( ретко кој знае за ова )
3. Аранутович, до душа он не дека нешто посебно се покажа но колку да укажам дека Мурињо ја немал целата слобода во врска со трансферите. За него он кажа, поим немам кој е овој фудбалер, клубот ми го донесе, ми се допадна тоа што го видов, негово е да се покажува и да се бори за првиот тим.
4. Пандев, човек по кого Бранка тргна уште летоска што се покажа ко клучен момент при изборот на Пандев за неговата следна дестинација, самиот кажа, Интер беа единствените што ме сакаа летото, останативе чекаа да ме земат за џабе. До душа и Мурињо немаше ништо против носењето на овој играч, поготово откако настанаа проблемите со Балотели и неопходноста од уште еден ваков профил на играч за нападот и 4231 формацијата.

Единствената грешка на Бранка беше Гасперини ( ако е точно тоа дека он бил негов избор ), тоа е голем пропуст но кога влегуваш во лавиринтот за тренерски избор, поготово ако си дел од Интер и тоа пост-Мур периодот, грешките мислам дека се неизбежни.
Да беше Бранка лош немаше Мурињо и по заминувањето од Интер да кажува за него колку всушност значел за Интер дур он бил таму, немаше ни да го поврзуваат со Реал и Сити. Да имаше шанса Мурињо, без размислување ќе го земеше во Реал но таму друг одлучува за тоа, со тој буџет таму мамето ќе го расплачеа.
Од друга страна, со овој буџет на Интер, можностите се тие, нештата кон подобро, кога се во прашање трансферите, ќе тргнат во оној момент кога клубот ќе располага со доста пари за трошење ( 40м евра па нагоре ).

p.s. А и начинот на кој му ги донесе Милито и Мота на Мурињо, кои беа негова желба, прајслес, на уште незавршена сезона му ги сервираше. Ама тогаш имаа далеку побогат трансфер буџет па друга песна се пееше.
 
Се е тоа Ок, може е така, а може и грешиш, јас во неколку делови не се согласувам со тебе, но ме мрзи да ти цитирам.

Но сите тие играчи погоре што ги наброја, беа непожелни во тимовите каде што играа. Почни од Лусио па до Пандев. Така да не вреди да го величиш толку многу Бранка, бидејќи ништо спектакуларно не направил. Просто, тие играчи што ги наброја дел од нив сами ни ги понудија, а Мурињо беше тој што ги прифати, бидејќи негова беше филозофијата како треба да изгледа еден тим кој ќе освојува ЛШ.
 
Пак за малку а? :pos:
Абе некој баксуз не тера изглеа :D

Мислам дека не треба да се чудиме што што Милан скоро сигурно го зема Тевез, кога они 2 месеци го бркаат, поточно одкога му се случи тоа на Касано. Тоа е веќе сериозно тргање по играч, нашево не е. Нашево е неорганизирано " не знам баш што да правам" тргање по играч.
Јас мислам дека во најголем дел вакви одења на Бранка по бел свет за наводни преговори се чисти шпекулации. Тоа му одговара и на весникот, за тираж, тоа му одговара и на Интер, зошто изгледа пред цел свет дека се активни на пазарот ( публицитет). Win - win.

Нека ви текне само дека откако Милан ги зема Ибра и Робињо имавме наводно понуда од 40 милиона за Фабрегас, дека Швајнштајгер беше договерен, дека понудивме за Озил 30 милиона ( ова као од татко му). Исто и Санчез цела пролет само се договаравме како ќе го исплатиме иначе сигурен беше за кај нас.
Знам дека кажувам очигледни работи, дека не треба на весници и на наводни посети да им се верува. Само сакам да кажам дека за вакви трансфери треба многу работа, која ние не ја правиме, или не сме сигурни дека треба да ја правиме. Па затоа све божем ни бегаат вака во последен момент. Исто мислам дека ќе се случи и со овој Лукас, освен ако Морати не почне да фрла мн пари, што е малку веројатно.

Штета ако отиде Тевез во Милан. Од две причини.
Прво многу добро ќе ни дојдеше на нас во напад и ќе се вратевме малку во баланс. Второ што Милан за следните 2-3 години е огромен фаворит за титула као што стојат работите. Освен ако Јувентус не фрли уште еден тон пари.
Ние ќе завршиме со некој како Варгас најверојатно. Стар, еднодимензионален и со голема плата, ама за малку пари земен.
 
Мене ми не ми е јасно како може Тевез да го одбира Милан пред Интер кога кај нас врие од Аргентинци,зарем он не сака да биде во тим со свои колеги од репрезентацијата ! Ако е точно тоа што го пишува тогаш очи нејќам да му видам на Тевез,ова му доаѓа како да го тераме со сила да дојде кај нас! Одлуката останува на Тевез,па ке видиме што ке се деси!
 
@ hotmai
Toa се работи кои се потврдени од Мурињо, поготово таа за Лусио, а лани кога го видов Карваљо во Реал на Кампот, кога примија 5 комада баш дома искоментирав што ли ќе се случуваше со него во ЛШ, поготово во дуелите против истиот противник.

Инаку Лусио никогаш не бил понуден на Интер, Интер најмногу се поврзуваа со Карваљо за да од никаде искочи Лусио па по година дена Мурињо да потврди како уствари дошло до тој трансфер.

Бранка е критикуван од многу интернет фанови а 90% од нив не знаат која му е работата, еден сега гледам пишал ова со Тевез му е последна шанса на Бранка да остане во Интер .... ?!
Демек, ако Морати му даде 15м евра и му рече донеси ми го Тевез или ќе леташ, тука Бранка поебува ... ?!

Бранка преговара за трансферите и одлучувал за одредени фудбалери, дали биле бркани од клубовите или не сеедно, Лусио ко избркан од Баерн заврши во Интер а не во друг голем клуб а подоцна тоа се испостави ко огромно засилување ( еднo од подобрите во Интер у последниве 15-20 години ), незнам што очекувате вие при апла лимитиран буџет, можностите се тие, само тешко им е на многумина да се соочат со фактот дека Интер не троши ко порано па полесно им е да удрат на неоснован хејт.

Ја Бранка го критикувам најмногу ради изборот на Гасперини што не смееше да биде случај, но во фудбалот никој не е безгрешен, сепак направил многу за тимот и верувам дека при консолидирање на финансиите и поголем буџет, повторно ќе учествува во создавањето на силниот Интер. Еве погледенете што правеше Галијани кога Милан беа стиснати, продефилираа играчи ко Сендерос, Бориело, Хунтелар и ред други, со играч повеќе на терен од Интер беа лесен залак за противникот.
 
Мене ми не ми е јасно како може Тевез да го одбира Милан пред Интер кога кај нас врие од Аргентинци,зарем он не сака да биде во тим со свои колеги од репрезентацијата ! Ако е точно тоа што го пишува тогаш очи нејќам да му видам на Тевез,ова му доаѓа како да го тераме со сила да дојде кај нас! Одлуката останува на Тевез,па ке видиме што ке се деси!

Зошто мислите дека Тевез мисли со своја глава? Уште не научивте дека е muppet на агентот негов? Кај наумил тој, таму ќе „игра“ Тевез. Ова игра е во наводници зошто за некој месец пак ќе почне со проблемите.
 
Потврдено е и официјално од Inter.it дека Бранка е во Англија.
Но пак ќе кажам, ако желбата на играчот е да игра за Милан, а не за Интер и некој трет, тогаш единствен начин за да он дојде во Интер е Манчестер Сити да ја одбијат понудата од Милан па тек тогаш да биде приморан да оди во друг клуб зашто во Сити и дефинтивно не останува.
 
Зошто мислите дека Тевез мисли со своја глава? Уште не научивте дека е muppet на агентот негов? Кај наумил тој, таму ќе „игра“ Тевез. Ова игра е во наводници зошто за некој месец пак ќе почне со проблемите.
И ја тоа викам, Син ми кажува дека имал симпатии кон Милан :)
 
Не го викам ја тоа :), таму некојси аналитичари од Италија, релевантни за интеровиве протали.
Факт е дека доколку понудите се исти или слични, на крај он ќе пресече, со оглед дека Милан го има Ибра, Интер во секој случај може да му понуди подобри услови за престој во црносиниот дел од Милано па не верувам дека тоа би претставувало некаков проблем, поготово не по давањето на Ето.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom