Фан Клуб: Интер

  • Креатор на темата Креатор на темата Деко reloaded!
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Значи Пандев треба да се продаде, така ?
Бидејќи на негово место игра Снајдер, тука се Пацини, Ето и Милито, каде ќе игра Пандев ? Место кого би играл он тука во 4312 систем ? Дали заслужува да игра место некој од овие, т.е., со што покажал он дека заслужува да има предност пред некој од овие фудбалери ( многу битно прашање на кое не добив одговор, освен дека добар прием имал на топка, бољи од Милито ) ? Ете со Чезена играше на својата природна позиција, па му свиреше Меаца иако имаше и асистенција во тој натпревар.


Дали треба да се продаде? Искрено, овде немам дискутирано на таа тема (немам пишано на форум), ама секогаш со другарите сум викал дека Пандев не е за во Интер т.е. не му одговара играта на Интер, не дека не е за во големи клубови, напротив. Едноставно не му одговара играта шо ја има Интер, тој и уште двајца напред. Да сум јас би го продал летово Милито, би го зел Агуеро/Роси, Пандев наредното лето ќе лета дури да се привикне еден од нив и тоа лето би го вратил назад Дестро. :toe:

едит: Подобро ко ќе размислам, двајцата ова лето нека си идат, а на нивните места да дојдат Агуеро/Роси и Дестро, ако продолжат двајцата во ваква катострафална форма, посебно ова важит за Милито.
 
Статистика статистика, сите ја баете, никој не ја отвара!

Милито 17 настапи 6 гола.
Пандев 17 настапи 3 гола.

Милито 17 настапи како шпиц најистурен.
Пандев 17 настапи на различни позиции, од крило, до полушпиц до најистурен.

штета не знам каде да најдам комплетирани пасови, освоени топки, а памтам и ситуации кога пандев му сервираше топки напред на милито, па овој промашуваше, значи не е празен гол само денес.

Удри само на Серија А статистика, Милито уз 4 повреди, повеќе голови од Пандев и исто асистенции, Пандев од друга страна има дадено само 1 гол, значи како и да ја вртиме, и Милито да го нарекуваме очаен, Пандев од него е поочаен, или ете, нека бидат на едно исто мочано ниво по бедоќа.
Пак, во било која варијанта, Милито заслужува предност пред Пандев, не мора пак да објаснувам зашто е тоа така, едноставно е мајку му, класи се во прашање.

--- надополнето ---

Инаку Син, како те бендиса Жулионе денес? :)
Пишав бе :)

Топ беше Цезар, и воопшто од кога се врати на голот е оној правиот Цезар, денес требаше да прими само 1 гол, може малку кумуваше за третиот али не бе, тие 2 гола влегуваа без разлика кој беше на гол и у одбрана, уште кога го видов голот на црногорецон шугав кој го глумеше денес Тоти на терен у однос, знаев дека уште еден ќе лупнат на шашма, колку да удрат на инфаркт завршница, типична за Интер ...

 
едит: Подобро ко ќе размислам, двајцата ова лето нека си идат, а на нивните места да дојдат Агуеро/Роси и Дестро, ако продолжат двајцата во ваква катострафална форма, посебно ова важит за Милито.
Види, замената за Милито дојде... сега можат само да се надеваат да се врати колку толку во форма за да кешираат нешто. Не верувам дека Милито ќе прифати да биде трет напаѓач, а како стојат работиве, во иднина тоа ќе биде...

Едит: за црногорецот ви викав кога ми спомнувавте комбинации за Интер, гони го у пм, не можам да го гледам, ма да има среќа невидена...
 
Тапа фраери сте!

Јас мислев дека откако ќе отворам на темава ќе се изначитам постови со стоплување, соблекување по боксерици, потење, глобално затоплување и такви ствари, а вие сте се фатиле за Милито и ПаДНев (само тоа имам да го кажам за ова што се го расправале 10 стр).

Ви се молам, ваков испад друг пат не!
 
Удри само на Серија А статистика, Милито уз 4 повреди, повеќе голови од Пандев и исто асистенции, Пандев од друга страна има дадено само 1 гол, значи како и да ја вртиме, и Милито да го нарекуваме очаен, Пандев од него е поочаен, или ете, нека бидат на едно исто мочано ниво по бедоќа.
Пак, во било која варијанта, Милито заслужува предност пред Пандев, не мора пак да објаснувам зашто е тоа така, едноставно е мајку му, класи се во прашање.

Токму ова и се обидов да му кажам. Но изгледа не му оди баш добро математиката, и се обидува да се вади на муабети дека играл лево крило.
 
штета не знам каде да најдам комплетирани пасови, освоени топки, а памтам и ситуации кога пандев му сервираше топки напред на милито, па овој промашуваше, значи не е празен гол само денес.
мразам кога некој чита пола пост и ми одговара само на тоа што му одговара.
колку топки милито на БИЛО кого му сервираше сезонава?
 
Тапа фраери сте!

Јас мислев дека откако ќе отворам на темава ќе се изначитам постови со стоплување, соблекување по боксерици, потење, глобално затоплување и такви ствари, а вие сте се фатиле за Милито и ПаДНев (само тоа имам да го кажам за ова што се го расправале 10 стр).

Ви се молам, ваков испад друг пат не!
Се штедиме за кога ќе го претркаме Наполи :)
 
само да се уфрлам малку(кога веќе и јас ја гледав утакмицата), го поджувам Syn и неговот мислење за Милито... точно е дека Милито е испаднат од колосек оваа година, што поради повреда, што поради лоши игри, но според мене оваа вечер Милито изигра супер и да играше од почеток на утакмицата голема беше веројатноста да постигнеше гол... па од авион се гледаше дека е подвижен и имаше добро движење без топка, за тие минути што ги одигра беше многу опасен по голот на Рома, е сега малку го изгубил оној сенс за гол и тоа како да ја смести топката во мрежа... додека да беше Пандев, тој немаше ни да дојде до таа ситуација да го загрози голот, Пандев оваа година е тотално изгубен случај, а знаеме дека е во најдобрите години и сега треба да ги прикажува најдобрите игри, наспроти Милито кој веќе влегува во својата 32-ра година... ајде еве не мора Пандев да ги броиме головите, но барем кога е на терен да изиграше нешто, некоја асистеница,залагање, добри пасови, движење без топка и др.
затоа според мене оправдана е одлуката на Леонардо да му даде шанса на Милито пред Пандев,наш е,ама мораме да гледаме реално, Пандев нема што повеќе да бара во Интер, на лето Наполи,Фиорентина, Вињареал,Атлетико М.,Тотенхем би му биле одлични дестинации доколку сака да биде првотимец и да се изнаигра...
 
Види, замената за Милито дојде... сега можат само да се надеваат да се врати колку толку во форма за да кешираат нешто. Не верувам дека Милито ќе прифати да биде трет напаѓач, а како стојат работиве, во иднина тоа ќе биде...

Па јас Роси и Агуеро(или Кавани, сега ми текна на него) ги спомнав како замена на Пандев, не на Милито. :) Некој кој ќе може да игра на позицијата на Пандев шо ја игра во Интер и исто да може да игра како шпиц т.е. Ето - Роси/Агуеро/Кавани - Пацини да се ротираат, а Дестро џокер.
 
Види, замената за Милито дојде... сега можат само да се надеваат да се врати колку толку во форма за да кешираат нешто. Не верувам дека Милито ќе прифати да биде трет напаѓач, а како стојат работиве, во иднина тоа ќе биде...
Зашто да не прифати ...
1. Потпиша нов договор и ќе си зима одлична плата у наредни 4 години. Ваква заработувачка ниту 1 клуб на овие години нема да му ја понуди, ниту пак ќе се најде клуб што ке даде над 10м евра за него, тој воз отиде ова лето.
2. Самиот има потенцирано дека Интер премногу му дале во животот, му пружиле нешто кое ни со зборови неможе да го објасни и нема намера да му сврти грб на клубот.
3. Може да се ротираат и да се избалансираат некако со Пацини во иднина, со тоа што италијанецов од наредна година повеќе ќе се форсира а Милито ќе биде ала Круз или Креспо со што Милито за нијанса повеќе ќе игра.

Тоа би било најидеално за екипата според мене, ништо нема да губат а ќе добијат многу ( злато вредат таквите фудбалери ), нека седи тука уште 2 години бар и после нека завршува кариера во Аргентина.
 
180296_1580066141158_1220810165_31261995_1581421_n.jpg

the smurfs :tv:
 
мразам кога некој чита пола пост и ми одговара само на тоа што му одговара.
колку топки милито на БИЛО кого му сервираше сезонава?
А Пандев ? Колку прости пасови Пандев згрешил ? Или сега на памет ке погодуваме ? Пандев да не е перфектен у тој контекст ? Па со Чезена најмногу ради тоа му свиреа, пас ала Сисоко од Јуве имаше на тој натпревар, освен асистенцијата до Милито.
Исто и на други мечеви пацерски грешки правеше, од тој стил, муабетот ми е дека Пандев е далеку од перфектен у овој поглед ко што ти сега го правиш, исти курац ти е.
 
само да се уфрлам малку(кога веќе и јас ја гледав утакмицата), го поджувам Syn и неговот мислење за Милито... точно е дека Милито е испаднат од колосек оваа година, што поради повреда, што поради лоши игри, но според мене оваа вечер Милито изигра супер и да играше од почеток на утакмицата голема беше веројатноста да постигнеше гол... па од авион се гледаше дека е подвижен и имаше добро движење без топка, за тие минути што ги одигра беше многу опасен по голот на Рома, е сега малку го изгубил оној сенс за гол и тоа како да ја смести топката во мрежа... додека да беше Пандев, тој немаше ни да дојде до таа ситуација да го загрози голот, Пандев оваа година е тотално изгубен случај, а знаеме дека е во најдобрите години и сега треба да ги прикажува најдобрите игри, наспроти Милито кој веќе влегува во својата 32-ра година... ајде еве не мора Пандев да ги броиме головите, но барем кога е на терен да изиграше нешто, некоја асистеница,залагање, добри пасови, движење без топка и др.
затоа според мене оправдана е одлуката на Леонардо да му даде шанса на Милито пред Пандев,наш е,ама мораме да гледаме реално, Пандев нема што повеќе да бара во Интер, на лето Наполи,Фиорентина, Вињареал,Атлетико М.,Тотенхем би му биле одлични дестинации доколку сака да биде првотимец и да се изнаигра...
Не го занемарувај фактите. Играч повеќе и водство од 4-1, кога противничкиот тим е целосно исфрлен од баланс и без тактика.
 
Се штедиме за кога ќе го претркаме Наполи :)

Вакви муабети у Science Fiction кај тебе на форум. :tv:

Немој да ти дојде Марли и другарчињата од фан клуб: ББилан и да ти објаснат како Интер ќе се бори со Удинезе и Лацио за место во ЛШ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom