Сум отекувал за Меси? Докази syn, докази... Не вади муабети само да си во право

Остај обојување, Интер 5 години по ред освојува Скудето, сите 5 години Цезар беше прогласен за најдобар?
Јас провоцирам, па ти на секој мој коментар ми пишуваш за Рафа па никому ништо, а за тоа дека бил добар тренер, ти ги убедуваше сите на почетокот од сезоната, ти текнува?
И пак тераш за Сантон и Маикон, знаеш дека јас реков дека Маикон е незаменлив, и пак јас сум терал на тоа дека е заменлив. Аман, ова сите го знаат. Јас може сум кажал дека нема потреба да се купуваат играчи кога веќе го имаат Маикон, али да се замени Маикон кој беше со твои зборови
најдобар на планетaта, ти викаше дека може да се замени.
Иди на темата за Златна Топка, си имаш твои постови таму, и за Снајдер и за мајдер, зашто ова зашто она, не е битно, некои награди доволно говорат за тебе, некои не.
За мене лани он не бранеше на она ниво на кое е во светскиот фудбал, во топ 5 голмани, бранеше под нивото на најдобрите бидејќи многу е за еден врвен голман да згреши во два наврати пацерски кога е најпотребно и тоа во рок од 2 недели на крај од сезона, и да биде еден од виновниците за тие лоши резултати.
Имаше голмани кои лани се издвоија, Сиригу кој обезбеди и рерпезентативен статус, Серџо, кој сезоната ја почна ко резерва а се наметна ко прв голман и беше еден од хероите на Рома при анилурањето на онаа огромна предност која ја имаа Интер пред нив и Сторари, кој за жал не беше цела сезона во Сампдорија, па може и затоа не влезе у потесен избор, инаку беше фантастичен на нивниот гол при нивниот успех за обезбедување место во ЛШ. Ама ко што реков, до некаде и преседан ќе беше ако Интер не го монополизираше овој избор па макар и имало дискутабилни одлуки, али сеедно, за мене ваквите награди не говорат доволно зашто критериумите во мал милион наврати биле нелогични.
На Рафа, ко и на секој друг тренер нормално дека му давав подршка и верував во него што не значи дека таквите во иднина нема да ме разочараат па да продолжам да одам со глава кроз ѕид и да убедувам дека е добар после 1 тон изнесени факти контра тоа, од апсурдни прес конференции полни со карактер кои не срамеа ко фанои на Интер а и воопшто тимот го срамеа, до уништување на тимска атмосфера, пораз во дерби
дома со Милан и ред други работи кои излегоа по неговото отпуштање.
А за Маикон, тврдев дека може да се замени, и тврдам дека сеуште може да се замени ( само глупо би било сега да се продава ради Пацини кој е створен за неговите центар шутеви ), но не со Сантон ко што пример, ти ме убедуваше, дал со некој инкогнито фудбалер ко што беше и он пред да дојде тука на 25 или 26 години, не ми текиња, дал со некој трет сеедно, не е незаменлив, не е уникат ала Меси кој многу ретко покажува свои слабости. Еве денес видовме Маикон во одбрана каков хорор знае да биде, а не му е прв пат.