Фан Клуб: Интер

Епа ќе кажам само: Неспособност.
Барем да не не маткаат,кажи дека немаш план да донесеш нови играчи и да не кинам живци. :)
 
Шала на страна, не е Бранка крив. Колку пари - толку музика. Демек Реал/Сити/ПСЖ имаат подобар технички директор? Па и јас да бев во Сити ќе го донесев кој играч и да посакам на планетава.
 
Шала на страна, не е Бранка крив. Колку пари - толку музика. Демек Реал/Сити/ПСЖ имаат подобар технички директор? Па и јас да бев во Сити ќе го донесев кој играч и да посакам на планетава.
Крив е, или тој или Морати. Не е само за пари.

За Варгас се правевме пишман аџии, давам/не давам... на крај се договори со Наполи и Бранка отиде со трчање да понуди иста сума на пари, ама беше доцна.

За Тевез, не се знае уште за колку пари го договорил Милан, според медиумите ние бевме спремни за 20/25 милиони. Тука некаде ќе биде трансферот само повторно, Бранка из лејт.

Додади го и Форлан-фијаското со ЛШ што не треба да му се случи на менаџмент од локална лига...
 
Јас повеќе би рекол Морати, но тоа е општа ситуација во Италија - се нема пари.

За Варгас можеби е некој дил со Наполи, ќе видиме летово. За Тевез уште не е завршено, да почекаме. Форлан е грешка која не не чинеше скапо, на голема среќа. Како и да е, нека заврши трансфер пазаров па ќе збориме. Отом - потом.
 
Завршен е трансфер пазарот. Само Џенова работи.

Не е дил, да беше дил немаше Бранка да трча и да јаде шамари кога овој имаше се договорено со Наоли. Во што би била поентата, да му ја рипнат цената и да го платат поскапо? :)

За Тевез е завршено, ти и Ико чекајте :)

И за Форлан, навистина не не чинеше скапо, ама такви работи во професионален клуб не може да се случуваат.

На крајот, Талахаси е во право кога вика дека се тоа треба да се стрела :)
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 20:20 ---
Е, си го објавил артиклот и првиот коментар типично:
kvaljarela definitivno covekot e zver samo mu treba malce vreme da vleze u sema i ke puni mrezi. batalete go ovoj ciganov nema srce za da igra za inter

Кваљарела е ѕвер. Тевез е гола вода. То је то. :)
 
Веќе ме потсетува на Ѓорѓи Колозов кога тропаше од врата на врата и никој нејќеше да го прими...
 
Агентот на Тевез вчера изјави дека не разговарал со Интер и нема намера да разговара.

Ова јасно покажува две работи:
1. Агентот на Тевез сака да ги затвори преговорите со Милан.
2. Пак доцниме.
Нема везе доцнењето, се е до желбата на играчот, се додека нема договор он е достапен за било кој клуб на планетата.
Ако Тевез одлучи да игра за Милан и само за Милан, и уз пут да ги одбие останатите клубови тогаш тука ништо не може да се направи, сепак Милан не се Фиорентина или Лацио, како и да ја вртиме, гигант се, голем клуб и моментално најтрофеен тим во фудбалот.

Тевез можеше комотно да се земе летоска но Интер немаа во план да одговорат на тие 30плус милиони евра кои тогаш ги бараа Сити, сега се случија некои '' непредвидливи '' работи, кога не сакаше да влезе на терен, проблемите со Манчини кои се продлабочија со што и цената му се смали а тука секогаш ќе се избацат гагаџиите бидејќи дефакто се работи за одличен фудбалер.
Едни од тие гагаџии се Интер, други Милан, така да ако навистина играчот Милан ги одбира пред сите останати, нема зашто да им се замери на Морати или на Бранка, читав дека и подобри услови му нуделе во договорот, а тука е и цела аргентинска колонија, па чим и пред тоа ги бира Милан, шта речи ...
Негов избор, тука Интер ништо не можат да направат.

А Геце ? Нема шанса да замине моментално од Дортмунд, а и кога ќе замине, тоа ќе биде за над 30м евра 100%.
 
Многу не се согласувам со тебе, значи:

јасно е дека се случија некои работи, јасно е дека цената му паднала, ама има некој кој зема плата за да ги следи тие работи, да биде во тек и да остварува контакти.

Второ, Милан не е Лацио или Фиорентина, точно е тоа. Ама Наполи не ни зеде играч на истиов принцип? (Остај сега тоа дил/мил и ќе се тешиме тука...)

На крајот, изборот секогаш е на играчот, ама ние не ни влеговме во трка. Тоа што му е падната цената требаше да ни даде шанси, нели?

Ако е се вака како што викаш, не ни треба технички директор, ни треба телефонска секретарка.
 
Иосоно, ти се водиш по тоа што го пишуваат медиумите каде докажано е дека во реалноста, зад онаа слика која ние ја гледаме, друго се случува, класичен пример тоа беше Диего кој отиде во Јувентус, пример за кој имам посочено на темава.

Да ми кажеш дека Наполи за таква сума може да им украде играч на Интер маломорген, ако Интер сакаа Варгас да го донесат, ќе го донесеа, очигледно е дека има позадина тој трансфер, иднината ќе покаже дали е тоа што мислиме и ние и тоа што се говори во Италија. Ако тоа се случи, вреди, и те како вреди.
А за Варгас нема што да се тешиме, ништо не знам за тој фудбалер, освен 20-30 сек од јутуб што се нафатив еднаш да го гледам, али сега со ваквиов полумртов напад и Пандев ни изгледа добро.

За Тевез, забораваш една многу битна работа, задрБранка беше во можност да го предвиди проблемот со срцето на Касано ? Милан немаа никаква потреба од засилувања на тој дел од теренот, они и летоска кога се поврзуваа со математичкиве поими хикс и ипсилон се правеа муабети за средината, они напред имаа супер фудбалери кои не можеа сите да бидат дел од првиот тим ( Робињо, Пато, Ибра, Касано ... плус Инзаги ), а Алегри обично и преферира 4312 формација па во повеќето натпревари само за 2ца имаше место напред.

Касано го направи овој проблем, од тој момент Милан почнаа да пројавуваат интерес за Тевез и тоа беше тоа, без Милан работата ќе беше дупло полесна, вака се искомплицира а како што гледам и Тевез очигледно сака да игра за Милан кои во ерата кога он фудбалски се образувал, газеле во Европа и се здобиле со една ворлдвајд популарност.

п.с. И не се умарајте бе, уживајте, секогаш ќе имаме наредна година кога е во прашање спортов ( освен оној репрезентативниот ). :)
 
Кажи ми зошто во реалноста, Бранка оди на средба за Варгас во последен момент?
Кажи ми зошто во реалноста Бранка денес беше во Манчестер?

Јас не можам да смислам доволно добра причина, сигурен сум дека Бене ќе каже нешто :)

Другото исто не држи:

1. Интер има лица кои се задолжени за трансфер пазарот, кои треба да ја пратат состојбата со секој фудбалер за кој се интересираме, па така и Тевез.

2. Ние треба да се засилиме затоа што ние сме за никаде, не затоа што Милан ќе го земе. Проблемот со срцето на Касано не можеа ни во Милан да го предвидат, од кога се случи, нормално дека ќе бараат играч. Тие можат недела дена да ни избегаат, а не месец-два. Нам сега ни текна.

Ние не можеме да кажеме (јас барем нема никогаш да кажам) дека играч одбирал екипа поради симпатии. Тоа во локална лига, овде се работи за професионализам, за понуди и договори. Ако си конкурентен имаш шанси. На крај, нека го земат од било која причина, ама барем да влеземе во трката.

Она што го гледаме е аматерски однос на нашиот клуб кој се почесто запаѓа во трагикомични ситуации на трансфер пазарот. Без разлика кои се причините, не ми се допаѓа, изгледаме смешно. Не е работата ни за Тевез ни за Варгас. Работата е што не знаеме кај тераме.

Ај, ќе почне ракометот ќе се замараме со тоа...
 
Бранка во реалноста беше низ Италија, не отиде он во Ј.Амаерика, беше напоменато за Аусилио и Хуан ( трансфер кој ако добро разбрав е договорен ) и дека уз пут ќе тркнел и по Варгас, дали отишол или не незнам ( не се умарам многу со шпекулацииве, пар работи читнав ), медиумите ако веќе се водиме по нив, излегоа со инфо дека Интер испратиле и подобра понуда од онаа на Наполи, како и да е, Наполи него го земаа за сума која Интер ја даде за Алварез, еден Пацини лани поскапо беше донесен, поентата ми е дека доколку Интер сакале да го земат него по секоја цена ќе го земеа, поготово зашто и Заморано можеа да го искористат многу лесно ( идол му е ).

За Тевез незнам за какво доцнење правиш муабет најискрено, денес работата не е кој прв дојде до 1 играч, туку кој ќе испрати подобра понуда, ако Интер сега дадеа 30 милиони во кеш, а каснат, ко што викаш, дали тоа ќе значи дека Сити само поради тоа ќе го дадат на Милан ? Не, нормално, а ако и двата тима понудат одредена сума и таа биде прифатена, потоа на ред се преговорите со неговиот агент уз желбата на фудбалерот, ако пресудно е она последното ко што почнува и да се шпекулира ( дека Тевез ги одбрал Милан пред сите останати ), џабе е кукањево, негово си е тоа и тука никој од Интер ништо не може да направи.

Дури и Интер да испратеа први понуда, Милан по Касано и вака и така пак ќе се свртеа кон него бидејќи ко што реков, прилика е со оглед на она што му се дешава во Сити, и пак ќе дојде на истово ко и сега.

А сега дека Интер се западнати во кризни ситуации на многу полиња, Се, не е ниту прв пат нема да биде ниту последен пат, после 2010 на поинаков начин ги перцепирам сите овие работи, повеќе од тоа тогаш знам дека не се во можност да ми понудат мене ко фан. Сега ќе се нервираме, за 2-3-5 години пак ќе бркаме врски за карти за следење на некој голем натпревар и прослава на големо трофејче , то је то, тркалото увек ќе се врти а нам ко неми посматрачи ни преостанува само да уживаме во овој фудбалски циркус.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom