Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Леонардо пристигнал во Милано... изгледа готово е, Леонардо ќе ни биде тренер.

Според ГДС, Интер понудиле 5м евра + Дес од Дестро за Ранокиа а Џенова барале 7м евра + Дес од Дестро...
Ајде Морати, дај им 6м и Дес и завршете работа...
 
Незнам што цепидлачите, играчите не го сакаа во екипа, Морати се разочара од начинот на кој го водеше овој тим кој играше далеку под очекувањата, сите медиуми буткаа отказ за Бенитез алудирајќи на тоа дека треба да се засрами поради фактот што никогаш не превзема вина за неговите лоши резултати и секогаш бара изговори, незнам веќе и што ке се нафаќате да им објаснувате на оние 2% кои не мислат вака а незнаат да го објаснат својот став асално, незнаат да објаснат како тоа Интер е послаб од Палермо, Наполи, Јуве и Лацио, бараат упорно изговори и го спуштаат тимот на ниво на Катанија, Перуџа, Ливерпул, Фросиноне и остали ...

Не вреди веќе да се замараме за ванаби тренерот Рафа, конечно го видовме она што секој фан на Јунајтед, Челзи и остали го виделе во Рафа, дека е перфектен тренер за оној тим кој е ривал на тимот за кој навиваш зашто од старт знаеш дека имаш конкурент помалку за титулата, ко што ете тоа го знаеа и фановите на Милан, Јуве тука на форумов од старт на сезона.

Тоа што фан на просечна екипа тука ми трола дека Рафа требал да остане е бламажа и остајте го, џабе ке му објаснувате, незнае он како е екипата за која навиваш да биде високо горе и навикнат е на вакви мизерни слики, т.е. ова не е мизерно за него сега во Интер, ова е топ ситуација.

Ајт, кој и да е наследник на Рафа, нека му се со среќа и му посакувам Се најдобро, и уз пут, ја сожалувам идната дестинација на Рафа, ги сожалувам и фановите на тој клуб, мислам дека и он треба да биде ставен во групата на '' природни катастрофи '' кои оставаат пустош каде и да налетаат.
 
Според ГДС, Интер понудиле 5м евра + Дес од Дестро а Џенова барале 7м евра + Дес од Дестро...
Ајде Морати, дај им 6м и Дес и завршете работа...

Не те разбирам, за кој 7м + Дес? :raz:
За Леонардо..?
Дес е Дестро ли? !?!?!??!
 
Aман бе, за Ранокија .. :)
 
Нека ни е честито враќањето во минатото :smir:
Работата не е за радување, ама ае може новиот ни тренер Леонардо ќе ме демантира на крај од сезона.
Ако ништо друго најпозитивна работа ќе биди Кака(ако дојди воопшто) и продажбата на дресови...другото се ќе си остани исто.
 
E да, со Рафа ќе беше одење кон успешната иднина и успеси слични на Лузерпул ( читај, просечен клуб ), зашто и онака сега си имаа зацементирано Лига Европа - место. :tv:
Можеби требаше да почекаат ко лани Јуве, кога и дефинитивно ги загубија шансите за титула и тонеа ли тонеа ала Титаник па се решија на смена на тренер, па немаа кого да стават за привремено решение и се решија на Зак со неговата фантастична 343 формација.

Враќање на минатото е долг пост на години без титула, а за таква констатација некој да даде, ке треба да почека едно 3-4 години па да види дали во тој период се стагнирало со неосвојување на трофеи, а не сега, кога сеуште се во игра ( каква таква ) за голем трофеј.
 
На Кака не се надевајте бидејки нема шанси да дојде во Интер,он не е таков тип на играч кој би заиграл во градскиот ривал на Милан!Би бил среќен ако ги донесеме Ранокија и Санчез(го гледав проти Лацио зверка е ) нема да погрешиме ако го земеме 100 посто сум сигурен!
 
Syn......прибери си го паметот ...кој очигледно го немаш
 
E да, со Рафа ќе беше одење кон успешната иднина и успеси слични на Лузерпул ( читај, просечен клуб ), зашто и онака сега си имаа зацементирано Лига Европа - место. :tv:
Можеби требаше да почекаат ко лани Јуве, кога и дефинитивно ги загубија шансите за титула и тонеа ли тонеа ала Титаник па се решија на смена на тренер, па немаа кого да стават за привремено решение и се решија на Зак со неговата фантастична 343 формација.

Враќање на минатото е долг пост на години без титула, а за таква констатација некој да даде, ке треба да почека едно 3-4 години па да види дали во тој период се стагнирало со неосвојување на трофеи, а не сега, кога сеуште се во игра ( каква таква ) за голем трофеј.
Епа требаше да почека управата за Рафа, за 3 месеци работа во клубот го проценија дека тој не е за Интер и дека ќе ги однеси на едно скалило подоле.( а ти послем викаш, па треба да помине период за да видиме дали ќе се вратиме на старото место...па нека пројде период и за него, може ќе си ги поправи грешките, ако беа негови грешки шо Милито незнај да дади гол или Пандев што погодува стативи или Маикон што жали што остана во Интер, а не отиде во Реал.)
А имаше еден куп повреди, еден куп играчи кои беа во мизерна форма, еден куп играчи на кои играњето во Интер требало да му биди завршено одамна...ама ете Рафа е крив за тоа што Морати е циција и не сака да потроши некое евро за да донеси некое квалитетно засилување.
И со тоа заклучивме дека Рафа не е за во Интер и на негово место треба да дојди искусен тренер со многу титули позади него и ценет во јавноста, а тоа е никој друг туку Леонардо, ај да беше некој друг така така, ама за Леонардо кој нема никакво реноме да се удараме во гради дека е подобар од Рафа и дека нешто ќе смени не ми е логично.
Али ае живи били па видели.
И нека си кажи Леонардо на почеток дека сака засилувања, а не како Рафа кој побара засилувања на полусезона и му ја опнаа клоцата, рушел реноме на клубот.(глупости во боја).
 
Syn......прибери си го паметот ...кој очигледно го немаш
Незнам зашто ама изгледа интересно ти е да идеш по други фан клубови и да напињаш.
Да не бидам офф одлична вест е отказот на Бенитез али се зависи од замената,со среќа натака :smir:
 
Доволно ќе беше да му дадете пари да си купи неколку нови играчи по негов вкус и кои ќе се вклопат во неговата тактика..........да не зборувам за изјавите на Морати а и на вашите фудбалери...ама што е тука е

Мислев да влезам во дискусија, ама

Syn......прибери си го паметот ...кој очигледно го немаш

после овој автогол решив дека не треба.
 
Само една ќе кажам... чим играчите не го сакаат Рафа ( Киву, Камби, Деки, Матрикс... за овие се знае, сигурно има и други ама си ќутат.. ама и на нив ќе им пукнеше филмот ако крофнето останеше ), што треба ние да правиме?
Ај озбилно престанете да го браните, смешно е...
 
Смешно ќе биди од Јануари па натаму, ама нема везе:) ...секој си има свое мислење и свое гледиште на работите т.е секој си гледа како што му одговара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom