Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Нека ни е честито победата:smir:,сосема заслужена,да почнам за играчите како што рековме најдоброто од Ето ке го видиме оваа год и токму така.Зверка е човекот и мислам дека е редно малце да ја заземе позицијата на Милито,иначе и Пандев изигра добро доста добри топки даде,мора да го издвојам и Маикон без него ништо :)

П.С Али акцијата за вториот гол беше :vozbud:
 
Искрено пред утакмицава не се надевав многу, али по играта во прво полувреме ме изненадија. Осеќав дека земаме 3 бода, фалеше само реализација, ништо друго. После 3 кола имаме 7 бода, по 3 пред ''конкурентиве''. Цел тим функционираше перфектно, Станковиќ и Ето се издвоија малку повеќе од останатите. Ето, роден шампион, знаев дека оваа сезона ќе гази, уз Снајдер очекувам да бидат најдобрите поединци сезонава во Интер.

Форца Интер !!!

п.с. Жалам што Марли лошо прогнозираше, лузерот сепак си замина со 3 бода :helou:
 
^
^
Без Маикон ништо ? Подезертерски у одбрана не можеше да изигра, само нека ви текне на онаа шанса при 1-0 на Палермо, т.е. најдете ја истата на јутуб, и пратете ги секундите и колку време имаше Маикон за да се врати назад, што е најтрагично, не се ни врати него го глумеше Ето крилно, дремеше и немо надбљудуваше.

Бочните позиции денес беа хаос, само ок, ке ве залаже пасот на Маикон до Дејо за вториот гол, иако, целата негова слика денес беше очајно лоша.

Дејо и Ето беа денес разликата.

п.с. За Маикон забораив, и по негова страна падна голот.
 
Шампионот направи пресврт ... :)

Ето , Станкович , Пандев , Маикон ... Едни од подобрите . Браво за Бенитез и за неговите измени , иако беа дефанзивни , ми се допаднаа ... 3 бода !

1.Чезена 7
2.Интер 7
3.Киево 6
4.Лацио 6
5.Бреша 6
6.Каљари 5
7.Бари 5
8.Јубентус 4
9.Билан 4
10.Сампдорија 4
 
Мора да се пофали и Деки за неговата добра партија денеска,ко да беше на тревките од млекарот од Битола :pos:

Милито мора на клупа малце,мора да поработи на шутот,утна чист гол по асистенцијата од Пандев.За Пандев браво денеска,пожртвувана игра,одлично се разбираше со останатиот дел од тимот,само Милито квареше просек :)
 
Шампионот направи пресврт ... :)

Ето , Станкович , Пандев , Маикон ... Едни од подобрите . Браво за Бенитез и за неговите измени , иако беа дефанзивни , ми се допаднаа ... 3 бода !

1.Чезена 7
2.Интер 7
3.Киево 6
4.Лацио 6
5.Бреша 6
6.Каљари 5
7.Бари 5
8.Јубентус 4
9.Билан 4
10.Сампдорија 4

Ке биде тешка битка за скудетото со Чезена оваа година,, :pos:
 
Мене Маикон не ми се свиѓаше многу-многу.Ако свирнеше пенал на стартовите на Киву,ќе му ја дупнев уште еднаш главата.
Ето,Пандев и оној другиот добро изиграа,Милито трчаше,имаше желба да даде гол и да направи акција ама реализацијата у минус му е отидена.
Се на се,добра утакмица,задоволен сум.
 
Шампионот направи пресврт ... :)

Ето , Станкович , Пандев , Маикон ... Едни од подобрите . Браво за Бенитез и за неговите измени , иако беа дефанзивни , ми се допаднаа ... 3 бода !

1.Чезена 7
2.Интер 7
3.Киево 6
4.Лацио 6
5.Бреша 6
6.Каљари 5
7.Бари 5
8.Јубентус 4
9.Билан 4
10.Сампдорија 4

кај се рома?? нели водеа 2-0?
 
2-2 заврши Рома..

За Маикон во право си Син , незаинтересиран некако , не му се стануваше на копиљот , а Палермо гол ќе ни ставеше за малце ..
 
за Деки секоја чест, послем повреда, принудно на плејмејкер и ваква партија ... БРАВО мајсторе, секоја чест.
Маикон изигра далеку подобро одошто претходната партија со Твенте иако уште не е оној стариот од лани, помалце трча и повеќе удара на кросеви одошто на оние негови продори со глава у ѕид.
Горан имаше пар добри пасеви и продори, супер партија со оглед на тоа што и он беше неизвесен до вчера.
И Ето лани ако памтите, а памтите, имаше лош период и слаби игри ама Милито денеска се откина од промашување, 4-5 комада ги утна какви што обично ги дава со затворени очи.
Супер филинг што го гледам Сантон пак како влага во игра.
Две кола по ред ја вртиме од 1-0 негатива што значи дека тимот не го загубил карактерот што им го всаду Мур лани.
 
Трансформацијата од напад во одбрана е лоша, на тоа треба МНОГУ да се работи, премногу, не може да се дозволи Маикон да дреме цела една минута напред и да го глуми Ибра, не иде, нема резон тоа, сакам да верувам дека ова е до лошата физичка спремност во моментов, али ке видиме како ке се одвива овој сегмент од играва во иднина кога Се би требало да дојде на свое место.

Мада, проблемот денес беше што им се деси она најлошото, они играа, они создаваа шанси а примија гол по првата на Палермо, е тоа кине нездраво на гостински терени, мада по примениот гол пак имаа 2 100% шанси од Ето и Милито у прво, и тоа не влезе што уште толку беа укопани у кал, затоа и си искоментирав дома дека хикс е максимумот за Интер во ваква ситуација за нив али ме демантираа.

И веќе кога реков дека треба да работат во игра у одбрана, пред се у оној дел ко што реков, кога губат посед кога напаѓаат, таква прилика ке имаат сега со Бари у Среда, они се таква екипа, на контри идат, па ке видиме, очекувам и тука победа и 10 бода по први 4 кола и опсада да се направи на врвот. И вчера пишав, супер прилика имаат да се средат и да издржат високо на врвот до Јануари кога ке испазарат некој играч плус за нападот а и средината.
 
znaci ne sme prvi na tabela,ok ne sme nie kriv,sreka imat cesena imaa lesen raspored
 
Aкцијата за вториот гол беше ѕверска, ме изненади Дејо, ма да имаа шанси Палермо за израмнување т.е за зголемување на водството од 1-0 на 2-0, ама слаба реализација имаа играчите на Палермо. Пандев имаше одлична шанса за да го постигни првиот гол оваа сезона, добро ги измава играчите на Палермо, но на крај немаше среќа да влези топката во голот.
Тешка победа.
п.с редно е Милито да си седни на клупа:smir:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom