Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Тоа е тоа не ајде да не го критикуваме Лео уште од сеа,и така лш не очекував оваа год да се покажеме во најдобро светло... очекувам голема борба за титула...
 
И мене ми беше чудна вашата дефанзивна формација, играте против тим со слаба одбрана, второкласни екипи во лигата ни даваат по три гола. Мораше да играте отворено, но Лео реши да ги запре Рибери и Робен, повеќе тоа го сакаше отколку да победите. Ние плус бевме слаби, Рибери и Милер скоро и ништо да не покажаа.

Инаку for the record, три пати сме ви гостувале, три пати сме ве победиле.
 
Боби[Мкд];4114463 напиша:

Рибери сам се затвори :pos:

Сериозно, тој човек ептен се уништил, што побрзо направите трампа со Сампдорија за Бјамбјани тоа подобро, за една година ќе треба да им доплаќате.

И честито победа.

--- надополнето ---

1. Пандев - Станковиќ беше очигледна замена
2. Карја исто, пошто тој барем не е деструктивец во глава. Имаше и шанса откако влезе.
3. Мота следен натпревар како тргнало, може да биде и голман.

Не бе, џабе везам, комплет промашено се, почнувајќи од лудата идеја да играме формација со која никогаш не сме имале успех, па до упорното држење до истата...
Сите топки што поѓаа од одбраната уствари ги земаше Мота а лево и десно од него централните дефанзивци, автоматски минус еден играч :)
 
Рибери сам се затвори :pos:

Сериозно, тој човек ептен се уништил, што побрзо направите трампа со Сампдорија за Бјамбјани тоа подобро, за една година ќе треба да им доплаќате.

И честито победа.
Рибери јес да не е во топ форма и денес лошо изигра, но во екипа како Баерн чија екипа се базира на крилата, Рибери слабо има бековска подршка, дај пуштиго Робен со Бадштубер за него и он нема да мрдне.
 
Боби[Мкд];4114480 напиша:
Рибери јес да не е во топ форма и денес лошо изигра, но во екипа како Баерн чија екипа се базира на крилата, Рибери слабо има бековска подршка, дај пуштиго Робен со Бадштубер за него и он нема да мрдне.
Не го споредувај Робен со Рибери, те молам :) Која црна поддршка му требаше бе, Бјамбјани наш беше боље... А и Робен само на 2-3 пати имаше поддршка од Лам али за што, кога од 2 центаршутиве имавте 2 шанси, еден опасен удар кон гол и еден удар кон гол кој што заврши со гол на Гомез, Рибери, натинг...
 
Морам да ве критикувам за пристапот кон играта. Имавте шанси, да, но ние имавме поконкретни, држевме игра ко дома да играме, и на крај заслужено постигнавме гол. Искрено, очекував понапаѓачка игра од Интер.
Како и да е, се очекува интересен дуел на Алијанц.
 
Битно нашите играчи го направија „јунак“ голманот на Баерн..
..барем за тоа не бива.
 
Гледајте малце пореално, не го преценувајте тимов, од што се разликуваше овој Интер со оној пред 2 години на Мур дома против Јунајтед, па и Челзи лани дома со тоа што реализацијата премногу ги посака у тој меч, 2 шанси 2 гола ...
Незнам во тој контекст што очекувате од Лео, се знаеше дека не е врвен тренер и дека Интер му е шансата да просперира и 1 ден да биде дел од големите, башка дојде во тимов во Јануари и од тогаш до ден денес Интер изиграа дупло повеќе мечеви отколку Баерн во новава година.

Со Каљари мислев дека намерно спуштија темпо и играа со 10% од потенцијал ради мечот во Среда али нц, толку, почнаа играчиве да паѓаат на физички план, јад и беда се у тој контекст па затоа нит бев изненаден од поставеноста а и од играта, ако гледаме реално, имаа шанси и двете екипи и тоа предобри, тоа е едно, а и друго, Интер многу ретко преферирал напаѓачки фудбал, на прсти се бројат таквите мечеви у последниве неколку години.

Како и да е, Лео ја заеба премногу со измените, оноа ептен, да направиш само една измена и тоа принудна на ваков меч е едноставно недопустливо, не во ситуација кога имаш играчи на терен што се влечат ко полжави и едвај чекаат да има некаков прекин за да земат малце воздух и да одморат ( Дејо, Камби ). Мене ова најмногу ме изреволтира, а и играњето на Мота повторно ко задњи везен иако едноставно не го бива за тоа, кога веќе беше евидентно истово во второ требаше рокада да се направи на полувреме меѓу него и Камбијасо. Овој па келсонов, може во дефанзива е добар ама напред е дупе, најлимитиран играч во екипава е, така да во ситуација кога Мота не оди напред, а Камби иде, уз полумртвиот Дејо, имаш двајца каспер-играчи покрај Снајдер и Ето.

Се што сакам во реваншот е да изиграат карактерно, не defeatez карактер, него да покажат муда, да одат на победа од старт на меч без калкулации уз давање на максимумот ( истово и за тренеров важи ), ова последново под дифолт мора да иде, и да знам и да изгубат, дека едноставно оставиле срце на терен и тоа е тоа, а не да изиграат ко пички, без борба, да изиграат далеку под нивните можности, или да изгубат во ситуација кога Лео повторно ги прави истите грешки.
 
А да пробаат да го прошверцаат Пацини на реваншот? :pos:

Нека му дадат друг дрес и нека смени фризура може нема да го познаат :)
 
Не го споредувај Робен со Рибери, те молам :) Која црна поддршка му требаше бе, Бјамбјани наш беше боље... А и Робен само на 2-3 пати имаше поддршка од Лам али за што, кога од 2 центаршутиве имавте 2 шанси, еден опасен удар кон гол и еден удар кон гол кој што заврши со гол на Гомез, Рибери, натинг...

Рибери е сменет, трча многу, има огромна желба во него, сигурен сум дека може да е подобар од Робен. Мене повеќе Милер ме разочара, се изгуби детенцето. Whatever очекувам да нападнете, тогаш значи нема да има тројца околу Робен, да се покажа малце појше. :icon_lol:
 
А да пробаат да го прошверцаат Пацини на реваншот? :pos:

Нека му дадат друг дрес и нека смени фризура може нема да го познаат :)
Ако му дадат друг дрес нема шанси да го познаат :Pos:

--- надополнето ---

Боби[Мкд];4114540 напиша:
Рибери е сменет, трча многу, има огромна желба во него, сигурен сум дека може да е подобар од Робен. Мене повеќе Милер ме разочара, се изгуби детенцето. Whatever очекувам да нападнете, тогаш значи нема да има тројца околу Робен, да се покажа малце појше. :icon_lol:
Кај ги виде тројца околу робен, не зезај, Киву и Камби го чуваа. Јас да бев ќе го лупнев Оби да трчка по него и додека оди до ВЦ, така немаше ни една шанса да имате, али јбг, друг е тренер.
 
Можно е да одиме понатаму не е невозможно но сето тоа зависи од интер, баерн има полоша одбрана и од бари но сето ова зависи од пристапот на интер и од мотивацијата/желбата на играчите за да продолжат понатаму, нормално ако лео извади адекватна формација (напагачка) со подготвени играчи од типот на киву, лусио и ето вечерва и со јасна визија кон играта и барањата.
И спротивното би било до некаде позитивно за тимот затоа што ке разберат (веке знаат) дека на лето треба да се исчистат од отпадокот од типот на камбијасо, станкович, пандев, милито и другарите и да се земат врвни играчи и да се развиваат веке младите кој што ги има во академијата од типот на Алибец, Оби, Кутињо и др, Занети од следната сезона мора да се седни на клупа да се стави нов капитен пр Снајдер, да му се заблагодари на Лео и да се донесе Спалети, Венгер или некој јак тактичар спремен за работа и за нови успеси.
Како и да е Интер ова година тешко дека ке освои некоја титула освен Купот каде што има поголеми шанси, после 5-6 години изгледа ке останиме со празни раце и сето тоа до некаде е нормално но и предупредување до управата дека мора да се смени веќе постоечкиот систем ако сакаме нови титули нормално, значи ова ке биде една шлаканица до Морати и фамилијата иако мислам дека тој нема да биде изненаден од освојување на 0 титули.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom