Па по примен пацерски гол кој влијае дестабилизирачки за тимот, да ги неутрализираш Фиорентина цело полувреме а од друга страна да диктираш игра, да создаваш шанси и уз пут да збрцаш еден гол за повторно водство, не е мала работа у една ваква ситуација кога ко што реков, примија гол по грешка на голманот и подарија израмнување и во ситуација кога без разлика на противник они мораат да извојуваат победа со оглед на негативата која ја имаат на табела.
И второ полувреме Интер го изигра она што секој фан сака да го види од нив и тоа е тоа, башка имајте на ум дека ова е најдобро отварање на година за Интер, нека ви текне на што личеа претходните сезони од Јануари нагоре. Кога ќе додадеш на ова згуснат распоред, повредени фудбалери, очајна полусезона и голема негатива од Милан, моменталнава ситуација е одлична.
И незнам што толку сте се дрзнале за Нагатомо кога имаше далеку полоши играчи на терен кои да изиграа ко што знаат без проблем ќе се победеше Фиорентина ( Цезар, Снајдер, Маикон, Камбијасо ). Ја у Нагатомо глеам иден првотимец у тимов, бек со таква брзина и снаодливост напред, бек кој игра добро и со лева и со десна и што е најбитно, ај што знае да центрира со двеве нозе добро, и топка води и со една и со друга, што сакате повеќе ( апсурдно е да се споредува со атлетичарот Бијабијани, и тоа по само 1 меч каде беше далеку од мизерен ) ...
Вчера десната страна беше проблем за Интер ( каде што беше Маикон ), не левата, читајте го Барези што рече, намерно Ето играл десно баш поради тоа, а и голот падна од таа страна, и најсериозната шанса на Фиорентина пред голот беше по фејл офсајд стапица од Маикон.
п.с. А и ако му се суди на Нагатомо по 1 меч, каков беше Ранокија ( играч кој се на се ќе чини 17м евра ) у неговите први 3 меча ?!

Олабавете го камиказава ...