Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Колку сакам да успее човеков ...
Welcome to the Club. :D
Шала на страна, баш у дискусија со другар, фан на Милан, му имам кажано дека најдобро за Милан, покрај тимот што сега го имаат е и да го имаа Лео и оваа година со нив зашто со онаа повраќаница од тим лани, послаба и од тимот на Анчелоти кога се пласираа во УЕФА купот, изгледаше солидно а и загриза здраво за титулата од Јануари нагоре.

Немам големи очекувања како и да е ради сегашнава ситуација на табела, ама од наредно лето да, и очекувам минимум еден асален бразилец да се доведе, а зашто да не и повеќе. :))

--- надополнето ---

Условен е за нешто Леонардо или сеуште ништо не се знај?
Нема шанса, бар не во оваа полусезона, али ако добро разбрав има опција за продолжување на договорот но тоа ке зависи од тоа што ке го направи наредната година. Оваа ти гарантирам дека и со пласман во ЛШ на крајот и зеро титули ќе остане.
Е сеа ако заврши 10ти ... :)))
За тоа не ни сакам муабет да правам.
 
ОФИЦИЈАЛНО: Леонардо е нов тренер на Интер!

Ајде, со среќа нека му е, тешко дека ке истера до летово само, па и да не освои ништо, ке биде гарант во Интер и наредната година !
Сега кој е следен од легендиве на Милан ? Кака ? ...
После назначувањето на Лео за тренер, оној муабет, нема шанса, легенда на Милан е и слично ми падна некако во вода, а и патувањето на Морати во Мадрид такоџе беше сумјиво.

Не е битно, Ранокија доаѓа сигурно, Кака се најавува, исто и Алексис Санчез а и ништо чудно уште некој во средина да дојде, добар тим ке склопат зимоска само разликава на табела ги кине и во моментов ништо не гарантира. Ја сум и за враќање на Оријали али тоа тешко дека ке се реализира во иднина.

Како и да е, добредојде Лео !

Читав прееска нешто за некакво доваѓање на Монтоливо во средниот ред,незнам колку е вистина ова али ако дојде и Монтоливо на коњ сме :icon_bigg
 
Читав прееска нешто за некакво доваѓање на Монтоливо во средниот ред,незнам колку е вистина ова али ако дојде и Монтоливо на коњ сме :icon_bigg
Да, ама он се најавува за наредно лето, иначе тачно, ако дое зимоска пуна капа ...
Али тешко дека тоа Корвино и Фиорентина ке го дозволат.
 
Нема шанса, бар не во оваа полусезона, али ако добро разбрав има опција за продолжување на договорот но тоа ке зависи од тоа што ке го направи наредната година. Оваа ти гарантирам дека и со пласман во ЛШ на крајот и зеро титули ќе остане.
Е сеа ако заврши 10ти ... :)))
За тоа не ни сакам муабет да правам.
Баш да видиме дали и без некој позначаен резултат Морати ќе го остави да си ја врши работата.
А за 10ти да сме на табелата во Сериа А не ти треба водич на оваква екипа...
 
Читав прееска нешто за некакво доваѓање на Монтоливо во средниот ред,незнам колку е вистина ова али ако дојде и Монтоливо на коњ сме :icon_bigg

Зависи кај си читал :D

Колку и да сум песимист со доаѓањето на Леонардо,морам да му дадам поддршка,Морати знае што прави,башка и Марко Бранка е тука,Морати се уште се консултира со Мурињо,Кака можно е да дојде,Ранокија е сигурен,се шпекулира за Санчез.Со доаѓањето на Леонардо полесно ќе се носат играчи од Бразил,што искрено ме радува.
Па кога ќе видиш се на се,не е се така црно како што изгледа...
 
За Лео ова ќе биде огромна шанса. Со Милан остана нејасно во очите на фудбалските фанови низ светот, дали тој не беше дораснат или пак проблемите на релација со Берлускони го оневозможија да направи нешто повеќе. Сепак, јас мислам дека со тимот кој го имаше направи доволно и дека на местото на Алегри, и Лео ќе имаше сличен скор во лигава. Интер или ќе го вивне во височините или пак со евентуално неуспешен крај ќе се збогува со желбите за кариера на највисоко тренерско ниво. Мислам дека со тоа е доволно мотивиран и дека ќе ја има поддршката на клубот. Бев против Рајкард и Леонардо на чело на Интер, но развојот на настаните со Рафа придонесе да дојдеме до ситуација во која Лео е најдобро решение за Интер. Му посакувам добредојде.
 
Баш да видиме дали и без некој позначаен резултат Морати ќе го остави да си ја врши работата.
А за 10ти да сме на табелата во Сериа А не ти треба водич на оваква екипа...
Ќе го остави зашто повеќе од 5 години му е желба да го доведе тука, ке му даде едно лето тоа ти го гарантирам, а у тоа лето реков и погоре, очекувам минимум еден здрав талент од Бразил да се донесе.
 
Oчекувам сега со Здравко Чолич, Мајкон да си ја земи работата сериозно и да почни да прикажува игри како што му доликува на играч од негов калибар и со такви квалитети...реално гледано Леонардо можеби нема некое тренерско искуство но човекот е многу смирен и се гледа дека е добар тип по фацата, а не како Крофнарот кој не само што се глупира со измените и со составите туку и антипатичен е.....Сега очекувам во тимот да пристигнат Кафи,Зе Роберто,Ривалдо,Елбер,Карлос и Антони Зубизарета:tv:..па со овие играчи ни барселона нема да ни се спротистави:pos:
 
Syn што подразбираш ти под пласман во ЛШ,зар 4 место за тебе е добро за да се продолжи неговиот договор? Дај не ме зезај,повеќе од 2 место е срам за Интер,мора да не искачи или според мене отказ не му бега на лето!
 
Немаше кој друг , добродојде и од мене за Лео . Сега три засилувања и да видиме што ќе биде . Не сум баш израдуван од изборов ама тоа е тоа , да му дадеме шанса па после да коментираме . Се надевам Мур ќе го пушти Кака кај нас и да направиме еден старо нов тим кој пак ќе биде на врвот на Италија , а зошто да не и на Европа и Светот .
 
Syn што подразбираш ти под пласман во ЛШ,зар 4 место за тебе е добро за да се продолжи неговиот договор? Дај не ме зезај,повеќе од 2 место е срам за Интер,мора да не искачи или според мене отказ не му бега на лето!
Не да се продолжи, што има да се продолжува, кога до 2012 му е, ке го остави во тимов и наредна сезона ако се деси тоа, не дека ја сум задоволен од тој исход али пак тренер сега да смени нема шанса, освен ако не завршат под 4то место па да се размислува на таа варијанта.
 
Ќе го остави зашто повеќе од 5 години му е желба да го доведе тука, ке му даде едно Лето тоа ти го гарантирам, а у тоа лето реков и погоре, очекувам минимум еден здрав талент од Бразил да се донесе.

Eдно лето, значи година ипол ќе биди тренер на Интер со сигурност, безразлика дали ќе сме 3ти или некое подолно место...за некој талент од Бразил да донеси па и не ми е верно до толку да довлечка некој.:toe: ...незнам зошто сите тоа го потенцирате дека ќе донеси некого.
 
Кој црн отказ бе... Сезонава ако останеше Бенитез беше отидена по ѓаволите, не знам како не успеавте да го увидите тоа.

Вака има шанса да се спаси нешто од нешто. Со Бенитез ни Лига Европа не беше загарантирана, нов тренер, нови методи, нов тренинг режим итд итд, лесно може да го дигне тимот нагоре. 2 победи од двата засотанати натпревари и оп -7 сме. Тоа е веќе нешто друго.

У секоја комбинација Леонардо е плус за тимот, успех е и 1-4то место + Кака/ некој-талент-од-Бразил, па на лето ќе се види што и како е. Иако мислам дека ако избори ЛШ место (што нормално дека е морално) Лео останува. Морати ќе го остави, баш ради неговите други способности т.е. врски со Бразил и њух за добар талент. Со Бранка можат да се поклопат ко џокер у покер.

Кака да дојде, иако прашање е колку може да се ослонуваме на него ради хроничните повреди кои ги влече, меч со две острици е.

Јас лично сум задоволен, прво што го шутнаа дибеков, второ што имаме поголеми шанси за некој бразилски талент.

П.С. Поентата на фудбалот... Цел живот у Милан и ќе си отиде со мирно срце у Интер. Парите чуда праат, а ние овде форум експертите ќе кинеме живци и ќе јадеме смоки по дома :) Поентата ми е, се е у парите, помалце нервози на фудбал, најважна СПОРЕДНА работа, remember :)
 
Eдно лето, значи година ипол ќе биди тренер на Интер со сигурност, безразлика дали ќе сме 3ти или некое подолно место...за некој талент од Бразил да донеси па и не ми е верно до толку да довлечка некој.:toe: ...незнам зошто сите тоа го потенцирате дека ќе донеси некого.
Морати го сакаше типов тука од 2003 ако не се лажам, да го донесе за пола година шанса нема, значи тоа е апсурдно да се верува ( освен ако не бидат катастрофални со него па да се размислува на карта раскин на договор ). И на тоа, бразилец, алудирам на она што Милан го добија во Тијаго Силва, Кака и Пато, а не на Коутињо ...
Ништо чудно Нејмар да биде една од опциите, ке видиме, сеедно, нека тера и 100 години ако сака али да има успех од кој би имале сите корист.
 
Бразилците се интересна нација, и покрај големината многу ми е интересно како се бодрат едни со други кога се работи за било кој нивни спортски херој. Онаму каде што има бразилци се отвора вратата за нови бразилци, не знам зошто е така ама така е. Многу се поддржуваат и во изјавите може да се прочита тоа меѓу редови. Така да нема да ме зачуди ако добиеме некој како Кака, Фабиано и слично... Само да не ми носат млади таленти, ни требаат изградени играчи за да се дигнеме од калта.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom