Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Слабо дечки, слабо... :pos:
Иначе уште кога го постигна Ето голот за три нула, знаев дека ќе нема којзнае каков фудбал во второ.
пс. Честита победа !
ппс. Ето’о + 50 000 000 = Носко ? стварно ? :pos: Ѕвер беше, а и таков ќе биди цела сезона .
 
135460.jpg
 
Зашто на Џезепе Меаца имаше двајца без тројца?
Бар мене така ми изгледаше . . .
Честито победа воедно . .
Фановите уште лани се противеа против ова и очигледно тераат на бојкот, имаа транспарент кој ја го поставив и овде на темата, кој у превод гласеше вака, 3 меча во ЛШ за Милан и Јуве е исто ко 1 за Интер по цената на билетите. 3 пати се поскапи од останатите тимови но сепак, очигледно ни тоа не влијаело цените да се спуштат драстично, или бар да се израмнат со оние на Милан.
Пример, со Бари стадионот имаше над 60 000 што не е случај за Италија и истото е реткост, ама за ЛШ пак тераат по стара песна ради цената, нешто што јас го оправдувам иако делува грдо стадионот, што е многу-многу е ...
 
Нема публика многу модни ревии има по Милано тоа е поинтересно.

Абе Кордоба кога прави некогаш кикс го отепувате од критика сега еден нема да го пофали како изигра овие два натпревари откако е првотимец.
 
Абе Кордоба кога прави некогаш кикс го отепувате од критика сега еден нема да го пофали како изигра овие два натпревари откако е првотимец.
Подобро од Лусио во секој случај, без грешка ...

Него, и Бијабијани беше топ денес, бар мене ми се допадна, брз е, пробивен е, знае да повлече играчи на себе и да остави простор за другите ( а е од големо значење и за напаѓачот у тимот а и за Макон и Снајди ), топ топ, бар удрија потврда со Коутињо дека може да се смета и на нив сезонава а од тоа мн се плашев, на крај краева изигра подобро и од Пандев денес французов, а и 90 минути е кадарен да ора.

--- надополнето ---

A и да, Ван дер Варт доби црвен за Тотенхем па сигурно не игра со Интер, Дефо такоџе им е повреден што е супер прилика и они да се победат и веќе со една нога да се у наредна фаза бидејќи ке им требаат само уште 3 бода за истата, а реално, за истите само чудо треба да се деси за да не се добијат.
 
Нека ви е честита победата. Алал да му е на Ето. Одличен е.
 

Барем знаеме со што ќе се занимава откако ќе се пензионира. :)
 
Него една работа и пак грешка на Цезар која овој пат не ги кошташе скапо а не ја начекав тука, ок, за излегувањето на почеток сите ке признаеме дека беше пацерај невиден, али налед тоа, Алмеида е нешто налик на Адри на времето кога изведуваше слободни, ебење од удар има а овој става 3ца у жив ѕид, грешка која ја направи и со Тео Јансен кога играа со Твенте ...
Па мајку му стара, свесен ли е овој дека играчиве се добри изведувачи на слободни, гарант тоа им е сугерирано пред меч, се гледаат и тие сегменти кај противниците и истите се анализираат, во случајов, изведувачи на слободни.
 
Е ова е вистинскиот Ето кога си игра како централен шпица а не по децна страна кога ќе ми го стаат!!! Иначе според мене Кутињо одигра солиден натпревара ама се гледа дека уште треба да печи шо би се рекло, на неколку пати ја изгуби топката без врска и много пробува да дрибла бе! Ама за разлика од мнего овој Биабијани се покажа супер, воодушевен сум од неговата игра, баш си одигра на место, се бореше за тимот не пробуваше многу да оди индивидуално а кога ќе тргнеше тоа го правеше одлично!!! Да сум на место на Бенитез јас би го стаил во игра пред Кутињо (многу е по зрел него овој другиов)!!!

Поздрав до навивачите на Интер и честито победа!!!
 
Ова забораив горе да го додадам, удрете внимание на Оби за четвртиот гол ...
 
Честито победа,Интер играше феноменално..Секоја шанса ја претворија у гол..Ето ѕвериште,се гледа дека е класа напаѓач..
 
Ова забораив горе да го додадам, удрете внимание на Оби за четвртиот гол ...
Оби одигра далеку подобро и од Мунтари и од Марига... дали ќе изигра вака и на другите натпревари... ќе видиме.. сега Интер е вистинска болница со повредени 7 првотимци, така да ќе имаат шанса младиве..
 
Оби одигра далеку подобро и од Мунтари и од Марига... дали ќе изигра вака и на другите натпревари... ќе видиме.. сега Интер е вистинска болница со повредени 7 првотимци, така да ќе имаат шанса младиве..

Ќе играат ли Милито и Пандев викеднов???
 
Би требало, од повредените најверојатно ке се вратат Пандев и Милито, можно е и Самуел плус капитенот ...

Мада ја не сум за ризици, ако истите постојат кај дел од играчите нека го прескокнат тој дуел, покажаа денес дека поседуваат квалитет и со алтернативните играчи, и тоа доста солиден што ептен ме радува.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom