Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
После толку шпекулации, после толку очајни резултати, крофната конечно си отиде од Интер. И после некој нека рече дека Дедо Мраз не постои... :xmas1:
 
Денеска треба да се прослави бидејки конечно тргнат е тој што не кочеше овие 4 месеци,нека му ја мислат сега другите екипи бидејки Интер ке се врати на вистинските патеки и ке ке покаже кој е шампион на Италија!Морати ни донесе новогодишна честитка со што не спаси од уште нервирање,сега кој сака нека дојде не е толку битно!
 
Ај честито нека е!
p.s. Наш Ферара подолго остана..
 
Мислам дека е чудно да кажеш дека Рафа од почетокот не добил респект од газдите и од играчите. Јас колку што памтам го дочекаа со огромен респект дури и го дигаа во облаци. Понатаму како почна да се распаѓа системот се разбира дека почна и да ја губи довербата.

Фан си на Интер и треба да знаеш дека за разлика од многу газди, Морати им дава голема слобода на тренерите да покажат што знаат. За разлика од Берлускони кој лани му го одредуваше составот на Лео преку весници. Но се разбира и дека ако работите тргнат на лошо, газдата ќе интервенира. Повредите (на мускул) беа многу повеќе од оние кои ги наброи.

За СКП, не знаевме колку се дупки останатите. Секој очекуваше двобој со Интернационал. Храбрите изјави на Бенитез после победа на тим од Конго само потврдуваат колку бил надвор од реалноста. Човекот се радуваше како да направил нешто посебно, а истото може да го направи секој просечен тим од Француска прва лига.

Нејќам да навлегувам, ама факт е дека заслужи да си оди и дека самиот бараше да си оди. Така да сите треба да се хепи, и тој, и тие, и ние.

Па една слобода што имаше Рафа.......може да му се подзавиди:tapp:
 
Доволно ќе беше да му дадете пари да си купи неколку нови играчи по негов вкус и кои ќе се вклопат во неговата тактика..........да не зборувам за изјавите на Морати а и на вашите фудбалери...ама што е тука е
 
Ај честито :) Денеска имате право да се начукате до даска интернационален празник на навивачите на Интер е ова :)
 
Денеска треба да се прослави бидејки конечно тргнат е тој што не кочеше овие 4 месеци,нека му ја мислат сега другите екипи бидејки Интер ке се врати на вистинските патеки и ке ке покаже кој е шампион на Италија!Морати ни донесе новогодишна честитка со што не спаси од уште нервирање,сега кој сака нека дојде не е толку битно!
Честитки и одмене .
Фала му на Морати што конечно му даде клоца на Рафа Бенитез.
Следен кој го навестуваати медиумите во Италија е Леонардо ( според мене подобар од Бенитез, но го прифаќам со резерва).
Но нема да биде изненадување кога на чело на Интер ќе го видиме Валтер Ѕенга.
Мојот избор помеѓу Валтер Ѕенга и Леонардо е Валтер Ѕенга.
 
Леонардо добар беше лани со Милан беше не стигнал Милан едно време,и покрај повредите Милан беше во врвот.
Друго позитивно е што има врски во Бразил ги донесе во Милан Пато,Кака,Тиаго Силва па сигурно би сакал да гледам Бразилци во Интер отколку сакати жабари кои само знаат фаул да прават.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom